Борнео

Борнео (/ˈbɔːrnioʊ/; малајски: Pulau Borneo, индонезиски: Kalimantan) — трет по големина остров на светот, кој се наоѓа во средиштето на Малајскиот Архипелаг.

Административно е поделен помеѓу Индонезија, Малезија и Брунеј. Околу 73% од островот е индонезиска територија. Индонезијците островот го нарекуваат "Калимантан." како и да овој поим за индонезијците се однесува само за индонезискиот дел од Борнео. Малајците островот го нарекуваат Источна Малезија или Малајски Борнео.

Борнео
Pulau Borneo
Kalimantan
Борнео
Топографија на Борнео
Географија
МестоЈугоисточна Азија
Координати01°N 114°E / 1° СГШ; 114° ИГД / 1; 114
АрхипелагГолеми Сундски Острови
Површина743.330 км2
Подреденост по површина3-ти
Највисоко издигнување4.095 м
Највисока точкаКинабалу
Управување
ОбластиБелаит
Брунеи и Муара
Тембуронг
Тутонг
Најголема населбаБандар Сери Бегаван (нас. ~50,000)
ПровинцииЗападен Калимантан
Централен Калимантан
Јужен Калимантан
Источен Калимантан
Северен Калимантан
Најголема населба населбаСамаринда (нас. 842,691)
Држави и ФТСаба
Саравак
Лабуан
Најголема населбаКучинг (нас. 617,886)
Демографија
Население21.258.000 (2014)
Густина28,59 /km2 (74,05 /sq mi)
Етнички групиМалајци: (Баџао, Банџари, Белаити, Брунејски малајци, Индонезиски малајци, Малезиски малајци)
Дајаци: (Бидајци, Ибанци, Кадазандусунци, Кајанци, Кедајанци, Јужни Мурути, Меланау, Мурути, Пенанци, Рунгуси)
Кинези: (Брунејски кинези, Малезиски кинези, Индонезиски кинези) итн.

На Борнео се наоѓа една од најстарите дождовни шуми на светот.

Потекло на поимот

Островот е познат по многу имиња. На меѓународно ниво, познат е како Борнео, по Брунеј, произлезено од европскиот контакт со царството во 16 век за време на Ерата на истражување. Името Брунеј веројатно произлегува од санскритскиот збор vāruṇa (वरुण), што значи "вода" или Варуна, хиндуистички бог на дождот. Индонезијците го нарекле Калимантан, што потекнува од санскритскиот збор Каламантана, што значи "запален остров", според неговото топла и влажна клима.

Во минатото, островот бил познат и по други имиња. Во 977, кинеските записи почнале да го користат терминот Бо-ни за Борнео. Во 1225 година, истото име го споменал и Чау Жу Гуа (趙汝 适). Јаванскиот ракопис Нагаракретагама, напишан од маџапахитскиот поет Прапанча во 1365 година, го спомнал островот како Нуса Танџунгагара, што значи остров на Кралството Танџунгпура.

Географија

Борнео 
Кинабалу во Малезија, највисокиот врв на островот

Борнео на север и северозапад е опкружен со Јужнокинеското Море, на североисток со Сулуското Море, на исток со Целебеското Море и Макасарскиот теснец и на југ со Јаванското Море и протокот Каримата. На запад од Борнео се наоѓа Малезискиот полуостров и Суматра. На југ и исток се островите на Индонезија: Јава и Сулавеси. На североисток се Филипинските Острови. Со површина од 743.330 квадратни километри, тој е трет остров по големина во светот и е најголемиот остров во Азија (најголемиот континент). Неговата највисока точка е планината Кинабалу во Сабах, Малезија, со височина од 4.095 м. Пред да се зголеми нивото на морето на крајот од последното ледено доба, Борнео бил дел од копното на Азија, формирајќи ги, заедно со Јава и Суматра, висорамнините на полуостровот што се протега на источно од денешна Индокина. Јужнокинеското Море и Тајландскиот Залив сега ги потопуваат поранешните ниско поставени подрачја на полуостровот. Подлабоките води кои го делат Борнео од соседниот Сулавеси спречиле поврзување со тој стров, создавајќи ја делината позната како Воласова Линија.

