Словачка: држава во Средна Европа

Словачка Република (словачки: Slovenská republika), неофицијално Словачка (Slovensko) или многу ретко Словакија — независна држава во Средна Европа.

Има население од околу пет милиони луѓе, а зафаќа површина од 49.000 км2. Словачка нема излез на море и се граничи со Чешка и Австрија на запад, Полска на север, Украина на исток и Унгарија на југ. Најголем град во државата е нејзината престолнина, Братислава. Втор по големина град е Кошице. Словачка е земја членка на Европската Унија, НАТО, ООН, ОЕСР, Светската трговска организација и други.

Словачка Република
Slovenská republika  (словачки)
Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима
Знаме Грб
Химна"Nad Tatrou sa blýska"
„Громови над Татрите“

Местоположбата на  Словачка  (зелена) – на Европскиот континент  (светлозелена и сива) – во Европската Унија  (светлозелена)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Словачка  (зелена)

– на Европскиот континент  (светлозелена и сива)
– во Европската Унија  (светлозелена)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Словачка  (зелена)

– на Европскиот континент  (светлозелена и сива)
– во Европската Унија  (светлозелена)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Братислава
48°09′N 17°07′E / 48.150° СГШ; 17.117° ИГД / 48.150; 17.117
Службен јазик словачки
Народности (2011)
Демоним Словак
Уредување Парламентарна република
 •  Претседател Зузана Чапутова
 •  Премиер Игор Матович
Независност
 •  од Австроунгарија 28 октомври 1918 
 •  од Чехословачка 1 јануари 1993 
пристапила во ЕУ 1 ма] 2004
Површина
 •  Вкупна 49,035 км2 (123)
 •  Вода (%) нема податоци
Население
 •  проценка за 2016 г. 5,435,343  (116-та)
 •  Попис 2011 5,397,036 
 •  Густина 111 жит/км2 (88-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2015 г.
 •  Вкупен $158.428 милијарди 
 •  По жител $29,209 (40)
БДП (номинален) проценка за 2015 г.
 •  Вкупно $87.528 милијарди 
 •  По жител $16,138 (43)
Џиниев коеф. (2019)нагативен пораст 22.8
низок
ИЧР (2015) 0.845
многу висок · 40та
Валута Евро ()2 (EUR2)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .sk3
Повик. бр. +4214
1 Чехословачка се подели на Чешка и Словачка.
2Словачка го прифати еврото на 1 јануари 2009- €1 = 30.1260SKK.
3 Исто така се користи .eu.
4 Се споделувал со Чешка 0042 сè до 1997.

Словените пристигнале и се населиле на територијата на денешна Словачка во 5 и 6 век за време на големата преселба на народите. За време на историјата, различни делови од денешна Словачка припаѓале на Кралството на Само (првата позната политичка единица на словените), Кнежевството Нитра (како независно, како дел од Голема Моравија и како дел од Кралството Унгарија), Австроунгарија или Хабсбуршкото Царство и Чехословачка. Самостојна Словачка држава кратко постоела и за време на Втората светска војна, во периодот од 1939-1944, со што подоцна Словачка станала независна од нацистичка Германија. Од 1945 година, Словачка повторно станала дел од Чехословачка. Денешната Словачка станала независна на 1 јануари 1993 со мирен распад на Чехословачка.

Денeска Словачка е високо развиена земја со силна економија, со една од најрастечките во ЕУ и ОЕСР. Земјата и се приклучи на Европската Унија во 2004 и на Еврозоната на 1 јануари 2009. Словачка заедно со Словенија се единствените поранешни комунистички земји, кои денеска се дел од Европската Унија, Еврозоната, Шенген зоната и НАТО.

Потекло на поимот

Првото споменување во пишаните извори на името Slovakia потекнува од 1586 (германски: In Liptau, bei der Stadt Sankt Nikolaus in der Slovakia). Потекнува од чешкиот збор Slováky; претходните германски форми биле Windischen landen и Windenland (15 век). Месното име Slovensko (1791) потекнува од постарото име на Словаците, Sloven, што може да укажува на неговото потекло уште пред 15 век. Првобитното значење било географско (а не политичко), бидејќи Словачка била дел од мултиетничкото Кралство Унгарија и не претставувала посебна административна единица во овој период.

Историја

Праисторија

Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Римски натпис на тврдина во Тренчин (178-179).

