Северна Кореја

Демократска Народна Република Кореја (корејски: 조선민주주의인민공화국) или позната како Северна Кореја е држава во Источна Азија која го зазема северниот дел од Корејскиот Полуостров.

Главен град на ДНР Кореја е Пјонгјанг, а службен јазик во државата е корејскиот јазик. ДНР Кореја се граничи со Кина на север и со Република Кореја на југ. Во крајниот северен дел има допирна точка и со Русија, преку реката Тумен.

Демократска Народна Република Кореја
조선민주주의인민공화국  (корејски)
Chosŏn Minjujuŭi Inmin Konghwaguk
Северна Кореја Северна Кореја
Знаме Грб
Гесло강성대국
„Моќна и просперитетна нација“
ХимнаПатриотска песна
Локација на Северна Кореја
Локација на Северна Кореја
Локација на Северна Кореја
Главен град
(и најголем)
Пјонгјанг
39°2′N 125°45′E / 39.033° СГШ; 125.750° ИГД / 39.033; 125.750
Службен јазик корејски
Служебно писмо Чосонгул
Демоним Кореец
Уредување Унитарна еднопартиска Социјалистичка Република под Tоталитарна Диктатура
 •  Вечен претседател Ким Ил Сунг (починат)[a]
 •  Врховен водач Ким Џонг Ун
 •  Претседател на Националниот совет Ким Џонг Ун
 •  Претседател на Собранието Чое Рионг-хае
 •  Премиер Ким Ток Хун
Законодавство Врховно народно собрание
Формирање
 •  Советската администрација 3 октомври 1945 
 •  1-а привремена влада 8 февруари 1946 
 •  2-а привремена влада 22 февруари 1947 
 •  Основана КНДР 9 септември 1948 
 •  Тековен устав 27 декември 1972 
Површина
 •  Вкупна 120.540 км2 (98.)
 •  Вода (%) 0,11
Население
 •  проценка за 2023 г. 26.072.217 (54та)
 •  Густина 212 жит/км2 (45та)
БДП (ПКМ) проценка за 2015 г.
 •  Вкупен 40 милијарди долари 
 •  По жител 1800 долари 
БДП (номинален) проценка за 2019 г.
 •  Вкупно 16 милијарди долари 
 •  По жител 640 долари 
Валута Севернокорејски вон (KPW)
Часовен појас PYT (UTC+9)
Датумски формат гггг/мм/дд (CE)
Се вози на десно
НДД .kp
Повик. бр. +850
^ a. умрел 1994, назначен во 1998.
^ b. Ким Јонг Нам е шеф за надворешни работи.

Корејскиот Полуостров бил под управа на Корејската Империја сè додека истиот не бил заземен од Јапонија по Руско-јапонската војна во 1905 година. По 1945 година, по завршувањето на Втората светска војна, полуостровот бил поделен на две влијателни зони, односно јужниот дел бил под управа на САД, а северниот под Русија. Набрзо, двата окупирани дела создале свои владини тела и двете новосоздадени држави тврделе дека целиот полуостров е под нивна контрола што довело до Корејската војна во 1950 година. Оваа Корејска војна завршила со договор во 1953 година, но официјално двете држави се сè уште во војна бидејќи договорот кој го потпишале не бил мировен. В0 1991 година двете држави биле примени како членки на ООН.

ДНР Кореја е еднопартиски систем каде владее Демократскиот фронт за обединување на татковината предводен од Корејската Работничка Партија. Владата на ДНР Кореја ја следи идеологијата на Џуче која се заснова на самоподршка и била елаборирана од поранешниот претседател Ким Ил Сунг. По неговата смрт, Ким Ил Сунг бил прогласен за Вечен претседтeл на Републиката. Истовремено, Џуче станала официјална државна политика кога се усвоил уставот од 1972 година, иако Кил Ил Сунг ја користел оваа идеологија уште од 1955.

