Хондурас

Хондурас (шпански: Honduras) или официјално Република Хондурас (República de Honduras) — држава во копнена Северна Америка.

На север излегува на Карипското Море, додека на југ излегува на Тихиот Океан. На запад, Хондурас се граничи со Гватемала, на југозапад со Ел Салвадор и на југоисток со Никарагва.

Република Хондурас
República de Honduras
Хондурас Хондурас
Знаме Грб
Гесло"Libre, Soberana e Independiente"(шпански)
"Слободна, суверена и независна"
ХимнаНационална Химна на Хондурас
Хондурас
Местоположба на Хондурас
Главен градТегусигалпа
14°6′N 87°13′W / 14.100° СГШ; 87.217° ЗГД / 14.100; -87.217
Најголем град главниот град
Службен јазик шпански
Народности  90% мешани
7% староседелци
2% црнци
1% белци
Демоним Хондурашани

(Хондурашанец/Хондурашанка)

Уредување Република
 •  Претседател Хуан Орландо Эрнандес
 •  Заменик претседател Рикардо Альварес
Независност
 •  од Шпанија 15 септември 1821 
 •  од Федерална Република во Средна Америка 31 мај 1838 
Површина
 •  Вкупна 112,492 км2 (102-ра)
Население
 •  проценка за август 2009 г. 7.810.848 (93-та)
 •  Попис 2000 6.975.204 
 •  Густина 64 жит/км2 (128-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $32.779 милијарди 
 •  По жител $4.275 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $14.001 милијарди 
 •  По жител $1.826 
Џиниев коеф. (1992–2007)55.3
висок
ИЧР (2013) 0.617
среден · 129та
Валута Лемпира (HNL)
Часовен појас CST (UTC-6)
Се вози на десно
НДД .hn
Повик. бр. 504

Поранешното име на државата било Шпански Хондурас, за да се разликува од поранешниот Британски Хондурас, денес Белиз. Вкупната површина на Хондурас изнесува 112.492 со вкупно население од 7.810.848 жители. Главен град на државата е Тегусигалпа, додека службен јазик е шпанскиот јазик.

Потекло на поимот

Шпанците имале различни термини со кои ја означувале територијата која денес е позната како Хондурас.

  • Гвајмурас - е име кое Колумбо го дал за град кој е во близина на денешен Трухиљо кој подоцна станало име за целата територија
  • Хигуерас - е име кое се поврзува со плодови од дрвото Хикаро.
  • Хондурас - на шпански буквално значи „длабочина“. Ова се поврзува со изреката на Кристофер Колумбо кој по излегувањето од Хондурас рекол: „Благодарам на Господ што излеговме од оваа длабочина“ (Gracias a Dios que hemos salido de esas Honduras).

Историја

Географија и клима

Хондурас 
Карта на Хондурас.

Хондурас е држава во Северна Америка која на север излегува на Карипското Море, додека на југ излегува на Тихиот Океан. На запад, Хондурас се граничи со Гватемала, на југозапад со Ел Салвадор и на југоисток со Никарагва. Климата во државата е тропска, каде јужниот и централниот дел од земјата се релативно топли.

Територијата на Хондурас е воглавно составена од планини, но има и тесни долини покрај бреговите. Вкупната површина на Хондурас изнесува 112.492 км2 каде живеат околу 7.810.848 жители. Главен град на Хондурас е Тегусигалпа.

Политички систем

Хондурас е претседателска република, каде претседателот е шеф на државата и на владата. Извршната власт во државата е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на Националниот конгрес на Хондурас. Политичкиот живот е под доминација на конзервативната Национална партија на Хондурас и на Либералната партија на Хондурас. Уставно, судската власт е независна.

