Компир

Компир (науч.

Компир
Компир
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Зрновидни
Семејство: Зрнци
Род: Зрнец
Вид: Компир
Научен назив
Solanum tuberosum
Л.

Solanum tuberosum) — растение од видот скриеносеменици од семејството зрновидни (Solanaceae). Се одгледува во сите делови на Земјата и се користи за исхрана на луѓето и домашните животни, бидејќи поседува подземно стебло богато со скроб. Потекнува од Јужна Америка, поточно од Андите. Видот бил припитомен во јужниот дел на територијата на денешно Перу, а во Европа го донеле Шпанците во средината на XVI век.

Ботанички опис на растението

Компирот е повеќегодишно зелјесто растение, од животниот облик геофити - поседува подземно стебло (тубер, од каде и потекнува латинскиот назив) од типот кртоли. Бојата на цветот варира од бела до розова и виолетова, со силно жолто обоени прашници. Одгледуваните вариетети главно се бесполни (без цветови или со стерилни цветови). Опрашувањето во повеќето случаи е надворешно (инсекти, ветер), но постојат податоци за самоопрашување/самооплодување. Сите вариетети на компирот можат вегетативно да се размножуваат со кртоли. Плод на плодните врсти се бобинките кои потсетуваат на малите зелени плодови на доматот. Често кртолите се нарекуваат плодови на компирот, но тоа ботанички е неисправно. Во плодот може да се најдат и до 300 парчиња од семето.

Историја

Припитомувањето на компирот било предмет на големи претпоставки. Примероците што ги опишал Карл Линеј припаѓале на подвидот -{S. tuberosum ssp. tuberosum}- кој расте во шумите на архипелагот Чилое.

Меѓутоа, археолошките докази сепак не наведувале на никакви конкретни и дефинитивни заклучоци, што одело во прилог на можната теза за „двојно потекло“ на компирот, со главен средиште на Андите во Перу и Боливија, и со споредно средиште во Архипелагот Чилое што ја предложил ботаничарот и генетичар Николај Иванович Вавилов во својата студија за географијата на припитомените растенија. Во склад со оваа теорија, еден подвид потекнува од висорамнините каде Инките и Тиванаките веројатно го припитомиле во 7. милениум п.н.е., додека другата потекнува од архипелагот Чилое.

Контроверзата била разрешена во 2005 година, кога била објавена генетичка студија што ја водел и спровел ботаничарот Дејвид Спунер од Универзитетот во Висконсин. Спунер е стручњак кој работи на Отсекот за земјоделство во САД. Преку анализи на генетските ознаки кај околу 360 видови компир, тој заклучил дека „сите видови што се одгледуваат денес потекнуваат од припитомувањето -{S. bukasovii}- од југот на Перу и западна Боливија“, што се случило пред околу 8000 години п.н.е.

Многу од овие видови потекнуваат од чилеанскиот хибрид добиен со вкрстување на овој вид и една дива врста што растела во пампите, со што се добила -{S. tuberosum ssp. tuberosum}-, од која денес потекнуваат најмалку 286 домашни видови, што во секој случај не ги прави задолжително предци на илјадници други вариетети на овој подвид што денес постои и најмногу се одгледува во светот.. Основна разлика меѓу овој и -{S. tuberosum ssp. andigena}-, првобитниот компир од перуанските Анди, е во циклусот на светлината што им е потребна: додека перуанскиот подвид е прилагоден на кратки денови, не цвета, ниту произведува корен ако премногу е изложен на светлина, подвидот -{tuberosum}- бара многу светлина.

Теоријата за перуанското потекло на компирот е доста стара и се проценува дека во Перу има повеќе од 3.000 различни домашни видови компир, а некои од нив не можат да се одгледуваат надвор од Перу затоа што бараат специфични климатски и агроеколошки услови.

