Евро: валута во повеќето држави во пската Унија

Еврото (банкарски код EUR, симбол €) е официјална валута на 20 од 27 земји членки на Европската Унија: Австрија, Белгија, Германија, Грција, Ирска, Италија, Кипар, Луксембург, Малта, Португалија, Финска, Франција, Холандија, Словачка, Словенија, Шпанија, Естонија, Латвија, Литванија и Хрватска (од 1 јануари 2023 година), заеднички познати како Еврозона.

Еврото исто така, со еднострана одлука е валута во Андора, Косово и Црна Гора, кои извршија еднострана евризација.

Евро
Евро: Историја, Мастришки критериуми, Употреба и регулирање Евро: Историја, Мастришки критериуми, Употреба и регулирање
Банкноти€1 монета
ISO 4217
КодEUR
Број978
Показател2
Составници
Надединица
 1/100цент
вистинската употреба варира во зависност од јазикот
МножинаВиди лингвистички прашања
Симбол
ПрекарЕдинствената валута
Банкноти
 Чести€5, €10, €20, €50
 Ретки€100, €200, €500
Монети
 Чести1c, 2c, 5c, 10c, 20c, 50c, €1, €2
освен ако не е поинаку наведено како ретко користено
 Ретки1c и 2c
(се однесува на Финска и Холандија)
Демографија
Воведена1 јануари 2002
Офиц. корисници
Неофиц. корисник/циЕвро: Историја, Мастришки критериуми, Употреба и регулирање Косово
Евро: Историја, Мастришки критериуми, Употреба и регулирање Црна Гора
Издавач
Централна банкаЕвропска централна банка
 Мреж. местоecb.europa.eu
Печатар
 Мреж. место
Вредност
Инфлација8,6% (јуни 2022)
 ИзворECB, јуни 2009
 НачинУСПЦ
Врзувач

Данска и Велика Британија го искористиле правото за останување надвор од Еврозоната, а Грција (порано) и Шведска формално не ги задоволувале критериумите од мастричката конференција. Подоцна Грција ги задоволила споменатите критериуми и во еврозоната влегла 2001 година а додека Шведска и понатаму е надвор од Еврозоната, во прв план затоа што нејзините граѓани двапати на референдумот се изјасниле против воведувањето на еврото како национална валута на Шведска. По финансиската криза која ја зафатила Грција, во 2010 година се појавиле можности земјата да ја напушти Еврозоната.

Историја

Евро: Историја, Мастришки критериуми, Употреба и регулирање 
Euro 2023

За воведување на европската валута биле потребни големи подготовки, но почетокот може да се каже дека е потпишувањето на Римскиот договор во 1957 година, со кој се создава Европска економска општественост. Основите пак, на економскиот, валутниот и политичкиот сојуз се поставуваат со потпишувањето на Мастритскиот договор од 1992 година, а заедно со тоа се создава и единична европска валута. Во текот на 1995 година, на Европскиот совет кој се одржал во Мадрид, државите членки го назначиле еднодушно еврото како идна европска валута.

Еврото беше воведено на финансиските пазари на 1 јануари 1999 година, а беше пуштено во оптек на 1 јануари 2002. Негов претходник беше екито.

Мастришки критериуми

Сите членови на Европската Унија множат да го прифатат еврото како своја национална валута доколку ги исполнуваат следните критериуми:

  • стабилност на цените
  • финансиската положба на јавниот сектор (финансискиот дефицит мора да биде помал од 3% од БДП)
  • висока стабилност на домашната валута
  • конвергенција на просечната домашна каматна стапка во однос на просек три земји членки со најмали камати
  • правни прописи со финансиските институции кој ја гарантираат независноста на националната централна банка и нејзината прилагоденост со условите на работа со Европските централни банки.
  • реална конвергенција на националната економија

Употреба и регулирање

Еврото е парична единица која е раководена од страна на Европската Централна банка(ECB) која се наоѓа во Франкфурт и европскиот систем од централни банки (ESCB) во која спаѓаат народните банки на сите членови на Европската Унија. Како независна банка, ECB ја има власта да ја определи паричната политика на унијата. Таа учествува во печатењето на парите, нивното распространување во сите држави-членки, како и во работата на системот за плаќање во еврозоната.

Евро: Историја, Мастришки критериуми, Употреба и регулирање 
Европската кула во Франкфурт

Еврото е официјална валута на 13 од 25 земји. Еврото се користи како официјална валута и во Монако, Сан Марино и Ватикан, и покрај тоа што овие држави не се членови на Европската Унија. Пред воведувањето на европската валута, овие држави го користеле францускиот франк или италијанската лира, но по нивното уништување тие го примиле еврото како национална валута.