Административна поделба

Хондурас 
Карта на департманите во Хондурас

Хондурас е поделен на 18 департмани, и тие се:

  1. Атлантида
  2. Чолутека
  3. Колон
  4. Комајагва
  5. Копан
  6. Кортес
  7. Ел Параисо
  8. Франсиско Моразан
  9. Грасиjас а Диос
  10. Интибука
  11. Заливски Острови
  12. Ла Паз
  13. Лемпира
  14. Окотепеке
  15. Оланчо
  16. Санта Барбара
  17. Валjе
  18. Јоро

Стопанство

Економијата на Хондурас е во поспор развој. Во последните години просечниот економски развој на земјата се проценил на 7% што ја направило земјата една од најбрзо растечките економии во Северна Америка, но сепак и денес околу 50% од населението живее во сиромаштија. Според Светската банка, Хондурас е една од трите најсиромашни држави во западната полутопка, по Хаити и Никарагва. Се проценува дека има околу 27.9% невработеност.

Население, јазик и религија

Хондурас 
Сан Педро Сула.
Податотека:Tgu6.jpg
Катедрала во Тегусигалпа.

Според ЦИА, Хондурас има население од 7.48 милиони жители. Етнички гледано, населението на Хондурас е составено од околу 90% мешано население, 7% староседелско население, 2% црно население и 1% бело население.

Седумте признати староседелски етнички групи во Хондурас се:

  • Чорти, мајански народ
  • Гарифуна, кои зборуваат аравачки јазик
  • Печи
  • Толупани
  • Ленка
  • Мискито

Хондурас е христијанска земја, каде 97% се Католици и 3% се Протестанти. Службен јазик во државата е шпанскиот, но се зборуваат и локални јазици.

Верници во Хондурас
Христијани
  
87,60 %
Муслимани
  
0,10 %
Без Религија
  
10,50 %
Будисти
  
0,10 %
Народна Религија
  
1,10 %
Други
  
0,60 %

Култура

Хондурас има богата култура. Денес најпознат хондурски сликар е Хосе Антонио Велсакез, но и Карлос Гарај и Роке Зелаја. Двата најпознати хондурски писатели се Фројлан Туркиос и Рамон Амаја Амадор. Меѓу музичарите познати се Рафаел Коело Рамос, Лидија Хандал и други. Меѓу шпанско говорното население околу Хондурас, населението е познато како Катрачо или Катрача (женски), што се смета за комплимент.

Галерија

Наводи

Поврзано

  • Тегусигалпа
  • Шпански Хондурас
  • Копан
  • Кралство Гватемала
  • Федерална Република во Средна Америка

Надворешни врски

Tags:

Хондурас Потекло на поимотХондурас ИсторијаХондурас Географија и климаХондурас Политички системХондурас Административна поделбаХондурас СтопанствоХондурас Население, јазик и религијаХондурас КултураХондурас ГалеријаХондурас НаводиХондурас ПоврзаноХондурас Надворешни врскиХондурасГватемалаЕл СалвадорКарипското МореНикарагваСеверна АмерикаТихиот ОкеанШпански јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонско востаниеГрбови на МакедонијаДождАтрибут во македонскиот јазикСкржавецот (Плавт)Големи и мали (роман)Автобиографија (Григор Прличев)Магнетно полеПопис на населението во Македонија (2021)Општина КавадарциТони НаумовскиСкиентологијаКарлес ПуџдемонДропкаОхридПреспански договорЦар СамоилСпектрална бојаСДСМГлаголицаПрекршување (физика)Илинденско востаниеПивоКитовиМиом на маткаГлигор ПоповскиАли АхметиСтарогрчка митологијаДојранско ЕзероМакедонски парламентарни избори (2016)Државни празници во МакедонијаСтрофаТестостеронКисел дождПанкреасПарадоксот на ДиогенХематокритАлжирАнархизамНатриум хидроксидХемофилијаОбновливи извори на енергијаМакедонска крвава свадба (филм)Надреден знакСписок на повикувачки броеви на земјитеЛегендаТанец (ансамбл)МалтаЗаштита на потрошувачитеКрпен животАлександар III МакедонскиМарко ПолоСветлинаБеспокојствоПертусисАнглиски јазикТрифун КостовскиСоединети Американски ДржавиМакедонија (регион)Отоманско ЦарствоЛеукемијаМакедонска револуционерна организацијаСкриеносеменициДекамеронЈордан Хаџи Константинов-ЏинотРисОпштина ЦентарМесопотамијаПиринејски ПолуостровЕрменијаРак на панкреасотГабаАрхимедВелосипедВилијам ШекспирСрбијаБојан (роман)🡆 More