Почеток на користењето на компирот во Европа

Голем број видови на одгледуван зеленчук потекнуваат од територијата на Јужна Америка, и повеќето од нив во Европа се воведени во употреба набрзо по патувањето на Колумбо во 1492 година, но компирот бил увезен многу подоцна. Причината за ова „доцнење“ може да се најде во податокот дека бил одгледуван во повисоките предели на Андите, кои Шпанците ги посетиле дури во 1532 година. За првпат компирот на територијата на денешна Колумбија во книжевноста се споменува во 1537 година (го споменува Педро Сиеса Леон, современик на Франсиско Писаро), а како ново растение е опишан дури во 1552 година. Датумот на пренесување на компирот во Европа сè уште не е утврден (и веројатно не е ни запишан), но може да се утврди најраното присуство на компирот на европскиот континент.

Компирот во 1588 година веќе бил познат и одгледуван во одредени делови на Апенинскиот Полуостров, што укажува на уште порана широка употреба на ова растение во Шпанија. Постојат индиции дека одгледувањето на компирот во Шпанија постоело пред 1573 година. Неодамна се пронајдени податоци за извоз на компир од Канарските Острови за Антверпен во ноември 1567 година. Ако се претпостави дека веројатно бил одгледуван барем пет години на Канарските Острови, годините околу 1562-та би можеле да се означат како години на воведување на компирот во Европа. Ово би значело дека компирот во Европа стигнал само десет години по опишувањето на видот, односно околу 30 години по Писаро, како и дека најпрвин бил одгледуван на островите, а дури подоцна и во континентална Шпанија.

Хранливи состојки

Компирот е една од поважните намирници во човековата исхрана, а бил многу значаен во искоренувањето на гладот во Европа. Во исхраната на човекот се употребува варен и печен, додека суров е благо отровен. Со индустриска постапка од компирот се добива скроб, а со сечење на компирот на тенки листови, потоа со отстранување на скробот и пржење во врело масло се добива чипс. Компирот го напаѓа инсектот компирова златица која може да биде погубна за родот.

Компирот, со просечна потрошувачка од 103,1 килограми по домаќинство, бил најупотребуваниот зеленчук во Македонија во 2017 година..

Хранлива содржина на основните прехранбени култури
ПРЕХРАНБЕНА КУЛТУРА: Пченка[А] Ориз[Б] Пченица[В] Компир[Г] Маниока[Д] Соја[Ѓ] Сладок компир[Е] Сирак[Ж] Јам[Џ] Готварска банана[Ш]
Состојка (на 100 гр) Количина Количина Количина Количина Количина Количина Количина Количина Количина Количина
Вода (гр) 76 12 11 79 60 68 77 9 70 65
Енергија (кЏ) 360 1528 1419 322 670 615 360 1419 494 511
Белковини (гр) 3,2 7,1 13,7 2,0 1,4 13,0 1,6 11,3 1,5 1,3
Маст (гр) 1,18 0,66 2,47 0,09 0,28 6,8 0,05 3,3 0,17 0,37
Јаглехидрати (гр) 19 80 71 17 38 11 20 75 28 32
Влакна (гр) 2,7 1,3 10,7 2,2 1,8 4,2 3 6,3 4,1 2,3
Шеќер (гр) 3,22 0,12 0 0,78 1,7 0 4,18 0 0,5 15
Калциум (мг) 2 28 34 12 16 197 30 28 17 3
Железо (мг) 0,52 4,31 3,52 0,78 0,27 3,55 0,61 4,4 0,54 0,6
Магнезиум (мг) 37 25 144 23 21 65 25 0 21 37
Фосфор (мг) 89 115 508 57 27 194 47 287 55 34
Калиум (мг) 270 115 431 421 271 620 337 350 816 499
Натриум (мг) 15 5 2 6 14 15 55 6 9 4
Цинк (мг) 0,45 1,09 4,16 0,29 0,34 0,99 0,3 0 0,24 0,14
Бакар (мг) 0,05 0,22 0,55 0,11 0,10 0,13 0,15 - 0,18 0,08
Манган (мг) 0,16 1,09 3,01 0,15 0,38 0,55 0,26 - 0,40 -
Селен (µг) 0,6 15,1 89,4 0,3 0,7 1,5 0,6 0 0,7 1,5
Витамин Ц (мг) 6,8 0 0 19,7 20,6 29 2,4 0 17,1 18,4
Тиамин (мг) 0,20 0,58 0,42 0,08 0,09 0,44 0,08 0,24 0,11 0,05
Рибофлавин (мг) 0,06 0,05 0,12 0,03 0,05 0,18 0,06 0,14 0,03 0,05
Ниацин (мг) 1,70 4,19 6,74 1,05 0,85 1,65 0,56 2,93 0,55 0,69
Пантотенска киселина (мг) 0,76 1,01 0,94 0,30 0,11 0,15 0,80 - 0,31 0,26
Витамин Б6 (мг) 0,06 0,16 0,42 0,30 0,09 0,07 0,21 - 0,29 0,30
Фолат - вкуп. (µг) 46 231 43 16 27 165 11 0 23 22
Витамин А (МЕ) 208 0 0 2 13 180 14187 0 138 1127
Витамин Е, α-токоферол (мг) 0,07 0,11 0 0,01 0,19 0 0,26 0 0,39 0,14
Витамин К (µг) 0,3 0,1 0 1,9 1,9 0 1,8 0 2,6 0,7
β-каротин (µг) 52 0 0 1 8 0 8509 0 83 457
Лутеин+зеаксантин (µг) 764 0 0 8 0 0 0 0 0 30
Заситени масни киселини (гр) 0,18 0,18 0,45 0,03 0,07 0,79 0,02 0,46 0,04 0,14
Мононезаситени масни киселини (гр) 0,35 0,21 0,34 0,00 0,08 1,28 0,00 0,99 0,01 0,03
Полинезаситени масни киселини (гр) 0,56 0,18 0,98 0,04 0,05 3,20 0,01 1,37 0,08 0,07
А пченка, слатка, жолта, сирова Б ориз, бел, долгнавест, обичен, сиров
В пченица, тврда Г компир, со лупка, сиров
Д маниока, сирова Ѓ соини зрна, зелени, сирови
Е сладок компир, сиров Ж сирак, сиров
Џ јам, сиров Ш готварска банана, сирова