По падот на Советскиот Сојуз, проследен со неколку природни непогоди во ДНР Кореја, државата се соочила со голем глад, што резултирал со смрт на 900.000 до 2 милиони жители. Соочувајќи се со оваа новонастаната ситуација, Ким Џонг Ил го усвоил Сонгунот или „воената политика“ за да ја зацврсти државата и владата. Иако официјално ДНР Кореја е социјалистичка држава, многу странски организации ја посочуваат како тоталитарно сталинистичко диктаторство со силен развиен култ кон Ким Џонг Ил и неговото семејство, проследено со најлоши човекови права во светот. ДНР Кореја е држава со најмногу војска во светот со околу 9.495.000 активен, резервен и паравоен состав. Покрај тоа, ДНР Кореја е држава со јадрено оружје и има активна јадрена програма. Поради таинственоста на владата и недозволувањето на слободен проток на странски лица во државата, ДНР Кореја се смета за најизолирана држава во светот.

Потекло на поимот

Службеното името на државата е Демократска Народна Република Кореја што го опфаќа, барем официјално, општественото уредување на земјата. Зборот Кореја, кој инаку е име и на јужниот сосед, потекнува од називот на една од династиите кои владеела со Кореја. Имено, зборот е добиен од династијата Горје, династија која се поврзува со Кралството Гогурје. Денешната форма „Кореја“ е заснована на персиската форма за именување на старото кралство. Кореја во ДНР Кореја се нарекува Чосон (조선), а во Република Кореја се нарекува Хангук (한국). Двете имиња се поврзани со две династии кои владеле со Кореја, односно со династиите Џосен и Гоџесен.

Историја

Северна Кореја 
Карта на С. Кореја

Според легендите прв корејски крал бил Тан-Гун кој во 4270 г. пред нашата ера го основал древното Корејско кралство Ко-Чосан каде што главен град бил Пјонгјанг. Во времето на владеење на Лиланг од 106-37 г. пред нашата ера северниот дел на Кореја го зазема кинеската династија Хан. Когурио- го основал кралството Ко Жу Монг и 277 г. пред нашата ера создал држава во северниот дел на Кореја. Уште владееле повеќе кралеви во разни периоди како: Пекче и Шила. Двете кралества Пекче и Когурио пропаѓаат и како најјако кралство станува Шила кое во 668год. го соединила полуостровот во една држава. Генералот Ји Сонги во 1392 г. го променил името на земјата во Чосон како што Корејците денеска ја викаат Кореја. Династијата Ји владеела со Кореја околу 500 г. Од 1910-1945 г. Северна Кореја била под окупација на Јапонија т.е. била колонија. Владеела со Северна Кореја до крајот на Втората светска војна кога врз Јапонија била фрлена атомска бомба и Јапан бил приморан да капитулира. Со помош на Русија на власт во С.Кореја доаѓа Ким Ил Сунг и застанува на чело на Времениот Народен Комитет т.е. централно времено уредување основано во Пјонгјанг и на 16 септември е формирана КДП (Корејска Демократска Партија). Со влијанието на САД во јужниот дел на Кореја на 15 август 1948 г. се одржуваат избори и се формира Република Кореја. Во Северна Кореја се одржуваат избори и на 25 август 1948 е создадена Демократска Народна Република Кореја, каде на чело на државата застанува Ким Ил Сунг како премиер.

Географија и клима

Северна Кореја 
Топографска карта на ДНР Кореја.

ДНР Кореја е независна држава која го зазема северниот дел од Корејскиот Полуостров и зазема вкупна површина од 120.540 км2. На југ ДНР Кореја се граничи со Република Кореја, која всушност не е стандардна гранична линија. На север ДНР Кореја се граничи со Кина, а сосема на северниот дел има допирна точка со Русија. На запад ДНР Кореја излегува на Жолтото Море и Корејскиот Залив, додека на исток излегува на Јапонското Море. Највисока точка во ДНР Кореја е планината Бекду со 2744 метри надморска височина. Најдолга река во ДНР Кореја е реката Амнок и има должина од 790 километри.

ДНР Кореја има континентална клима со четири различни сезони. Долгите зими во ДНР Кореја носат ладно време, проследено со обилни снегови како резултат на ветровите од Сибир. Просечни врнежи на снег има околу 37 дена и најладно е во северните предели. Летата во ДНР Кореја се пократки, топли, суви и дождливи поради појавата на монсуни. Просечно, еднаш лете има и тајфуни. Пролетта и есента се преодни годишни сезони карактеристични со умерена температура.