Борнео 
Реката Капуа во Индонезија, 1.000 км во должина е најдолгата река во Борнео.

Најголемиот речен систем е Капуа во Западен Калимантан, со должина од 1.000 км. Други поголеми реки се Махакам во Источен Калимантан (920 км долга), Барито во Јужен Калимантан, 900 км долга, Раџанг во Саравак, (565 км) и Кинабатанг во Сабах (560 км). Борнео има значаен пештерски системи. Во Саравак, Пештерата Клирвотер има една од најдолгите подземни реки во светот, додека Пештерата Дир е живеалиште на над три милиони лилјаци, со [[гвано

]] длабоко 100 метри. Пештерата Гомантонг во Сабах е наречен "Пештера за лебарки" поради присуството на милиони лебарки внатре во пештерата. Националниот парк Гунунг Мулу во Саравак и карстовите области во Источен Калимантан содржат илјадници помали пештери.

Борнео 
Народот Дајак, главното домородно население на островот

Историја

Борнео 
Територијална загуба на таласакратијата на Брунејскиот султанат од 1400 до 1890 година, поради почетокот на западниот империјализам

Во ноември 2018 година, научниците го објавиле откривањето на најстарото познато фигуративно сликарство, над 40.000 години (можеби и 52.000 години) на непознато животно, во пештерата Лубанг Јериџи Салех на островот Борнео.

Според старите кинески (977),:129 индиски и јапонски ракописи, градовите на западниот брег на Борнео станале трговски пристаништа веќе околу 1000 година од нашата ера. Во кинеските ракописи, злато, камфор, черепни школки, слонова коска, рог од носорог, пчелин восок и разни зачини биле опишани како едни од највредните предмети од Борнео. Индијците Борнео го нарекувале Suvarnabhumi (земја на златото) а воедно и Karpuradvipa (Остров Камфор). Јаванците Борнео го нарекувале Puradvipa, или Дијамантски Остров. Археолошките наоди во делтата на реката Саравак откриваат дека областа била просперитетен трговски центар помеѓу Индија и Кина од 6 век до околу 1300.

Камени столбови со натписи на палава писмо, пронајдени во Кутаи долж реката Махакам во источен Калимантан датираат околу втората половина на 4 век и претставуваат дел од најстарите докази за хинду влијание во Југоисточна Азија. До 14 век, Борнео станал вазалска држава на Маџапахит (денешна Индонезија), подоцна потпаднал под династијата Минг на Кина. Исламската религија навлегла на островот во 10 век, по доаѓањето на муслиманските трговци кои подоцна преобразиле многу од домородните народи кои живееле во подрачјата на брегот.

Брунејскиот Султанат прогласил независност од Маџапахит по смртта на царот на Маџапахит во средината на 14 век. За време на неговото златно доба под Болкија од 15 до 17 век, Брунејската империја владеела речиси низ целата крајбрежна област Борнео (позајмувајќи го своето име на островот поради нејзиното влијание во регионот) и неколку острови на Филипините. Во тек на 1450-тите, Абу Бакр Шариф ул-Хашим, Арап роден во Џохор, пристигнал во Сулу од Малака. Во 1457, го основал Султанатот во Сулу. По нивната независност во 1578 од влијанието на Брунеи, Сулу почнал да ја шири својата таласократија на делови од северно Борнео. И двата султаната во северниот дел на Борнео тргувале со Кина. И покрај таласократијата на султаните, внатрешниот регион на Борнео останал слободен од владеењето на секое кралство.

Протекторат

Борнео 
Карта на островот, поделена помеѓу Британците и Холанѓаните, 1898 година. Сегашните граници на Малезија, Индонезија и Брунеи се наследени од британските и холандските колонијални права.

