Musicbrainz: семрежна база на метаподатоци за музиката

MusicBrainz (изг.

мјузикбрејнс) — отворена музичка база на податоци слична на проектот freedb, а основана како одговор на ограничувањата наметнати врз CDDB. Меѓутоа, MusicBrainz не собира само метаподатоци з компактни дискови, туку претставува структурирана бааза за музиката воопшто.

favicon of MusicBrainz MusicBrainz
Wiki МакедонскиMusicBrainz logo
Вид место
семрежна музичка енцклопедија
СопственикЗадолжбина MetaBrainz
АдресаMusicBrainz.org
Место на Алексанагативен пораст 25.763 (април 2014)
Комерцијалноне; ЈС/CC-BY-NC-SA
Зачленувањесе бара за уредување податоци

Базата чува информации за музичарите, нивните снимени дела и односот помеѓу нив. Минималната содржина на секој запис снимено дело опфаќа наслов на албумот, насловите на нумерите и времетраењето на секоја нумера. Записите ги пишуваат и одржуваат доброволни уредници, кои ги следат пишаните правила за стилот на заедницата. Во записите може да стои и земја и година/датум на издавање, назнака на ЦД-то, омотот, акустички отпечаток, прибелешки во слободен текстуален облик, како и други метаподатоци. На 6 февруари 2014 г., MusicBrainz содржел информации за околу 850.000 музичари, 1,3 милиони издадени дела и 13,5 милиони снимки.

Крајните корисници може да бидат програми што се поврзуваат со MusicBrainz за да додаваат метаподаточни ознаки во нивните дигитални снимки во облик на MP3, Ogg Vorbis или AAC.

Програми што ја користат базата

  • Amarok — аудиоизведувач на KDE
  • Banshee — повеќеподложен аудиоизведувач
  • Clementine — повеќеподложен аудиоизведувач
  • CDex — ЦД-преземач за Microsoft Windows
  • iEatBrainz — изведувач за Mac OS X (вон употреба)
  • Jaikoz — масовен уредник на ознаки со Јава
  • Max: ЦД-преземач за и прекодирачна аудиоснимки за Mac OS X
  • Mp3tag — уредник на метаподатоци и музички организатор за Windows
  • MusicBrainz Picard — повеќеподложен уредник на ознаки за албуми
  • MusicBrainz Tagger — уредник на ознаки за Windows (вон употреба)
  • puddletag — уредник на ознаки за PyQt под лиценцатаОЈЛ3
  • Rhythmbox — аудиоизведувач за Unix-системи
  • Sound Juicer: — ЦД-преземач GNOME
  • делот foo_musicbrainz за Foobar 2000: Music Library/Audio Player
  • Beets — автоматски означувач/организатор со наредбен ред за Unix-системи.

Покрај тоа, корисничките програми на freedb можат да дојдат до податоците на MusicBrainz преку протоколот на freedb, користејќи ја преодната служба од MusicBrainz кон FreeDB наречена mb2freedb.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Musicbrainz Програми што ја користат базатаMusicbrainz ПоврзаноMusicbrainz НаводиMusicbrainz Надворешни врскиMusicbrainzБаза на податоциИзг.Компактен дискМузикаОтворена содржина

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

БитолаПреспаМечкаСписок на државни знамињаФондација ВикимедијаШвајцаријаЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридТрапезЖивотниКалендар на Велигденски датумиАрхангел (музичка група)Петре М. АндреевскиВолкашинФК ВардарАреаАлбански јазикНационален парк ПелистерСмоларски ВодопадТромбоцитопенијаЛавЛеукемијаКалеш АнѓаМакедонски народни носииВодноГолеми и мали (роман)Константин МиладиновАвантурите на Том СоерЗнаме на МакедонијаМакедонски ораВевчаниСвети ГеоргиГорјан ПетревскиФранцијаКалиум перманганатХристијанствоИзбори во МакедонијаКиро ГлигоровОпштина Гази БабаДора БакојаниСтарословенска азбукаСончев СистемОсличДвижење БесаАлопецијаМозокМикеланџело БуонаротиМатка (кањон)Весна БендевскаКронова болестКатлановска БањаБорис СарафовДПАБисера Костадиновска-СтојчевскаКипарДемографија на МакедонијаВрело (пештери)ЅидБелото ЦиганчеБојата на пурпуротЕтанолЕгипетМачкаЛевица (политика)Список на македонски народни поговоркиМакедонски парламентарни избори, 1998Цистична фиброзаАдам и ЕваХипотироидизамБалкански ПолуостровМакедонска крвава свадбаПоткастОпштина Кисела ВодаКорејски јазикДимитар КовачевскиБраќа МиладиновциЛокални избори во Македонија (2017)Државни празници во МакедонијаАмфетамини🡆 More