Филм Кралот На Кралевите

„Кралот на кралевите“ (англиски: King of Kings) — американски филм, во режија на Николас Реј.

Главните улоги ги толкуваат: Џефри Хантер (во улогата на Исус), Роберт Рајан (како Јован Крстител), Рон Рендал и Рип Тори. Како раскажувач во филмот е појавува Орсон Велс. Овој филм се смета за еден од најдобрите кои го опишуваат животот на Исус Христос.

Филм Кралот На Кралевите
Кармен Севиља како Марија Магдалена на фотографија за публицитет за филмот

Содржина

Фабулата на овој филм се носи со две страни: историска и евангелска. Таа започнува со приказот како тоа Ерусалим и сета земја паднаа под Римска власт преку заповедта на Помпеј во 63 година пред Христа. Меѓутоа, надежта на народот е дека Бог ќе им испрати Спасител-Месија којшто ќе ги избави од сета тиранија на наметнатата власт. На ова се надоврзува евангелската фабула која го следи животот на Исус од Назарет основана на четирите Евангелија: неговото раѓање во Витлеем (првиот Божиќ), Крштението, изборот на апостолите, проповедите и чудата, неговите страданија во Ерусалим, за на крајот да заврши со Воскресението и Заповедта за Крштение на сите народи. Дополнително на оваа евангелска фабула е нејзиниот историски контекст: лик кој е речиси рамноправен со Христос е Варава, револуционер и бунтовник против Римската власт, ослободен за Пасха како што Христос е испратен на Голгота на Распетие. Варава во филмот го претставува „оганот“ и „мечот“, додека Христос е претставник на мирот и на братството на сите луѓе. Во однос на последново се поставува и римскиот стотник Лукијан: преку колежот на Витлеемските деца и активноста на св. Јован Крстител тој се запознава со Христијанството, за на крајот, при самиот Крст Исусов, да Го исповеда Исус како Христос.

Наводи

Tags:

Јован КрстителАнглиски јазикИсус ХристосФилм

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Скопски земјотрес (1963)ФлејтаОливера НиколоваСоединети Американски ДржавиСкратеницаИзборна единица 5УкраинаМалиот принцРепублика КосовоИзвори на енергијаВилијам ШекспирБогородичната црква во ПаризОдбојкаОрхидеиОпштина Ѓорче ПетровПресметување на датумот на ВелигденАтопичен дерматитЛила СтојановскаОдземањеПолурамнинаРеноСреден клеточен волуменХепатитАтомМакедонска револуционерна организацијаСреден векПерси ФосетОпштина Сарај26 мартПипи Долгиот ЧорапПридавки во македонскиот јазикВселенаДимитар ВлаховДен на независноста на МакедонијаПаркинсонова болестМатерицаБитолска тврдинаНационален парк МавровоЗемјотресКонцертКлинесто писмоЦрн дробВенко ФилипчеГоце ДелчевРазловечко востаниеРак на желудникТартифЛирикаСвети Наум Охридски ЧудотворецМакедонска крвава свадбаРобинзон КрусоВелигденАнтониа ГиговскаСердаротМалтаСрбијаБедија БеговскаСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Константин МиладиновСмртРизичен капиталМихајло АпостолскиЛеукемијаИзборна единица 1Методија Андонов-ЧентоЗоран ЗаевБогородицаРомео и ЈулијаОксидационо-редукциона реакцијаОбединето КралствоКиро ГлигоровИзборна единица 3Ѕвезда од КутлешХристо ТатарчевЦрни и жолтиПрометејСкопје🡆 More