Од падот на Малака во 1511 година, португалските трговци редовно тргувале со Борнео, а особено со Брунеи од 1530. Иако Борнео се сметал за богат, Португалците не направиле никакви обиди да го освојат. Шпанската посета на Брунеј довела до Кастиљската војна во 1578 година. Англичаните почнале да тргуваат со Самбас од јужниот Борнео во 1609 година, додека Холанѓаните ја започнале трговијата во 1644: до Банџар и Мартапура, исто така и во јужниот дел на Борнео. Холанѓаните се обиделе да се населат на островот Баламбанган, северно од Борнео, во втората половина на 18 век, но се повлекле во 1797 година. Во 1812, султанот во јужниот дел на Борнео ги отстапил своите тврдини на англиската компанија "Источна Индија". Англичаните, предводени од Стемфорд Рафлс, потоа се обиделе да го освојат Самбас, но не успеале. Тие успеале да го поразат Султанатот следната година и прогласиле блокада на сите пристаништа во Борнео, освен Брунеи, Банџармасин и Понтианак. На почетокот на британското и холандското истражување на островот, Борнео го опишале како полн со ловци на глави, со домородци во внатрешноста кои практикуваат канибализам, а водите околу островот напаѓани од пирати, особено меѓу североисточниот Борнео и јужните Филипини.

Борнео 
Племето Дајак на церемонија

Холанѓаните почнале да дејствуваат во јужниот дел на островот, по 1815 година и да праќаат доселеници. Брунејскиот Султанат во 1842 година му доделил големи делови на земјиште во Саравак на англискиот авантурист Џејмс Брук, како награда за неговата помош во оневозможувањето на локалните бунтови. Брук го основал Кралството Саравак и бил признат како раџа откако му платил надомест на Султанатот. Тој воспоставил монархија, а династијата Брук владеела со Саравак 100 години. Водачите биле познати како Белите раџи. Брук го стекнал и островот Лабуан за Велика Британија во 1846 година со Лабуанскиот Договорот со султанот од Брунеј, Омар Али Саифдудин II, на 18 декември 1846. Регионот на северниот дел на Борнео бил под управа на компанијата Северен Борнео по купувањето територија од Брунејскиот и Сулскиот султанат од германски стопанственик и авантурист Барон фон Овербек, пред истиот да биде предаден на браќата Дент (Алфред Дент и Едвард Дент). Договорот за заштита бил потпишан во 1888 година, со што Брунеј станал британски протекторат.

Борнео 
Султанат во Понтианак во 1930

Пред признавањето на присуството на Шпанија во филипинскиот архипелаг, во Мадрид бил потпишан протокол познат како Мадридски протокол од 1885 година меѓу владите на Обединетото Кралство, Германија и Шпанија за да се зацементира шпанското влијание и да се признае нивниот суверенитет над Сулскиот Султанат. За возврат, Шпанија се откажала од барањата на поранешните имоти на султанатот во северниот дел на Борнео. Британската администрација потоа ја основала првата железничка мрежа во северниот дел на Борнео, позната како Железница Северно Борнео. До 1888 година, Северно Борнео, Саравак и Брунеј во северниот дел на Борнео станале британски протекторат. Областа во јужниот дел на Борнео била направена холандски протекторат во 1891 година. Британската и холандската влада го потпишале англо-холандскиот договор од 1824 година за размена на трговските пристаништа на Малезискиот полуостров и на Суматра. Ова резултирало со индиректно воспоставување на подрачја под контрола на Британија на север (Малајски полуостров) и Холандија, на југ (Суматра).

Втора светска војна

Борнео 
Јапонски трупи маршираат по улиците на Лабуан на 14 јануари 1942.

За време на Втората светска војна, јапонските сили добиле контрола и окупирале повеќе области на Борнео од 1941-1945 година. Окупацијата однела многу луѓе од крајбрежните градови во внатрешноста, барајќи храна и бегајќи од Јапонците. Кинеските жители во Борнео, особено заради кинеско-јапонската војна во континентална Кина, најмногу се противеле на јапонската окупација. По формирањето на движења за отпор во северниот дел на Борнео, како што е Џеселтонскиот бунт, многу невини домородци и Кинези биле погубени од Јапонците заради наводна вмешаност.