Политички систем

Северна Кореја 
Ким Џонг Ил со Владимир Путин.

Политиката на ДНР Кореја ја следи идеологијата Џуче, чиј основен концепт е самоиздршката на општеството. Оваа идеологија е опишана од некои извори како „наследно диктаторство“ со изразен култ кон личноста на Ким Ил Сунг, основачот на ДНР Кореја и прогласен Вечен претседател на Републиката.

Иако службата на претседателот во ДНР Кореја е церемонијано извршувана од Ким Ил Сунг, вушност како претседател до 2011 бил Ким Џонг Ил, а од 2011 Ким Џонг Ун, кој е претседател на комисијата за национална одбрана. Законодавно тело во државата е Врховното Народно Собрание, чиј сегашен претседател е Ким Јонг Нам. Премиер на ДНР Кореја е Че Јонг Рим.

Политичката структура на ДНР Кореја е опишана во уставот. Државата е еднопартиско општество каде владее Демократскиот фронт за обединување на татковината предводен од Работничката Партија на Кореја и уште две помали партии, Корејската Социјалдемократска Партија и Партијата на младите пријатели на Небесниот пат.

Административна поделба

Северна Кореја или официјално ДНР Кореја е територијално поделена на: девет покраини, три специјални региони и два града под државна управа. Тие се:

Северна Кореја 
Основна поделба на ДНР Кореја.
Северна Кореја 
Поголеми градови во ДНР Кореја.
име чосонгул ханча
Непосредно управувани градови
1 Пјонгјанг 평양직할시 平壤直轄市
2 Расон 라선직할시 羅先直轄市
Специјални административни региони
3 Кесонг 개성공업지구 開城工業地區
4 Кумганг 금강산관광지구 金剛山觀光地區
5 Синејџу 신의주특별행정구 新義州特別行政區
Покраини
6 Чаганг 자강도 慈江道
7 Северен Пјонган 평안북도 平安北道
8 Јужен Пјонган 평안남도 平安南道
9 Јужно Хвангхе 황해남도 黃海南道
10 Северно Хвангхе 황해북도 黃海北道
11 Кангвон 강원도 江原道
12 Јужен Хамгјонг 함경남도 咸鏡南道
13 Северен Хамгјонг 함경북도 咸鏡北道
14 Рјанганг * 량강도 兩江道
* – познат во јужните дијалекти како „Јанганг“ (양강도).

Поголеми градови

  • Пјонгјанг
  • Хамхунг
  • Чонгџин
  • Нампо
  • Синејџу
  • Вонсан
  • Пјонгсонг
  • Саривон
  • Анџу
  • Хеџу
  • Канггје
  • Кимчек
  • Хјесан
  • Кесонг
  • Сонгрим
  • Херјонг

Економија

ДНР Кореја има индустриска, автарска, виско централизирана контролирана економија. ДНР Кореја е една од двете земји во светот каде владата целосно ја планира еконимијата, другата е Куба. Централниот комитет за планирање подготвува, надгледува и имплементира економски планови, додека Генералното биро за покраинска индустрија во секој регион е одговорно за менаџериња на локалното производство, како и за обезбедување на ресурси и пласман.

Поради економската изолација и контрола, меѓународната трговија е ограничена. ДНР Кореја донела закон во 1984 година со кој се овозможило странски инвестиции да бидат застапени на пазарот, но не се донеле значителни инвестиции па така во 1991 се основала економската специјална зона Раџин Сонбонг.

Демографија

Северна Кореја 
Корејци во ДНР Кореја.
    Население

ДНР Кореја има население од околу 24 милиони жители и една од најхомогените лингистичка и етничка нација во светот, каде најголем дел се Корејци и зборуваат корејски јазик. Во државата има мал број на Кинези, Јапонци, Виетнамци и други. Според ЦИА, животниот век во ДНР Кореја бил 63.8 години во 2009. Смртноста на новороденчињата изнесува 51.3, што е 2.5 поголем повисок од тој на Кина, 5 пати повисок од тој на Русија и 12 пати поголем од тој на Република Кореја.

