26 јули — 207-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (208-и во престапна година).
<< | јули | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
Остануваат 158 денови до крајот на годината.
Настани:
1953 | Со нападот на герилците на касарната „Монкада“ во градот Сантјаго де Куба, Фидел Кастро ја започнува борбата против диктаторот Фулгенсио Батиста. |
1956 | Египетскиот претседател Гамал Абдел Насер го национализира Суецкиот Канал, кој претходно беше под контрола на англо-француска компанија. |
1963 | Катастрофален земјотрес го разурна Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а беше уништен или оштетен 4⁄5 од станбениот фонд. Веста за земјотресот што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност. |
1996 | Република Македонија и Европската Унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската Унија. Истиот ден во Република Македонија пристигнува и првиот американски амбасадор — Кристофер Хил. |
1996 | Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици. |
Родени:
1782 | Џон Филд — ирски композитор. |
1842 | Алфред Маршал — англиски економист. |
1856 | Џорџ Бернард Шо — англиски писател. |
1862 | Васил Иванов К’нчов — бугарски етнограф. |
1875 | Карл Густав Јунг — швајцарски психијатар. |
1894 | Олдос Хаксли — англиски писател и есеист. |
1900 | Артуш Черник — чешки писател, новинар и филмски и театарски критичар. |
1901 | Нина Берберова — руска писателка. |
1928 | Стенли Кјубрик — американски режисер. |
1931 | Теле Сантана — бразилски фудбалер и тренер. |
1934 | Даница Ручигај — македонска поетеса. |
1943 | Мик Џегер — англиски пејач, член на рок-групата „Ролинг стоунс“. |
1945 | Хелен Мирен — англиска глумица. |
1949 | Роџер Тејлор — англиски рок-музичар, член на групата „Квин“. |
1954 | Роза Топузова Каревска — македонски политичар. |
1953 | Феликс Магат — германски фудбалер и тренер. |
1959 | Кевин Спејси — американски глумец. |
1961 | Дејвид Хејмен — британски филмски продуцент. |
1981 | Мајкон Сисенандо — бразилски фудбалер. |
1985 | Брис Феји — француски велосипедист. |
1985 | Гаел Клиши — француски фудбалер. |
1987 | Ромен Лемаршан — француски велосипедист. |
1990 | Хесус Ерада — шпански велосипедист. |
Починале:
1471 | Павле II — римски папа. |
1867 | Отон I — грчки крал. |
1902 | Шарл Дадан — француско-американски пчелар, таткото на современото пчеларство. |
1903 | Алексо Поројлијата — македонски револуционер. |
1917 | Едгар Дега — француски сликар. |
1925 | Готлоб Фреге — германски математичар. |
1926 | Крсте Петков Мисирков — истакнат македонски филолог, јазичар, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата „За македонцките работи“. Роден е во Ениџевардарско на 18 ноември 1874 година. |
1952 | Ева Перон — популарната „прва дама“ на Аргентина, сопруга на Хуан Перон. |
1963 | Димитар Пандилов — истакнат уметник, прв македонски импресионистички сликар. |
1985 | Фреди Перлман — анархист, писател, теоретичар и музичар, голем критичар на современиот свет. |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article 26 јули, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.