Борнео 
Американска поддршка се движи кон плажите Викторија и Браун за да им помогне во слетувањето на припадниците на австралиската 24-та пешадиска бригада на островот, 10 јуни 1945

Во Калимантан, Јапонците убиле и многу малезиски интелектуалци. Ги убија сите малезиски султанти од Западен Калимантан. Султанот Мухамед Ибрахим Шафи Уд-дин II од Самбас бил погубен во 1944 година. Султанатот потоа бил укинат и заменет од јапонски совет. Јапонците, исто така, го поставија Пусат Тенгага Ракјат (ПУТЕРА) во индонезискиот архипелаг во 1943 година, иако истата беше укината следната година, кога стана премногу националистичка.

По падот на Сингапур, Јапонците испратиле илјадници британски и австралиски воени заробеници во камповите во Борнео, како што е кампот Бату Линтанг. Од логорот Сандакан, само шестмина од околу 2.500 затвореници преживеале откако биле принудени да маршираат во настанот познат како Сандакански марш на смртта. Од вкупно 17.488 јавански работници што ги донеле Јапонците за време на окупацијата, само 1.500 преживеале, жртви на глад, тешки работни услови и малтретирање. Дајак и другите домородци играле улога во герилската војна против окупаторските сили, особено во Капиталната дивизија. Австралија значително придонела за ослободување на Борнео. Австралиската империјална сила била испратена до Борнео за да се бори со Јапонците. Заедно со другите сојузници, островот бил целосно ослободен во 1945 година.

Понова историја

Борнео 
Сукарно во посета на Понтианак, Западен Калимантан во 1963

Кон крајот на војната, Јапонија одлучила на 17 јули 1945 година да ја прошири независноста на новата предложена земја Индонезија, на средбата на Комитетот за независност закажан за 19 август 1945 година. Сепак, по поразот на Јапонија од сојузничките сили, средбата била одложена. Холанѓаните се обидувале да го вратат своето колонијално владение на Борнео. Јужниот дел на островот ја постигнал својата независност преку прогласувањето на независност на Индонезија на 17 август 1945 година.

Во мај 1945 година, претставници во Токио сугерирале северниот дел на Борнео да биде вклучен во предложената нова земја Индонезија и истото да се утврди врз основа на желбите на домородните народи. Сукарно и Мохамед Јамин во меѓувреме постојано се залагале за голема индонезиска република. Како претседател на новата република, согледувајќи дека Британците се обидуваат да го задржат своето присуство во северниот Борнео и Малезискиот полуостров, тој одлучил да започне воена инфилтрација подоцна позната како конфронтација од 1962 до 1969 година. Во 1961 година, премиерот Тунку Абдул Рахман од независната Федерација на Малаја сакал да ги обедини Малаја, британските колонии на Саравак, Северен Борнео, Сингапур и протекторатот на Брунеј под предложената Федерација на Малезија. Идејата била силно отфрлена од владите во Индонезија и Филипини, како и од комунистичките симпатизери и националистите во Борнео. Како одговор на зголемената опозиција, Британците ги распоредиле своите вооружени сили за да ги заштитат своите колонии од индонезиски и комунистички револуции, во кои исто така учествувале Австралија и Нов Зеланд

Борнео 
Сојузнички баталјон во џунглата на Борнео

Филипини се спротивставиле на новонајавената федерација, тврдејќи дека источниот дел на Северен Борнео (денес малезиската држава Сабах) е дел од нејзината територија како поранешен сопственик на Сулскиот Султанат. Филипинската влада, меѓу другото, тврдела дека наследниците на султанатот ги отстапиле сите нивни територијални права на републиката.

Брунејскиот Султанат прв го поздравил предлогот за нова поголема федерација. Во меѓувреме, Народната партија на Брунеј, предводена од А.М. Азахари сакала повторно да ги обедини Брунеј, Саравак и Северен Борнео во една федерација позната како Федерација Северен Борнео (малајски: Кесатуан Негара Калимантан Утара), во која султанот од Брунеј ќе биде шеф на државата. Ова директно довело до револт во Брунеи, што го спречило обидот на Азахари и го принудил да избега во Индонезија..

