Лондон: главен град на Англија и Обединетото Кралство

Лондон (англиски: London) — главен град на Англија и на Обединетото Кралство, а според некои пресметки, воедно е и најголемиот град во Обединетото Кралство и најголемата урбанизирана зона во Европска Унија.

Се наоѓа на реката Темза на подрачје каде постојат неселби веќе два милениуми. Историјата на Лондон почнува уште од времето на Римското Царство кога се смета дека бил основан од страна на Римјаните кои го нарекле Лондиниум. Античкото јадро на Лондон во голема мера ги има задржано своите граници. Од периодот на 19. век, името Лондон започнало да се однесува и на делот од градот кој се развивал околу јадрото. Лондон е еден од водечките глобални градови, со развиена уметност, трговија, образование, забава, мода, финансии, здравство, медиуми, професионални услуги, истражување и развој, туризам и транспортот кои придонесуваат за неговата важност.

Лондон
London
Колаж на знаменитости на Лондон:
Колаж на знаменитости на Лондон:
Лондон is located in Обединетото Кралство
Лондон
Лондон
Лондон is located in Европа
Лондон
Лондон
Местоположба во Британија
Координати: 51°30′26″N 0°7′39″W / 51.50722° СГШ; 0.12750° ЗГД / 51.50722; -0.12750
ДржаваОбединето Кралство
ЗемјаАнглија
РегионГолем Лондон
Основан од Римјаните~ 43 г. (како Лондиниум)
ГрофовииСити и Голем Лондон
ОкрузиСити и 32 окрузи
Управа
 • ВидСамоуправа
 • ОрганУправа на Голем Лондон
 • ТелоСобрание на Лондон
 • ГрадоначалникСадик Кан
 • Собрание14 изб. един.
 • Парламент74 изб. един.
 • Европски парламентЛондонска изб. един.
Површина
 • Голем Лондон1.572 км2 (607 ми2)
 • Градска1.737,9 км2 (6,710 ми2)
 • Метро8.382 км2 (3,236 ми2)
Надм. вис.&1000000000000003500000035 м
Население (2014)
 • Голем Лондон8,538,689
 • Густина5,432/км2 (14,07/ми2)
 • Градска9,787,426
 • Метро13,879,757
Часовен појасGMT (UTC)
 • Лете (ЛСВ)BST (UTC+1)
Пошт. бр.
Повик. бр.
GeoTLD.london
Мреж. местоLondon.gov.uk

Лондон е важно културно, економско и образовно средиште во Европа и во светот, а со него се Париз, Њујорк, Токио, се смета за еден од светските центри. Избран е за град-домаќин на Летните олимписки игри во 2012 г.

Лондон како тема во уметноста и во популарната култура

Лондон како тема во книжевноста

  • „Пикадили циркус“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.
  • „Без скршена пара во Париз и во Лондон“ — книга на британскиот писател Џорџ Орвел од 1933 година.
  • „Лондонскиот мост“ — книга на францускиот писател Луј-Фердинанд Селин од 1964 година.
  • „Мисија Лондон“ — роман на бугарскиот писател Алек Попов.

Во романот „Сликата на Доријан Греј“, Оскар Вајлд го опишува Лондон како сив, со милионско население, со валкани грешници и со блескави гревови.

Лондон како тема во музиката

  • „Улиците на Лондон“ (англиски: Streets of London) — песна на британската панк-рок група Anti Nowhere League од 1982 година.
  • „Лондон“ — песна на босанската рок-група Дивље јагоде од 1988 година.
  • „Лондон гори“ (англиски: London's Burning) — песна на британската панк-рок група Клеш (Clash) од 1977 година.
  • „Лондон повикува“ (англиски: London Calling) — песна и албум на Клеш од 1979 година.
  • „Пиштолите од Брикстон“ (англиски: The Guns Of Brixton) — песна на Клеш од 1979 година.
  • „(Не сакам да одам во) Челси“ (англиски: (I Don't Want To Go To) Chelsea) — песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1978 година.
  • „Утро во Челси“ (англиски: Chelsea Morning) — песна на канадската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1969 година.
  • „Мрачните улици на Лондон“ (англиски: Dark Streets of London) — песна на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1984 година.
  • „Приспивна песна за Лондон“ (англиски: Lullaby of London) — песна на Поугс од 1988 година.
  • „Пикадили“ (англиски: Piccadilly) — песна на британската рок-група Сквиз (Squeeze) од 1981 година.
  • „Лондон“ (англиски: London) — песна на британската група Смитс (Smiths) од 1987 година.
  • „Пикадили циркус“ (англиски: Piccadilly Circus) — песна на северноирската панк-рок група Стиф литле фингерс (Stiff Little Fingers) од 1981 година.
  • „Лондонскиот сообраќај“ (англиски: London Traffic) — песна на британската рок-група The Jam од 1977 година.
  • „Лондонска девојка“ (англиски: London Girl) — песна на The Jam од 1977 година.
  • „Џефри оди на плоштадот Лестер“ (англиски: Jeffrey Goes To Leicester Square) — песна на британската рок-група Џетро тал (Jethro Tull) од 1969 година.

Лондон како тема во филмот

Поврзано

Наводи

Tags:

Лондон како тема во уметноста и во популарната култураЛондон ПоврзаноЛондон НаводиЛондонАнглиски јазикАнглијаЕвропската УнијаОбединето КралствоРимско ЦарствоТемза

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Ајдучка треваПартија за демократски просперитет на РомитеМинистерство за животна средина и просторно планирањеПартенија ЗографскиГлуварчеБелгијаИзборна единица 9Список на македонски народни и староградски песниПравоаголен триаголникБрвеницаФК СаутхемптонПешнаАлшарВага (хороскопски знак)Камени КуклиГоце ДелчевСтара ГрцијаКичевски манастирБугаријаИлинденско востаниеЦрн дробКаролина ГочеваГемиџииДостоинство (политичка партија)Специјална антитерористичка единица „Тигар“Трговско друштвоРомантизамИзборна единица 7ЛешокРак на белите дробовиГевгелијаВелигденПиринска МакедонијаОхридска пастрмкаЗемја (планета)Изборна единица 8Државни празници во МакедонијаАДХДПопис на населението во Македонија (2021)ИранСписок на повикувачки броеви на земјитеСолунМаркаЈордан Поп Јорданов - ОрцетоПрирокДекубитусСвети НиколеЦирозаХрватскаСобрание на МакедонијаГлас за МакедонијаСписок на птици во МакедонијаБозелОпштина БитолаМарина Поп ПанковаМенструален циклусАдам и ЕваСловачкаЦариградДанка ФирфоваВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаЛокални избори во Македонија (2013)ВикипедијаМечкаЈурумлериЛавМакедонски претседателски избори (2009)Бубрежен каменФилип ПетровскиГостиварКонопПридавки во македонскиот јазикЦрнила (драма)ХормонВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)ЕтанолКукуш🡆 More