Фудбал: екипен теренски спорт со топка

Фудбал (англиски: football) или ногомет — игра со топка што ја играат два тима со по 11 играчи.

Еден спортски натпревар трае 90 минунти, односно две полувремиња по 45 минути со одмор меѓу нив во траење од 15 минути. Ако има подолги прекини во играта, таа се продолжува така што се надополнува изгубеното време. Играта се игра на игралиште со правоаголна форма со должина од 90 до 120 метри и со широчина од 45 до 90 метри. Целта на играта е да се уфрли топката во голот на противникот. Победува тимот кој ќе постигне повеќе погодоци. Играчите смеат да играат со сите делови на телото освен со раце. Ако топката ја допрат со раце тогаш судијата треба да ја додели на другиот тим. Само голманот може да ја допре топката со раце, но само во пеналтикот (шестнаесетник). Натпреварувачите носат маици (дресови) со бројки на грбот. Ѓоновите на копачките можат да бидат опремени со крампони или да се ребрести.

Фудбал: Улога на играчите, Фудбалски правила, Фудбалот како мотив во уметноста и во популарната култура
Фудбалско игралиште

Улога на играчите

Фудбал: Улога на играчите, Фудбалски правила, Фудбалот како мотив во уметноста и во популарната култура 
Фудбалски голман.

Секој играч на теренот, во текот на натпреварот е задолжен за исполнување на одредена задача од страна на својот менаџер или тренер. Во фудбалот, обично натпреварувачите се делат на:

  • голман, кому основна цел му е да ја брани својата мрежа од противниците. Голманот може да ја допира топката со раце, но само во својот казнен простор. Исто така, не му е дозволено со раце да ја фаќа топката која му ја вратил својот соиграч.
  • одбранбен играч, чија главна цел е одбрана на својот гол. Одбранбениот играч често се покрива или следи еден противнички играч во текот на целата игра. Одбранбените играчи често мораат решително да им се фрлат во нозете на противниците за да дојдат до топката.
  • средиштен играч, чија главна цел е поврзување на одбраната со нападот. Во зависност од самиот натпревар, средишните играчи имаат и други улоги. Тие се всушност најчесто творците на играта.
  • напаѓач, чија главна цел му е постигнување на гол во противничката мрежа.

Фудбалски правила

  • пенал — ударот се исполнува од специјално определена точка во казнениот простор, кој се наоѓа на 11 метри од голманот. За време на исполнувањето, сите натпреварувачи без голманот и оној кој ќе го изведе казнениот удар треба да се наоѓаат надвор од казнетиот простор. Голманот е застанат на гол линијата. Пеналот се изведува со даден сигнал од судијата.
  • жолт картон — обично се дава на играчите кои ги прекршиле некои од следните правила на фудбалот:
    • неспортско однесување
    • несогласување со судијата, изразено преку зборови или дејство
    • намерно забавување на играта
    • непочитување на расстојанието, на кое треба да се стои од топката при изполнување на корнер или слободен удар
    • влегување на теренот без дозвола на судијата
    • намерно напуштање на теренот без одобрение на судијата;
    • соблeкување на дресот за време на натпреварот
    • симулирање на повреда
  • црвен картон се доделува на натпреварувач кој:
    • имал еден жолт картон и повторно направил некој прекршок
    • неспортско однесување( удирање на соиграч, судија, тренер...)
    • намерно фаќање на топката со рака...
  • Аут е фудбалски израз кој означува враќање на топката во игра по нејзиното излегување надвор од дозволениот простор. Топката треба да биде уфрлена од местото каде и била изнесена. Се изведува со двете раце на играчот со одредени правила
  • Корнер обично се изведува при напуштање на топката на крајната гол линија од страна на противничкиот играч
Фудбал: Улога на играчите, Фудбалски правила, Фудбалот како мотив во уметноста и во популарната култура 
Доделување жолт картон.
Фудбал: Улога на играчите, Фудбалски правила, Фудбалот како мотив во уметноста и во популарната култура 
Во фудбалот, основната цел на навивачите е да го охрабрат својот тим за време на натпреварот.

Фудбалот како мотив во уметноста и во популарната култура

  • „Играме фудбал...“ — краток расказ (без наслов) на македонскиот писател Горан Стефановски.

Поврзано

Наводи

Tags:

Фудбал Улога на играчитеФудбал ски правилаФудбал от како мотив во уметноста и во популарната култураФудбал ПоврзаноФудбал НаводиФудбалАнглиски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ВадиРепродуктивен системБаба ВанѓаВеројатностМакедонски парламентарни избори (2008)ГаличицаХематокритСтрујно колоМакедонциПридавки во македонскиот јазикСистемски лупус еритематозусАрхангел МихаилЛокални избори во Македонија (2021)Слуз-цедење во грлотоМакедонски парламентарни избори, 2002Скопски аквадуктКавадарциДимитар КовачевскиЗагадување на воздухотРоманијаРибиБременостЕвропска УнијаОрел (род)АфрикаКалендар на Велигденски датумиБалетЛегендаРамазанКрсте Петков МисирковВеличествениот султан (ТВ-серија)ИндијаХристијан МицкоскиСвети Наум (манастир)Демир ХисарСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаЃорче ПетровТрајно македонско радикално обединувањеМинато определено свршено време во македонскиот јазикЕвропаФранцијаМакедонија (регион)Марко ЦепенковПечалбариТрансформаторИменки во македонскиот јазикГлигор ПоповскиХемоглобинДен на независноста на МакедонијаМеѓународен ден на трудотБојаДемократски сојузИдиопатска тромбоцитопенична пурпураМарокоСтругаГрегоријански календарПридавкаБрадикардијаИзборна единица 1Лионел МесиСписок на соработници со државна безбедностИшијасТунис22 априлАвантурите на ПинокиоМакедонски претседателски избори (1994)Љубчо ГеоргиевскиДесница (политика)Атрибут во македонскиот јазикKлиндамицинНова алтернативаАлкохолСтрашо ПинџурТодор АлександровЛила СтојановскаДржавна изборна комисијаПоткаст🡆 More