Со континуираната опозиција од Индонезија и Филипините, комисија била формирана за да се открие чувството на матичното население во северниот дел на Борнео. Федерацијата била успешно постигната со вклучување на северниот Борнео преку Малезиската спогодба на 16 септември 1963 година.

Борнео 
НАСА сателитска слика на Борнео од 19 мај 2002

Флора и фауна

Борнео 
Борнејскиот орангутан е загрозен вид

Дождовната шума на Борнео се проценува дека е стара околу 140 милиони години, што ја прави една од најстарите дождовни шуми во светот. Таа е центар за еволуцијата и дистрибуцијата на многу ендемски видови растенија и животни и е едно од ретките преостанати природни живеалишта на загрозениот борнејски орангутан. Тука живеат многу ендемски видови, вклучително борнејскиот слон, источно-суматранскиот носорог, борнејскиот леопард и други.

Борнејските мочурливи шуми го зафаќаат целото крајбрежје на Борнео. Почвата на мочуриштето од тресет е релативно неплодни и е дом на разни видови птици, како што е булбулот, шлемоносната птица и роговирот (малајски калао). Постојат околу 15.000 видови цветни растенија со 3.000 видови дрвја (267 видови се диптерокарпи), 221 видови копнени цицачи и 420 видови птици жители во Борнео. Во Борнео има околу 440 слатководни видови риби (приближно исто како Суматра и Јава заедно). Борнејската речна ајкула е позната само од реката Кинабатанган. Во 2010 година, Светскиот фонд за природата (WWF) тврдел дека на Борнео се откриени 123 видови, откако договорот "Срцето на Борнео" бил потпишан во 2007 година.

WWF го класифицирал островот во седум различни екорегиони. Повеќето се низински региони:

  • Борнејските низински дождовни шуми покриваат поголем дел од островот, со површина од 427.500 квадратни километри;
  • Борнејски тресетски мочурински шуми;
  • Керангаските или сундаландски шуми;
  • Југозападните борнејски слатководни мочуришни шуми и
  • Сундски мангрови
  • Долинските борнејски шуми кои се протегаат во централните висорамнини на островот, над надморска височина од 1.000 метри.
  • Тропските и суптропските пасишта, саваните и грмушките на Јужен Калимантан.

На највисоките точки на планината Кинабалу се наоѓаат кинабалски алпски грмушки, ендемски видови кои вклучуваат и многу орхидеи.

Демографија

Борнео 
Рантау, Јужен Калимантан

Борнео има 21,3 милиони жители (во 2014 година), густина на население од 29 жители по квадратен километар. Поголемиот дел од населението живее во крајбрежните градови, иако во заднина има мали градови и села покрај реките. Населението главно се состои од етнички групи Дајак, Малај, Банџар, Оранг Улу, Кинези и Кадасан-Дусун. Кинезите, кои сочинуваат 29% од населението во Саравак и 17% од вкупното население во Западен Калимантан, Индонезија, се потомци на имигранти, главно од југоисточна Кина

Во Сабах за време на администрацијата на Мустафа Харун од Обединетата Сабахска Национална Организација во 1970-тите, илјадници муслимански имигранти и бегалци од јужните Филипини во Минданао и Сулавеси од Индонезија добиле право на престој а подоцна и лични карти во обид да го зголемат муслиманско население на државата: политика подоцна позната како Проект IC. Поради големиот број на кривични дела кои се припишуваат на новото мигрантско население, етничките тензии меѓу домородните и мигрантите се зголемиле.

Администрација

Борнео 
Политичка поделба на Борнео

Административно островот е поделен помеѓу три земји.