    Јазик

ДНР Кореја го споделува истиот јазик со Република Кореја, каде во двете држави корејскиот е службен. Сепак, има некои дијалектни различности меѓу земјите и политичката граница не е во согласност со дијалектните граници. Карактеристично за корејскиот јазик во Република Кореја е тоа што има прифаќано нови современи зборови од странско потекло, што не случај за корејскиот во ДНР Кореја. Кинеските знаци не се користат во ДНР Кореја, но во Република Кореја понекогаш се користат. Исто така, има разлики во писмената форма, и таа во ДНР Кореја се вика Чосонгул, а во Република Кореја Хангул, и официјалните транскрипции во државите се разликуваат исто така.

    Религија

Според Religious Intelligence, населението на ДНР Кореја во поглед на религијата е следното:

  • без религија: 15.460.000 или 64.3% од населението - голем дел се следбеници на идеологијата Џуче
  • корејски шаманизам: 3.846.000 или 16% од населението
  • чендоизам: 3.245.000 или 13.5% од населението
  • будизам: 1.082.000 или 4.5% од населението
  • христијанство: 406.000 или 1.7% од населението
Верници во Северна Кореја
Без Религија
  
64,3 %
Шаманизам во Кореја
  
16 %
Чендоизам
  
4,5 %
Христијани
  
1,7 %

Култура

    Државни празници
датум име забелешка одбележување
1 јануари Нова Година
8 јануари Роденден на Кин Џонг Ун
16 февруари Роденден на Ким Џонг Ил 2 дена
1 ден на 1 месечен месец Селал 3 дена
15 април Роденден на Ким Ил Сунг 2 дена
25 април Ден на военото создавање
1 мај Ден на трудот
5 ден од 5 месечев месец Дано
27 јули Ден на победата
15 август Ден на ослободувањето Се одбележува повлекувањето на Јапонија по Втората светска војна
9 септември Ден на независност Основање на ДНР Кореја во септември 1948
15 ден од 8 месечев месец Чусек 3 дена
10 октомври Ден на основањето на партијата Основање на Работничката партија на Кореја.
27 декември Ден на уставот Донесување на уставот од 1998.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Северна Кореја Потекло на поимотСеверна Кореја ИсторијаСеверна Кореја Географија и климаСеверна Кореја Политички системСеверна Кореја Административна поделбаСеверна Кореја ЕкономијаСеверна Кореја ДемографијаСеверна Кореја КултураСеверна Кореја НаводиСеверна Кореја ПоврзаноСеверна Кореја Надворешни врскиСеверна КорејаИсточна АзијаКинаКорејски ПолуостровКорејски јазикПјонгјангРепублика КорејаРусијаТумен (река)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Предмет-подмет-прирокКошаркаМовЕнтерококиОпштина КарпошСписок на планини во МакедонијаПтициСребреницаНационален парк ГаличицаВселенска тркаМеѓународни празнициЛимонска киселинаХипертироидизамШвајцаријаАна ФранкПоштенски броеви во МакедонијаЖирафаГлуварчеОхридско ЕзероJava (програмски јазик)Алцхајмерова болестСписок на реки во МакедонијаЦрн ДримНационализамЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеЛазарова саботаФеникиска азбукаИндијаСахараОпштина КумановоОпштина Кисела ВодаМис Елен СтонВојдан ЧернодринскиЗагадување на воздухотМакедонски јазикМакедонски парламентарни избори (2020)Вооружени сили на ИранУметностАргентинаАвстралијаОпштина ТетовоДен на РепубликатаКисел дождЈапонијаПоетКоле НеделковскиСеверна АмерикаЕстивацијаБели мугриХематокритДлабочелен смокРајко ЖинзифовНационален парк МавровоРан нов векАфрикаБразилПневмонијаСпомен-куќа на Мајка ТерезаСлезинаВолфганг Амадеус МоцартДемир КапијаСтрушки вечери на поезијатаРак на грлоРамностран триаголникЕгејска МакедонијаАлжирПараштитна жлездаУниверзална сала – СкопјеВидови аглиИсторија на христијанствотоУстав на МакедонијаБаснаHTMLСреден векОче нашНевронЛеонардо да Винчи🡆 More