Територијата на денешна Република Словачка била населена уште за време на палеолитот. Во 5 век п.н.е., Словачка ја населиле Келтите, а потоа и Дако-Гетите, Јазигите и Квадите. Германското кралство кое ги обединило Квадите и Маркоманите, но исто така и Осините и Котините под власта на кралот Ваниус постоело од 8 г. п.н.е. до 179 г. Во 1 век доаѓа до продор на Римјаните, кои на реката Дунав создале неколку војни постави од кои најсилни биле Карнунт и Бригетио. Лаугарици (денешен Тренчин) бил зимски камп каде втората римска легија се борела во Маркоманските војни против Германите. Римјаните успеале да ги протераат Гепидите и Готите во 3 век, како и Хуните и Лангобардите во 5 век. Во 6 век Словените се населуваат на територијата на државата и набргу стануваат најголемиот по број етнички корпус и ја одредуваат подоцнежната судбина на словачките простори.

Доаѓање на Словените

Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Споменик на Свети Кирил и Методиј во Жилина. Во 863 година, тие го вовеле христијанството во денешна Словачка.

Териториите на денешна Словачка, во 5 век биле населени од страна на словените. Во предсловенското населување, на оваа територија постоело кнежевството Нитра, кое заедно со Моравија ја сочинувале т.н. Велика Моравија. Таа држава во текот на 9 век го достигнал својот Златен век, во времето на Ростислав I.

Кралство Унгарија

По распаѓањето на Велика Моравија во 10 век, териториите на денешна Словачка станале дел од Кралство Унгарија. Во текот на владеењето на унгарците, Словачка во првите два века ја зачувала својата автономија како кнежевство Нитра. Денешните територии на Словачка се формирале уште во тоа време.

Во 1241 година, Словачка попаднала под монголско владеење, но во текот на средниот век таа била ослободена и повторно вклучена во составот на Кралство Унгарија. Во времето кога Османлиското Царство навлегува во Унгарија, центарот на кралството преминало во Словачка. Денешната престолнина Братислава (тогаш позната како Pressburg, Pressporek, Posonium, Posony) за краток период станала престолнина на кралството во 1536 година. По повлекувањето на Османлиите од Унгарија, улогата на Словачка во кралството се намалило.

За време на револуцијата од 1848 - 1849 година, словаците застанале на страната на Австрија односно Хабсбуршката династија, надевајќи се за создавање на независна држава, но до тоа не дошло. Во времето на Австроунгарија, од 1868 до 1918 година, Словачка останала во склопот на империјата, соочувајќи се со унгаризација врз нејзините жители.

Чехословачка

По војната, Словачка се обединила со чешките земји Бохемија и Моравија и заедно ја формирале Чехословачка. Во 1938 година, со Миненскиот договор, Словачка била разделена од Чешка. Новата држава поседувала само формална независност, бидејќи била под целосна контрола од страна на Нацистичка Германија. Ова доведува до избувнување на востание во 1944 година.

По крајот на војната, Словачка повторно се обединила со Чешка и попаднала под влијание на т.н. Источен блок раководен од страна на СССР. Таа била една од потписничките на Варшавскиот договор.

Советското влијание и владеењето на Комунистичката партија

Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Инвазија на Чехословачка од Варшавскиот пакт во 1968
Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Со Кадифената револуција бил ставен крај на 41-годишното авторитарно комунистичко владеење во Чехословачка во 1989.

По Втората светска војна Чехословачка била реконституирана, а Јозеф Тисо погубен во 1947 поради соработка со нацистите. Повеќе од 80,000 Унгарци и 32,000 Германци биле принудени да ја напуштат Словачка, во серија на трансфери на населението иницирани од Сојузниците на Потсдамската конференција. Од околу 130,000 Карпатски Германци во 1938 во Словачка, до 1947 останале само 20,000.

Како резултат на конференцијата во Јалта, Чехословачка потпаднала под влијание, а подоцна и под директна окупација на Советскиот Сојуз и Варшавскиот пакт, после државниот удар во 1948 [се бара извор]. Земјата била окупирана од силите на Варшавскиот пакт (со исклучок на Романија и Албанија) во 1968, со што завршил периодот на либерализација под водство на Александар Дубчек. Во 1969 Чехословачка станала федерација составена од Чешката Социјалистичка Република и Словачката Социјалистичка Република. Чехословачка никогаш на станала дел од Советскиот Сојуз и до одреден степен останала независна.

Денешна Словачка

Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Словачка стана членка на Европската Унија во 2004 и потписник на Лисабонскиот договор во 2007.

Крајот на комунистичкото владеење во Чехословачка во 1989, за време на мирната Кадифена револуција, беше проследен со распад на земјата на две земји-наследнички. Зборот „социјалистичка“ беше изоставен од имињата на двете републики, т.е. Словачката Социјалистичка Република беше преименувана во Словачка Република. На 17 јули 1992, Словачка, предводена од премиерот Владимир Мечијар, прогласила суверена држава, што значи дека нејзините закони имаат предност пред оние на сојузната влада. Во текот на есента 1992, Мечијар и чешкиот премиер Вацлав Клаус преговараат за деталите за расформирање на федерацијата. Во ноември федералниот парламент гласаше официјалното расформирање на државата да се случи на 31 декември 1992.

