Година

Година — време што и е потребно на Земјата да го заобиколи Сонцето.

Попрецизно, тоа е период помеѓу кои било две едноподруго доаѓања на Земјата во одредена положба наспроти Сонцето (врзување, противположба...). Во поширока смисла, ова може да се примени на која било планета; на пример, “марсовска година“ е годината на Марс.

Година
Година е време што е потребно Земјата да се сврти ололу Сонцето. Приказ на положба на Земјата и Сонцето за 4 годишни времиња.

Видови години

  • сезонска година
  • календарска година
  • астрономска година

Должина на разни видови години

Просечната грегоријанска година изнесува 365,2425 денови = 52,1775 седмици, 8.765,82 часови = 525.949,2 минути = 31.556.952 секунди (просечна сончева, не СИ).

Просечната јулијанска година изнесува 365,25 денови.

Обичната година изнесува 365 денови = 12 месеци = 8.760 часови = 525.600 минути = 31.536.000 секунди.

Престапната година изнесува 366 дана = 12 месеци = 8.784 часови = 527.040 минути = 31.622.400 секунди.

400-годишниот циклус на грегоријанскиот календар има 146097 денови, па според тоа точно 20871 недела.

400-годишниот циклус на јулијанскиот календар има 146100 денови, односно 20871 недела и 3 дена.

Симбол

Не постои универзално прифатен симбол за означување на годината како мерка за време. СИ системот не предлага никаков симбол. Меѓународниот стандард ISO 80000-3:2006 го предлага симболот, односно буквата “а“ што е земен од латинскиот збор annus (година). Меѓутоа, тоа може да создаде конфузија бидејќи истата ознака се користи и за “ар“ како мерка за површина на земја.

Во македонскиот јазик обично се употребува симболот “г.“ или кратенката “год.“, во англискиот кратенката "y" или "yr", а слично е и кај другите јазици, кои вообичаено ја користат почетната буква од називот.

Годината како мотив во уметноста и во популарната култура

  • „Година 1932.“ — песна на полскиот поет Јарослав Ивашкјевич.
  • „Весела година“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.
  • 1941“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски.
  • „Низа ситно нанижана“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.
  • „Златни години“ (англиски: Golden Years) — песна на британскиот поп-рок музичар Дејвид Боуви од 1976 година.
  • „Оловни години“ (српски: Оловне године) — песна на српската и југословенска рок-група Екатарина Велика од 1985 година.
  • „Години на расплетот“ (српски: Godine raspleta) — песна на српската рок-група Goblini од 1994 година.
  • „'89“ — песна на хрватската рок-група Мајке (Majke) од 1993 година.
  • „1969“ — песна на американската рок-група Стуџис (The Stooges) од 1969 година.
  • „Овие значајни години“ (англиски: These Important Years) — песна на американската рок-група Hüsker Dü од 1987 година.

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

Tags:

Година Видови годиниГодина Должина на разни видови годиниГодина СимболГодина та како мотив во уметноста и во популарната култураГодина ПоврзаноГодина Надворешни врскиГодина НаводиГодинаВремеВрзување (астрономија)Земја (планета)Марс (планета)ПланетаПротивположба (астрономија)Сонце

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Јордан Хаџи Константинов-ЏинотДаниел ДефоЛимфен јазолЕтанолЦрква „Св. Никита“ - ГорњанеМетилпреднизолонДонтов методХристијанствоЛавСојуз на Ромите од МакедонијаСтароградско пивоПавел ШатевДојранско ЕзероЛазар КолишевскиДекарМизар (музичка група)Кристијано РоналдоПадежАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаКичевоОпишана кружницаРикардо КакаБик (хороскопски знак)Лазарова саботаЦрвениот поет (серија)МакедонциАнтониа ГиговскаАнархијаWiMAXСтевчо ЈакимовскиТрескаКамен мост (Скопје)ХемороидДоматДелчевоСедум светски чуда на античкиот светСписок на тегоби и болки на стапалатаОптички инструментСветлана Ражнатовиќ-ЦецаНикола РистановскиТегавецФК Борусија МенхенгладбахЛевица (политичка партија)Сашо Мацановски - ТрендоИзборна единица 6КавадарциВМРО-ДПМНЕПроизвод (математика)Македонска православна црква - Охридска архиепископијаПтициЦиститАнталијаРециклирањеАна СтојановскаДемократи (политичка партија)Вагинален исцедокЕвропска УнијаБугаријаПретседател на МакедонијаХипертироидизамБели мугриСкопски земјотрес (1963)ГемиџииДуфски ВодопадКилаДимитар АпасиевБиполарно растројствоПовикувачки броеви во МакедонијаЕпилепсијаУниверзална сала – СкопјеЈане СанданскиЗемја (планета)АфрикаСтојан АндовАрбен ЏафериВелигден🡆 More