Религија, спорен поим што некогаш се користи како синоним за вера, се определува како верба во нешто натприродно, свето или божествено, како и моралните кодови, обичаи и установи поврзани со таа верба.
Во најширока смисла, некои го определуваат поимот како целосна сума на одговори дадени како објаснување за врската на човештвото со вселената. Низ вековите се имаат создадено огромен број на религиозни форми, но денес, низ светот доминираат само неколку големи светски религии. може да се дефинира и као друшвена појава која подлежи на некои одредени закони,и може да се согледа како духовна поврзаност на една група на луѓе со некое вишо, свето битие односно со Бог/ Божество.
Поимот религија се врзува за латинскиот збор односно глагол religiere, што значи „да се поврзе“, а за првпат овој израз бил употребен од христијанскиот филозоф Лактанциј во IV век, говорејќи за врската на човекот со останатите други битија и со Бог.
Постојат три основни пристапи по кои може да се согледа религијата како феномен, а тоа се :
Од гледиште на објективниот пристап, религијата не може да се гледа како секоја друга појава. Додека според субјективниот пристап, религијата постои засебно во однос на останатите работи. Според третиот став не може да се порекне субјективното ниту пак објективното бидејќи религијата е синтеза и на објективното и на субјективното. Повеќето религии подразбираат учење кое се однесува на суштината, целта на постоење на сепостоечкото, а исто така религијата подразбира и одредени облици на верски заедници, како и одредени обреди, ритуални изведби кои се изведуваат на посветени места односно во одредени институции (цркви, џамии, синагоги и храмови).
Постојат три основни групи на теории на религијата:
Ерих Фром смета дека на почетокот од човечката историја, иако бил исфрлен од првобитното единство со природата, човекот продолжил да се држи до тие примитивни врски, т.е. преку врските со природата човекот ја обезбедувал својата сигурност. Токму примитивните религии, во кои човекот сочувствува со растенијата и со животните, го отсликуваат неговиот стремеж да го одржи единството со природата. Оттука, во првобитните религии, животното е преобликувано во тотем, човекот носи животински маски при религиските свечености, а човекот го обожува животното како Бог. Во подоцнежните фази од историскиот развој, кога се развиле занаетчиската и уметничката вештина, кога човекот повеќе не бил зависен од даровите на природата, тој ги преобратил производите на својата рака во божества. Во оваа фаза, човекот ги обожавал предметите изработени од глина, сребро или злато. На тој начин, човекот ги проектирал своите сили и способности во предметите што ги изработил, т.е. своите творби ги обожавал во отуѓен облик. Најпосле, во уште подоцнежната фаза, човекот им дал на божествата човечки лик, а тоа се случило која тој станал уште посвесен за себе, т.е. кога открил дека тој самиот е највисокото и најблагородно „нешто“ во светот. Во оваа фаза, обожувањето на антропоморфниот бог има две димензии: едната се однесува на женската или машката природа на боговите, а втората на степенот на зрелоста кој го достигнал човекот. Во оваа фаза од историскиот развој, најпрвин постоела матријархална фаза на религијата во која највисокото божество е мајката, а дури потоа се развила патријархалната фаза во која се појавил богот-татко.
Постојат два вида на религија: политеистички религии и монотеистички религии. За политеистичките религии (грчки: poli - повеќе, многу и theos - бог) карактеристично е верувањето во повеќе богови, различни божества кои владеат во различни сектори на природно и човечко делување. Политеизмот е карактеристичен за старите, природни, пагански религии, и тие се повеќе ритуални, обредни отколку теориски. Тие не тежнеат кон ширење за разлика од монотеистичките. Најзначајни стари религии религии се: египетска религија, старогрчка религија, римска религија, одинизам, а и речиси сите народи на територијата на Европа пред да го прифатат Христијанството исповедале различни пагански, природни, политеистички религии, кои денеска се исчезнати, со исклучок на хиндуизмот и племенските религии на тлото на Африка.
Оваа статија од областа на религијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Религија, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.