Овие држави се лицензирани од Европската банка да издаваат сопствени монети и покрај тоа што тие не се членови на Европската Унија. Друѓи држави кои не се дел од сојузот, а го користат еврото како платржно средство се Андора, Црна Гора и покраината Косово.

Банкноти и монети

Евро: Историја, Мастришки критериуми, Употреба и регулирање 
Знакот на еврото

Еврото е разделено на 100 центи (понекогаш се нарекува евроценти). Сите распространети евро-монети на својата позадина имаат своја општа големина со определена ознака, а на другата е покажана некоја слика кое обично се избира од државата која монетата ја пушта во промет. Една евромонета произвдена во една држава може да се користи во која и да е друга држава која како национална валута го користи еврото. Евро монетитекои се користат во земјите кои го користат еврото се: €2(две евра), €1(едно евро), 50c(педесет центи), 20c(дваесет центи), 10c(десет центи), 5c(пет центи). Монетите од 1 и 2 цента не се користат во Финска и Холандија .

Сите евро банкноти имаат на своите страни некоја ценетост за секоја држава во зависност од тоа кој ја пушта во оптек. Обично украсот на банкнотата има нормална тема за европската архитектура во различни уметнички периоди. Исто така постојат банкноти и од 500€, 200€, 100€, 50€, 20€, 10€, 5€. Во некои држави банкноти од €500 не се издаваат, но остануваат официјално платежно средство.

Еврото има еднаква форма во сите држави и не се одликуваат со различни национални симболи. На „лицето“ на банкнотите има слика на врата или прозорец, кои го симболизираат духот на заедништвото и отворот на Европа кон светот. На обратната страна е насликан мост - симбол на врските помеѓу народот во унијата, како и останатиот свет. Заедно со тоа се испишани името на еврото и на Европската банка на сите јазици на државите од Еврозоната. (EURO и EYPΩ со латински и грчки букви, како и BCE, ECB, EZB, EKT, EKP - кратенка на Европската банка на 11 јазика). Карактеристично за бакнотите е, дека архитектурниот стил на сликите кои се изобразени врз банкнотите се променува од класичната епоха (€5), во текот на средновековието (€10, €20), ренесансата и барокот (€50, €100) до современата архитектура (€500) со зголемување на номиналната вредност.

Во февруари 2015 година, претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, ја претставил новата банкнота од 20 евра, чие пуштање во употреба било закажано за 25 ноември 2015 година. Новата банкнота од 20 евра, со димензии од 133 на 72 милиметри, има нов дизајн (готски стил во нијанси на сина боја) и подобрени безбедносни одлики. Оваа банкнота била трета во серијалот „Европа“, откако претходно во мај 2013 година биле пуштени новите банкноти од пет евра, а во септември 2014 година биле пуштени новите банкноти од десет евра. Подоцна била пуштена во оптек новата банкнота од 50 евра, а во 2018 година биле претставени новите банкноти од 100 и 200 евра чие пуштање во опток било закажано за 28 мај 2019 година. На тој начин била заокружена целата серија банкноти со мотиви од старогрчката митологија. Новите банкноти имаат различни холограми на сребрената лента и „смарагден број“ што ја прикажува деноминацијата со мали симболи во внатрешноста на броевите. Притоа, тие се одликуваат со подобри безбедносни одлики, поголема трајност и поголем квалитет во споредба со банкнотите од првата серија.

Во 2017 година, во оптек циркулирале 21,4 милијарди банкноти на еврото во вредност од 1 170 милијарди евра.

Специјален знак за европска валута

Тој беше замислен со големо проучување и иследување на граѓаните на Европската Унија, при што од оригиналните десет биле многу бргу елиминирани осум предлози. Тогаш, Европската комисија го избра финалниот крај. Победничкиот предлoг беше избран на белгиецот Алаин Билиет. Официјалната историја на историјата за цртеж на европскиот знак не била прифатена од Артур Есенменг, понарешен шеф, и графичен дизајнер за европската заедница, кој тврди дека симболот го направил четврт век претходно, сè со цел да биде општо прифатен за цела Европа.

