Хемија

Хемија — природна наука што се занимава со проучување на структурата и својствата на материјата, како и промените кои настануваат при хемиските реакции.

Хемијата претставува физичка наука која ги изучува различните типови на атоми, молекули, кристали и други типови на агрегати изолирани или во меѓусебни интеракции кои во себе ги вклучуваат концептите за енергија и ентропија во хемиските процеси. Модерната хемија еволуирала од алхемијата.

Хемија
Хемијата претставува наука која се занимава со изучување на составот, структурата и својствата на материјата, како и промените на кои е подложена за време на хемиските реакции.

Основни концепти во хемијата

Атом

Хемија 
Елементарни честички во атом од хелиум: два електрона (жолти) кои се околу јадрото, во електронската обвивка; протони (црвени) и два неутрона (зелени), кои се наоѓаат во јадрото на атомот.

Во физиката и хемијата, атомот претставува најмала структурна честичка на секој хемиски елемент (со тоа и на материјата) што ги има неговите карактеристични својства. Секој атом се состои од атомско јадро и електронска обвивка. Атомот се состои од неколку типови на елементарни честички. Во јадрото се наоѓаат неутралните неутрони и позитивно наелектризираните протони (или позитрони), додека во електронската обвивка се наоѓаат негативно наелектризираните електрони. Елементарни честички од кои е изграден атомот играат голема улога при дефинирањето на својствата на атомите, како и при нивното поврзување со други атоми од ист или различен хемиски елемент.

Хемиски елемент

Хемиски елемент претставува тип на атоми кои поседуваат ист атомски број - односно кои поседуваат ист број на протони во јадрото на атомот. Хемиските елементи, исто така, поседуваат и ист број на електрони во електронската обвивка.

Соединение

Хемиските соединенија (или накусо само соединение) се супстанции во чиј состав влегуваат најмалку два различни атоми. Хемиските соединенија можат да се разложат на елементарни супстанции со одредена хемиска реакција или процес.

Супстанца

Молекула

Во хемијата под поимот молекула се подразбира доволно стабилна, електронеутрална група која се состои од најмалку два атома кои на точно определен начин се поврзани меѓу себе со хемиска врска.

Јони и соли

Хемиска врска

Хемиска реакција

Енергија

Поддисциплини

Различните дисциплини во рамките на хемијата се групираат според видот на материја кој се изучува во нивни рамки.

  1. неорганската хемија се занимава со изучување на неорганските материи;
  2. органската хемија се занимава со изучување на органските материи;
  3. биохемијата се занимава со изучување на супстанците кои се наоѓаат во живите организми;
  4. физичката хемија е поврзана со изучување на енергетските промени кои настануваат во хемиските системи на макро ново, на молекуларно и субмолекуларно ниво;
  5. аналитичката хемија се занимава со анализа на примероци за да се добијат сознанија за хемискиот состав и за структурата на материјата.

Брзиот развој на науката се почесто доведува до развој на гранични дисциплини помеѓу хемијата и други науки (физика, медицина и др.).

Хемијата како мотив во уметноста и во популарната култура

  • Хемија“ - расказ на американскиот писател Роберт Ворд.
  • „Хемија“ (Kemistry) - песна на британскиот музичар Голди (Goldie) од 1995 година.
  • „Час по хемија“ (Chemistry class) - песна на англискиот рок музичар Елвис Костело од 1979 година.

Наводи

Tags:

Хемија Основни концепти во хемијатаХемија ПоддисциплиниХемија та како мотив во уметноста и во популарната култураХемија НаводиХемијаАлхемијаАтомЕнергијаЕнтропијаКристалМатеријаПриродна наукаХемиски процеси

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Катица ЈаневаГевгелијаЧорбаџи ТеодосРистиќева палатаСкопјеАдминистративна поделба на МакедонијаЈасеновац (логор)Илија ФилипчеТерморегулацијаАвантурите на Том СоерВасил ТупурковскиРевматоиден артритисСветлана МојсовЕлектрична енергијаГаличникЛибијаМакедонско востаниеТрескавецАреаПроста реченицаМРП вакцинаМултипла склерозаВикипедијаГрцијаВиданка ГеоргиеваУкраинаФосилЉубчо ГеоргиевскиКорозијаРеченицаЛеукемијаНационален парк МавровоЕнциклопедијаШизофренијаДојранАнета МицевскаКрал МаркоВеличествениот султан (ТВ-серија)Обединети нацииПечалбариЛегендиДен на планетата ЗемјаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори, 2002ШвајцаријаТриаголникМакедонски парламентарни избори (2002)Македонска православна црква - Охридска архиепископијаПартија за движење на Турците во МакедонијаВитамин Б6БудимпештаРобинзон КрусоТетовоСписок на најдолги рекиМакедонска алијанса24 априлБитолаМладотурска револуцијаПарите се отепувачкаОбединето КралствоЏезБајрамГлаголицаАлтернатива (политичка партија)Премиер на МакедонијаШахЛеонардо да ВинчиПенис (човек)Меѓународни празнициАлкохолДржавна изборна комисијаИзборна единица 3Изборна единица 2Охридско ЕзероРасказМакедонија (регион)Ренесанса🡆 More