Средоземно Море: море

Средоземно Море — дел од Атлантскиот Океан и е речиси целосно затворено со копно, на север со Европа, на југ со Африка и на исток со Азија.

Покрива површина од приближно 2,5 милиони км2. Средоземното Море или Медитеранот е внатрешно или средоземно море на Атлантскиот Океан. Сместено е помеѓу Европа, Африка и Азија. Зафаќа површина од 2 972 500 км2. На запад, преку Гибралтарскиот Проток се поврзува со Атлантскиот Океан, на југоисток преку Суецкиот Канал се поврзува со Црвеното Море и со Индискиот Океан. Средозменото Море, со во основа по линијата со Апенинскиот Полуостров и Сицилија се дели на западен и источен базен.

Средоземно Море
Средоземно Море: Географија, Наводи
Карта на Средоземното Море
Координати35°N 18°E / 35° СГШ; 18° ИГД / 35; 18
Видморе
Главни приливиАтлантски Океан, Мраморно Море, Нил, Ебро, Рона, Шелиф, По
Површина&100000000025000000000002,500,000 км2
Прос. длабочина1.500 м
Најг. длабочина5.267 м
Зафатнина3.750.000 км3
Проточност80-100 г.
Острови3300+
Населени местаАлександрија, Алжир, Атина, Барселона, Бејрут, Измир, Картагина, Рим, Тангер, Тел Авив, Триполи, Тунис

Во западниот базен се наоѓаат рабните мориња Лигурско и Тиренско Море, а во источниот Јадранското, Јонското, Егејското, Мраморното и Црното Море преку протоците Дарданели и Босфор. Бреговата линија на Средоземното Море е мошне разгранета, има многу заливи, полуострови и острови. Тоа особено важи за северните брегови. Поголеми заливи се Валенскиот Залив, Лионскиот и Хеновскиот Залив.

Во Средоземното Море се наоѓаат поголем број острови како, на пример: Беларските Острови, Корзика, Сардинија, Сицилија, Малта, Крит, Киклади, Споради, Кипар и северноегејските и јадранските острови.

Во Средоземното Море се влеваат реките Ебро, Рона, По, Вардар, Дунав, Дон, Нил и други. Температурата на водата е повисока во Јужните делови на Средоземното Море, а одејќи кон север се намалува. Растителниот и животинскиот свер во Средоземното Море и според видовите и според количеството се мошне сиромашни. Поради тоа, рибарството како стопанска гранка денес е во опаѓање. Најзастепени се сардините, папалините, скушите, лигните и други видови риби. Особено развиена стопанска гранка е поморскиот сообраќај. Во литоралниот појас во уште многу други пристаништа и населби е развиена индустријата која е главно ориентална на преработка на увозни суровини. Такви се: петрохемиската, текстилната, прехранбената индустрија и слично. Голем дел од стопанските активности во Средоземјето се ориентални кон туристичкото стопаснтво, изградени се голем број туристички центри во кои се реализира голем туристички промет. Овде посебно се истакнуваат: Шпанија, Хрватска, Италија и Грција.

Географија

Средоземно Море: Географија, Наводи 
Физичка карта на Средоземното Море.
Средоземно Море: Географија, Наводи 
Физичка и политичка карта на Средоземното Море.

Крајбрежни држави

Држави со излез на Средоземното Море се:

Главен правец е линијата Гибралтар - Суец, со многубројни попречни линии кои ги поврзуваат големиот број пристаништа на бреговите на трите континенти, а особено оние на европскиот конинент. Најпознати пристаништа се: Малага, Валенсија, Барселона, Марсеј, Џенова, Неапол, Палермо, Месина, Бари, Венеција, Трст, Риека, Сплит, Дубровник, Драч, Атина, Солун, Истанбул, Бургас, Одеса, Александрија,Бенгази, Триполи и Алжир.

Клима

Климата на Средоземното Море е условена од гоеграфската положба, од морските пространства, од африканскиот и од евроазискиот континент, како и од близината на Атлантикот. Таа е суптропска со благи врнежливи зими и жешки и суви лета. Просечните годишни температури се движат околу 16°С - 20°С. Ветровите се претежно со локален карактер, условени од заемното влијание на копното и морето. Облачноста е мала, со многу сончеви часови.

Наводи

Tags:

Средоземно Море ГеографијаСредоземно Море НаводиСредоземно МореАзијаАтлантски ОкеанАфрикаЕвропа

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Каролина ГочеваБозелСончев СистемПиреј (роман)ВевчаниМакедонски претседателски избори (2014)КожлеТестостеронМирјана НајчевскаРеферендум во Македонија (2018)Календар на Велигденски датумиПеколот (Божествена комедија)Масонска ложаАбортусШизофренијаАгресијаПанонски легендиВртоглавицаМакедонска радио-телевизијаТеодосиј СинаитскиБедија БеговскаКанцониеротРевизор (комедија)СребреницаСписок на македонски зборови од турско потеклоКирил ПејчиновиќГлаголицаЦигараСтрофаПалестина (држава)Калеш АнѓаЛимфоцитКвадарФашизамИсторија на христијанствотоПетар ПанЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеСписок на македонски народни поговоркиПрва помошПрилепЕврејски календарСоединети Американски ДржавиМавровско ЕзероСписок на градови во Македонија по населениеДемократијаАлергиски дерматозиБиотички факториЛегендаВидови аглиАвстралијаИдризовоЛевица (политичка партија)ИсторијаЛазарова саботаШаркаБелоушкаСидЕдинствена МакедонијаПариска мировна конференција (1919)Македонски парламентарни избори (2008)КомунизамОпштина КарбинциМакедонски парламентарни избори (2014)Јулијански календарРепублика МакедонијаЈанко УзуновСтрушки вечери на поезијатаМатка (кањон)Ксенија ПајчинОпштина БутелОхридска пастрмкаРамазанМакедонски РомиГангренаЦицачиПетар Поп АрсовШеќерна болест🡆 More