Словачката и Чешка тргнаа по одделни патишта на 1 јануари 1993, настан кој некогаш е нарекуван кадифен развод. Словачка и понатаму останала близок партнер на Чешка. Двете земји ја продолжиле соработката со Унгарија и Полска во рамките на Вишеградската група. Словачка станала членка на НАТО на 29 март 2004 и на Европската Унија на 1 мај 2004. На 1 јануари 2009, Словачка го воведе еврото за сопствена валута.

Географија и клима

Панорама на Високи Татри
Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Топографска карта на Словачка.
Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Карта на Словачка.

Во словачкиот релјеф доминантни се планинските венци и природа со Карпатите кои се протегаат на северниот дел од државата. Како дел од тие планини е и планината Татра. Во близина на полската граница се наоѓаат Високите Татри кои се популарно одредиште за скијање. На Големите Татри има доста мали езера и тука се наоѓа највисоката точка на Словачка — Герлаховски Штит со висина од 2.655 метри и словачката симболично највисока планина Кривањ.

Поголеми словачки реки се: Дунав, Вах и Хрон. Тиса ја сочинува словачко-унгарската граница за 5 км.

Клима

Климата во Словачка се движи помеѓу умерена и континентална, со релативно топли лета и ладни, облчни и влажни зими. Температурните екстреми се -41 до 40.3 °C, иако температури под -30 °C се ретки. Климата на северот каде доминираат планини се разликува од климата на рамничарскиот југ.

Политички систем

Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Претседателската палата.

Словачка е парламентарна демократска република со повеќепартиски систем на владеење. Последните парламентарни избори биле јуни 2006 година и последните претседателски избори биле во 2004 година.

Претседателот на Словачка се избира на претседателски избори за мандат од пет години. Голем дел од власта е во рацете на премиерот на Словачка и кој најчесто е водач на победничката партија на парламентарните избори.

Највисоко законодавно тело на Словачка е Националниот Совет на Словачката Република со 150 пратенички места. Пратениците се избираат за мандат од четири години. Највисок суд во Словачка е уставниот суд на Словачка.

Од 2004 година Словачка е член на ЕУ и НАТО.

Административна поделба

Словачка од 1996 г. е поделена на осум краеви, кои од 2002 се нарекуваат „самоуправни краеви“ (samosprávne kraje).

Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Прешов
Кошице
Жилина
Банска Бистрица
Тренчин
Нитра
Трнава
Братислава
Име на македонски Име на словачки Административно седиште Население (2011)
Братиславски Крај Bratislavský kraj Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима  Братислава 602,436
Трнавски Крај Trnavský kraj Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима  Трнава 554,741
Нитрански Крај Nitriansky kraj Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима  Нитра 689,867
Тренчински Крај Trenčiansky kraj Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима  Тренчин 594,328
Жилински Крај Žilinský kraj Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима  Жилина 688,851
Банскобистрички Крај Banskobystrický kraj Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима  Банска Бистрица 660,563
Прешовски крај Prešovský kraj Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима  Прешов 814,527
Кошички Крај Košický kraj Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима  Кошице 791,723

Стопанство

Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Централна банка на Словачка.

Во 2019 година, БДП по глава на жител на Словачка изнесувал 19 548 долари, со што таа била рангирана на 25. место во однос на Европа и 45. во светот. Во 2018 година, кефициентот Џини во Словачка изнесувал 26,1%. Невработеноста во 1999 година била 19.2%, додека во 2008 година паднала на 7.51%.

Официјална валута во Словачка е еврото, заменувајќи ја словачката круна во 2008.

Население, јазик и религија

 
Најголеми градови во Словачка
Бр. Крај Нас. Бр. Крај Нас.
Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Братислава
Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Кошице
1 Братислава Братислава 432,801 11 Прјевиѕа Тренчин 48,866 Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Прешов
Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Жилина
2 Кошице Кошице 240,688 12 Зволен Банска Бистрица 43,311
3 Прешов Прешов 91,638 13 Повашка Бистрица Тренчин 41,153
4 Жилина Жилина 81,515 14 Михаловце Кошице 39,940
5 Банска Бистрица Банска Бистрица 79,775 15 Нове Замки Нитра 39,585
6 Нитра Нитра 78,875 16 Спишка Нова Вес Кошице 37,948
7 Трнава Трнава 66,219 17 Хумене Прешов 34,913
8 Мартин Жилина 57,300 18 Левице Нитра 34,649
9 Тренчин Тренчин 55,832 19 Комарно Нитра 34,478
10 Попрад Прешов 52,791 20 Бардејов Прешов 33,625
Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Главната улица во Кошице.