Корисници

На крајот на 2006 година, 11 нови членки на Европската Унија кои користат свои сопствени валути, постигнаа договор за присоединување кон еврото. Ова се нивните договори за користење на европската валута:

Поради големата инфлација која ги зафати Литва и Естонија, тие го одложија присоединувањето кон еврото на 1 јануари 2007 година. Некои од нивните сопствени валути едноставно немале можност со урамнотежување со еврото.

Еврото и доларот

Со воведувањето на еврото, курсот спрема доларот се промени многукратно. На 1 јануари 1999 година едно евро се разменувало за 1,18 USD, но уште со воведувањето на еврото цената му цената започнала да се намалува. Некои евро-скептици гледале во оваа намалување знак за големо провалување на општата европска валута и го примале како доказ за погрешната монетарна политика на Европската Унија. На 26 октомври 2000 година, цената на еврото достигнала најниска вредност и се разменувала за 0,8252 USD. По оваа дата курсот на еврото започнува да се зголемува, кое било примано како знак за оптимизам на еврото.

Евро: Историја, Мастришки критериуми, Употреба и регулирање 
Курсот на доларот спрема еврото

Во почетокот на 2001 година достигнало до цена 0,96 USD. По неколку колебања курсот на еврото започнал многу да се зголемува во сооднос со долароти на јули 2002 година, едно евро се разменувало за еден долар. На 23 мај 2003 година, европската валута ја променила својата вредност од воведувањето и на 28 декември 2004 година достигнала најголема вредност во историјата си до ден денес од 1,3633 USD.

Трајното зголемување на цената на еврото започнува брзо по појавата на евро банкноти и монети на пазарот. Нискиот курс на еврото во периодот помеѓу 1999 и 2002 година се должи на недоверието на паричната единица, која не претставувала "реална" форма, и стравот дека проектот за една општа валута може да не е и колку добра идеја .

Друг фактор за намалувањето на курсот на еврото во тој период е фактот, дека многу народни банки продавале голем дел од резервите си во европска национална валута по нивните фиксирани курсеви помеѓу нив.

Тековен девизен курс на EUR
Од Google Финансии: MKD AUD CAD CHF GBP HKD JPY USD
Од Yahoo! Финансии: MKD AUD CAD CHF GBP HKD JPY USD
Од XE.com: MKD AUD CAD CHF GBP HKD JPY USD
Од OANDA.com: MKD AUD CAD CHF GBP HKD JPY USD

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Евро ИсторијаЕвро Мастришки критериумиЕвро Употреба и регулирањеЕвро Банкноти и монетиЕвро Специјален знак за европска валутаЕвро КориснициЕвро то и доларотЕвро БелешкиЕвро НаводиЕвро Надворешни врскиЕвроАвстријаАндораБелгијаВалутаГерманијаГрцијаЕвропска УнијаЕстонијаИрскаИталијаКипарКосовоЛатвијаЛитванијаЛуксембургМалтаПортугалијаСловачкаСловенијаФинскаФранцијаХоландијаХрватскаЦрна ГораШпанија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Црнила (драма)Теодосиј СинаитскиВиктор ИгоБразилМарокоИзборна единица 1Партија за движење на Турците во МакедонијаПочваМарко ЦепенковСрцева слабостВакцина против тетанусЗаштита на потрошувачитеЗлосторство и казнаЛевица (политичка партија)Балканска приказна (ТВ-серија)ПротестантствоДен на востанието на МакедонијаРисто НиковскиСтефан ДушанСеверна АмерикаКисел дождДелфинНародна Република КинаМиом на маткаЗевсГеографија на МакедонијаТаблица на изводиЦистична фиброзаДонтов методХороскопски знациПретседател на МакедонијаРадовишОпштина ЦентарПустина (роман)Сончев СистемОпштини во МакедонијаЛарингитисНеготиноБожествена комедијаЗагадување на воздухотПретседателМакедонски пасошСписок на змии во МакедонијаХемоглобинЕгипетДанте АлигиериДебело цревоСветско населениеСписок на градови во МакедонијаДвижење БесаНационален парк Шар ПланинаЗемји членки на Европската УнијаКсенија ПајчинЃомлезеГликемијаБолести и аномалии на очитеПсоријазаПечалбариОпштина Шуто ОризариСребреницаОпштина КавадарциТромбозаЛокални избори во Македонија (2021)Бели мугриАбортусКвадарШенка КолозоваСоцијалистичка Република МакедонијаАлпиФотосинтезаСписок на македонски зборови од турско потеклоТангентен четириаголникВладимир ТодоровиќАјватовциИсламски календарТунис🡆 More