Остров: земјишен облик кој е целосно заобиколен со водно тело

Остров е копно опколено од сите страни со вода од море, езеро или река.

Неговото потекло може да биде вулканско, корално, или, пак, островот може да биде продолжување на некој континент или врвови на подводни планини. Една заедничка одлика на сите острови е тоа што климата на нив е во голема мерка условена од близината на морето.

Сите острови на Земјата се класифицирани во неколку групи:

  1. Континентални острови. Вакви се островите кои се наоѓаат во непосредна близина на некој континент, од кој се одделени со не многу длабок проток. Тие, всушност, во геолошка смисла, се продолжение на континентот. Ова го докажуваат некои фосили и видови на карпи. Пример за ваков вид на острови се Британските, кои се наоѓаат на континенталната платформа во Западна Европа, а се одделени од остатокот од континентот со протокот Ламанш, чијашто максимална длабочина изнесува околу 100 m.
  2. Океански острови. Тоа се островите кои се наоѓаат далеку од континентите и кои имаат различно потекло. Се појавуваат како резултат на некои процеси кои настануваат на и во Земјината кора, како што се издигнувањето до површината на водата на некој дорсал (подводен планински венец), при што високите гребени на подводната планина го образуваат островот, кој најчесто е со доста груб релјеф и големите набирања на првобитните натконтиненти, кои не се споиле со сегашните. Океанските острови се обично со големи димензии. Едни од најголемите океански острови се Мадагаскар и Нов Зеланд.
  3. Вулкански острови. Тие се директен резултат на вулканска активност која се јавува кај дорсалите или во други центри од овој вид распрснати во океаните. Овие острови најчесто се јавуваат како собрани во огромни појаси, притоа создавајќи вулкански појаси. Ваков вид на острови се создаваат и денес, како што е случај со островот Суртси, близу Исланд, кој се оформил во 1963 година, во текот на една ерупција. Ваквите острови се многубројни во Тихиот Океан, многу од нив се со интензивна еруптивно-вулканска активност. Друг пример се Канарските Острови, кои се оформиле во текот на последните етапи од набирањето на Атлантскиот Дорсал.
  4. Корални острови. Овие острови имаат биолошко потекло. Се нарекуваат и атоли. Тие се последица на големата активност на коралите. По изумирањето, нивните скелети создаваат една структура која служи како основа за развој на нови корали. На ваков начин може да се постигне голема дебелина. Најдлабоките делови потонуваат и овозможуваат структурата да расте во горниот дел каде има повеќе светлина. Колебањето на нивото на морето овозможува гребенот да излезе на површина, а потоа ерозијата создава почва погодна за растенијата. Тоа се ниски острови, многу малку над нивото на морето. Се создаваат и кога средишната лагуна на некој атол ќе се исуши. Таков пример се островите Голема Барера од австралиските гребени.

Единствен остров во Македонија е Голем Град во Преспанското Езеро.

Остров: Островот како тема во уметноста и во популарната култура, Поврзано, Надворешни врски
Мал остров во Јадранско Море

Список на десетте најголеми острови во светот:

Име на островот Океан Земја Површина (км2)
Гренланд Атлантски Данска 2 175 600
Нова Гвинеја Тихи Папуа Нова Гвинеја 791 439
Борнео (Калимантан) Тихи Индонезија, Малезија, Брунеи 725 472
Мадагаскар Индиски Малгазија 587 037
Бафинова Земја Северноледен Канада 507 451
Суматра Тихи Индонезија 473 604
Хоншу Тихи Јапонија 227 411
Велика Британија Атлантски Обединето Кралство 218 040
Викторија Северен Леден Канада 212 197
Елзмир Северен Леден Канада 196 236

Островот како тема во уметноста и во популарната култура

Островот како тема во книжевноста

Островот како тема во музиката

  • „Островот на мртвите“ — симфониска поема на рускиот композитор Рахманинов.
  • „Острови“ (англиски: Islands) — песна од истоимениот музички албум на британската рок-група King Crimson од 1971 година.
  • „Дама од островот“ (англиски: Lady Of The Island) — песна на американската фолк-рок група Крозби, Стилс и Неш (Crosby, Stills & Nash) од 1969 година.
  • „Остров“ (англиски: Island) — песна на американската хеви-метал група Мастодон (Mastodon) од 2004 година.
  • „Острови во струјата“ (англиски: Islands in the stream) — песна на Доли Партон и Кени Роџерс од 1983 година.
  • „Маѓепсаниот остров“ (шпански: Isla De Encanta) — песна на американската рок-група Пиксис (Pixies) од 1987 година.
  • „Островот на Гилиган“ (англиски: Gilligan's Island) — песна на американската хардкор панк група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1982 година.

Островот како тема во филмот

  • „Острови во струјата“ (Islands in the stream) - филм на американскиот режисер Френклин Шафнер од 1977 година.

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Остров от како тема во уметноста и во популарната култураОстров ПоврзаноОстров Надворешни врскиОстровВодаВулканЕзероКлимаКонтинентКопноКоралМореРека

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Словенска митологијаГликемијаОвулацијаМалтаЈосип Броз-ТитоДаут-пашин амамХемиска реакцијаЦрни и жолтиГлобусМакедонски претседателски избори (2019)ЦирозаЕкологијаСтрадањата на младиот ВертерАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаЊутнови закониДадо ТопиќТерористички напад на концертната сала „Крокус“Македонска опера и балетМитозаАлегоријаМузикаЛила СтојановскаХераклеја ЛинкестисЕнергијаМножењеХорЕрменијаЗНАМВелко НеделковскиДаниел ДефоРусијаАли АхметиЧасовен појасСоцијалдемократска унијаЈарец (хороскопски знак)Демографија на МакедонијаВтора светска војнаПисмоМирко ПоповЕзопАвтоимуна болестПоезијаНепалЧир на желудникотРајко ЖинзифовKлиндамицинСтудена војнаАвантурите на ПинокиоМетафораВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)26 мартХидроксидКонцертСкопски земјотрес (1963)УметностГарванот (поема)ПустинаСвети НиколеРазловечко востаниеСписок на реки во МакедонијаЗаздравување на ранаМухамедИнфективна мононуклеозаКамилиАнтибиотикСвети Климент ОхридскиЗаконодавна властОбединети за МакедонијаКочаниЦрнила (драма)Самоилово Царство20000 милји под моретоМакедонски парламентарни избори (2024)ВселенаОбединето КралствоСојуз на комунистите на МакедонијаНАТО-во бомбардирање на СР Југославија🡆 More