Производство на компир во Македонија

Според Заводот за статистика, производството на компир во Македонија од 2001 до 2020 година, во тони, е следното:


Произведен компир во Македонија (во тони) (2001-2020)
Компир

Компирот како мотив во уметноста и во популарната култура

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Компир Ботанички опис на растениетоКомпир ИсторијаКомпир Почеток на користењето на компирот во ЕвропаКомпир Хранливи состојкиКомпир Производство на компир во МакедонијаКомпир от како мотив во уметноста и во популарната култураКомпир ГалеријаКомпир ПоврзаноКомпир НаводиКомпир Надворешни врскиКомпирXVI векЈужна АмерикаАндиВид (биологија)Домашно животноЕвропаЗемја (планета)ЗрновидниЛуѓеНауч.ПеруРастенијаСемејствоСкриеносеменициСкробХранаШпанска империја

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Големи и мали (роман)Државни празници во БугаријаТунисКорозијаПечалбариОлимписки боговиПланетаЕлектричен набојФудбалСистемски лупус еритематозусКичевоПетар ПанХороскопски знациСпектрална бојаНикола ГруевскиХијатална килаСон на тркалаБеспокојствоЖурчеКонстантин МиладиновКрушевоМакедонска кујнаМакедонска крвава свадбаМаксим ДимитриевскиГрегоријански календарПланетите во астрологијатаБојаБајкаЗаштита на потрошувачитеМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаЌемане (македонско)БудимпештаШеќерна болестДрачевоКонтинентРастенијаКиро ГлигоровСписок на архаични зборови во македонскиот јазикСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаОвчи сипанициРадмила ШекеринскаЕгипетски календарМагнетна резонанцијаПрва светска војнаЖичени инструментиГаличникПремиер на МакедонијаРимаПиту ГулиОбединето КралствоХристијанствоШпанијаСДСМАкцент во македонскиот јазикБеровоГрцијаТодор ПаницаОпштина ОхридТетовоОхридски рамковен договорПреспански договорРепродуктивен системМакедонски ВласиЕстрогенГерманска граматикаМакедонска радио-телевизијаСтрофаЖолчкаСветлана Ражнатовиќ-ЦецаГостиварОкеанВекторВештачка интелигенцијаТинитусДимитар АпасиевШизофренијаХематокритЃурѓовден🡆 More