  • Индонезија: индонезиските провинции на Источен, Јужен, Западен, Северен и Централен Калимантан, Калимантан
  • Малезија: малезиските држави Сабах и Саравак (малезиската федерална територија на Лабуан се наоѓа на бреговите на Борнео.)
  • Брунеј: главниот и источен дел на Тембуронг)
Федерална држава или провинција Главен град Дел од земјата Површина

км2

Површина

%

Попис на населението од 2010 3 Население

%

Бандар Сери Бегаван Независен султанат 5,770 0.77 406,200

(2009 est)

2.1
Саравак Кучинг Малезија 124,450 16.55 2,420,009 12.2
Сабах Кота Кинабалу Малезија 73,619 9.79 3,120,040 15.7
Лабуан Викторија Малезија

Федерална територија

92 0.01 85,272 0.4
Источна Малезија Малезија 198,161 26.4 5,625,321 28.4
Западен Калимантан Понтианак Индонезија 146,760 19.5 4,393,239 22.2
Централен Калимантан Палангка Раја Индонезија 152,600 20.3 2,202,599 11.1
Јужен Калимантан Банџармасин Индонезија 37,660 5.0 3,626,119 18.3
Источен Калимантан Самаринда Индонезија 210,985 28.1 3,550,586 17.9
Северен Калимантан Танџунг Селор Индонезија 71,177 9.46 525,000 2.65
Калимантан Индонезија 548,005 72.9 13,772,543 69.5
Борнео 3 земји 751,936 100.0 19,804,064 100.0

1) Брунеј: Попис 2001

2) острови под управа како Борнео, геолошки дел на Борнео, островите на бреговите (2,5 км од главниот остров Борнео)

3) Citypopulation.de извештаи од Службен децениски попис во 2010 година за Индонезија и Малезија, независна проценка за Брунеи.

Економија

Економијата на Борнео зависи главно од земјоделството, сеча и рударство, нафта и гас и екотуризам. Економијата на Брунеи е многу зависна од секторот за производство на нафта и гас, а земјата стана еден од најголемите производители на нафта во Југоисточна Азија. Малезиските држави Сабах и Саравак се врвни извозници на дрва. Сабах е исто така познат како земјоделски производител на гума, какао и зеленчук, како и риболов, додека Сабах и Саравак извезуваат течен природен гас (ЛНГ) и нафта. Индонезиските провинции Калимантан најчесто зависат од рударството, и вклучени се во сечата и истражувањето на нафта и гас.

Борнео 
Најпознатиот жител на Борнео — орангутанот

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Борнео Потекло на поимотБорнео ГеографијаБорнео ИсторијаБорнео Флора и фаунаБорнео ДемографијаБорнео АдминистрацијаБорнео ЕкономијаБорнео ПоврзаноБорнео НаводиБорнео Надворешни врскиБорнеоБрунејВикипедија:МФА за англиски јазикИндонезиски јазикИндонезијаКалимантанМалајски јазикМалајскиот АрхипелагМалезијаОстров

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ДијагоналаИзабела НовотниТри сестриПремиер на МакедонијаЕнтерококиК-15ПечалбариЕпилепсијаЕтнаЗмијаЕндемизамИнтернетЈапонијаПоштенски броеви во МакедонијаКирил ПејчиновиќСвети Наум (манастир)СипанициОвчи сипанициЈордан МитевРоботикаБозелРоберт БилбиловМакедонциЈордан Хаџи Константинов-ЏинотПраисторијаЕстивацијаТристан и ИзолдаСелце (Тетовско)ИталијаДесет Божји заповедиГенералот на мртвата војскаДемографија на МакедонијаИсторија на христијанствотоБиотички факториАлгиСингапурМавровско ЕзероБубрежен каменПанонски легендиСпоменик „Илинден“ЛегендиВевчаниЛибанВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоОблекаМесечинаПивара СкопјеПрилепДве МарииИсус ХристосЊутнови закониПроста реченицаДемократски сојузЦрн ДримРегиони на МакедонијаОпштина Кисела ВодаРелигијаБалкански рисМакедонија во Првата светска војнаБен АфлекПетар ПанЦицачиЖолт смокМакедонски парламентарни избори (2011)СифилисЕмпатијаОбединети нацииСмоковиКвадратен метарСкратеници во македонскиот јазикВелесБаснаРастенијаГригор ПрличевГостиварЦрн дробКиселина🡆 More