Поголемиот дел од населението на Словачка се етнички Словаци кои сочинуваат околу 85.8%. Унгарците се најголемо малцинство во Словачка со 9.7%. Покрај нив во Словачка живеат и Роми со 1.7%, Украинци со 1% и 1.8% се неодредени. Неофицијално бројот на Ромите е многу поголем, околу 9% од населението.

Јазици

Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Јазичната структура во Словачка во 2021

Официјален јазик во Словачка е словачкиот, кој спаѓа во семејството на словенски јазици. Унгарскиот јазик се зборува во јужниот дел на земјата, а русинскиот се зборува во североисточните делови. Малцински јазик има статус на ко-официјален во општините каде што малцинството изнесува 15% во два последователни пописи.

Словачка: Потекло на поимот, Историја, Географија и клима 
Словачката азбука има 46 букви.

Словачка е рангирана меѓу првите земји на ЕУ по познавање на странски јазици. Во 2007, 68% од населението на возраст помеѓу 25 и 64 години зборувало два или повеќе странски јазици, што е второ највисоко место во Европската Унија. Најпознат странски јазик е чешкиот. Извештај на Евростат покажува дека 98.3% од словачките ученици во средно образование знаат два странски јазици, што е високо над европскиот просек од 60.1%. Според истражување на Евробарометар од 2012, 26% од населението има познавање на англиски на разговорно ниво, потоа на германски (22%) и руски (17%).

Религија

Словачкиот устав ја гарантира слободата на религијата. Околу 68.9% од населението на Словачка се католици. Голем број од населението на Словачка не се изјаснило за религиското прашање и тие се околу 13% од вкупното население. Околу 6.93% се лутеранци, 2% калвинисти, околу 0.9% православни. Денес има околу 2.300 евреи во Словачка.

Култура во Словачка

Во унгарската историја Словаците се именувани како „планински луѓе“. Првото спомнување на Словаците како нација е во 19 век.

Уметноста на Словачка може да се следи сè до средновековието, кога биле создадени големи дела. Покрај уметноста, Словачка е дом на уште голем број позначајни личности како: Јозеф Мургаш, Јан Бахиљ, Штефан Банич, Аурел Стодола и Џон Допјера.

Галерија

Белешки

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

    Влада
    Општо

Tags:

Словачка Потекло на поимотСловачка ИсторијаСловачка Географија и климаСловачка Политички системСловачка Административна поделбаСловачка СтопанствоСловачка Население, јазик и религијаСловачка Култура во Словачка ГалеријаСловачка БелешкиСловачка НаводиСловачка ПоврзаноСловачка Надворешни врскиСловачкаАвстријаБратиславаЕвропската УнијаКошицеНАТОООНОрганизација за економска соработка и развојПолскаСветска трговска организацијаСловачки јазикСредна ЕвропаУкраинаУнгаријаЧешка

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Вилијам ШекспирМенингитисМесечинаДемократијаРак на белите дробовиЃурѓовденГаличицаЏезПрва влада на Зоран ЗаевЗборник на МиладиновциМакедонијаЧовечки папиломен вирусКатица ЈаневаСловенијаМасакр кај ВејцеПере ТошевЕвропаУстав на МакедонијаПсоријазаВардарЦрвени крвни зрнцаЕлизабета ЃоргиевскаАнтон ПановТелефонПросветителствоЈордан МијалковКоцкаДемографија на МакедонијаХрватскаМакедонски парламентарни избори (2016)Катастарски општини во МакедонијаМакедонски претседателски избори (2004)АмазонМојот звукПтициБиполарно растројствоМовНационални паркови во МакедонијаХороскопски знациЗнаме на МакедонијаГоран СтефановскиКарлес ПуџдемонДебарСтарецот и моретоРевматоиден артритисФК МиланГравДонтов методМали сипанициСедум светски чуда на античкиот светСписок на повикувачки броеви на земјитеСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаИзборна единица 6КичевоШтипМатка (кањон)ХемостазаОпштина Гази БабаВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаСписок на главни градови во светотСкопски земјотрес (1963)Страшо ПинџурРајко ЖинзифовШублерКуранМакедонски претседателски избори, 2009ФосилПартија за целосна еманципација на РомитеУбиство на Јане СанданскиДијабетична кетоацидозаХемороидЗНАМРомбИдиопатска тромбоцитопенична пурпураБегалка🡆 More