Инстаграм

Инстаграм (англиски: Instagram; скратено: Инста) — онлајн сервис за споделување на фотографии и друштвено вмрежување кој им овозможува на своите корисници да фотографираат, да додаваат дигитални филтри на фотографиите и да ги споделуваат на повеќе друштвени мрежи вклучувајќи ја и нивната.

Специфично е тоа што Инстаграм на почетокот ги ограничуваше фотографиите да имаат облик на квадрат, слично како и Инстаматик на Кодак и Полароид фотографиите, за разлика од aspect ratio 4:3 кој вообичаено се користи од камерите на мобилните апарати. Сега постои можност да се поставуваат фотографии во однос меѓу 1.91:1 и 4:5, додека приказните и видеата на IGTV може да се во однос 16:9.

Инстаграм
Инстаграм
Изворни авториКевин Ситром, Мајк Кригер (Burbn, Inc.)
ПрограмериFacebook Inc.
Првично изданиеоктомври 6, 2010; пред 13 години (2010-10-06)
Развојна состојбаактивен
Опер. системiOS верзија 4.3 или понова; Андроид верзија 2.2 или понова;
Големина14 MB
ЈазициАнглиски јазик, африканс, чешки, дански, германски, грчки, англиски (Велика Британија), шпански (Шпанија) шпански (Латинска Америка), фински, француски (Франција), индонезиски, италијански, јапонски, корејски, малајски, норвешки (бокмал) , холандски, полски, португалски (Португалија), руски, шведски, тајландски, тагалог, турски, виетнамски, кинески (поедноставен) кинески (традиционален).
ВидФото & Видео
ЛиценцаFreeware
Мреж. местоinstagram.com

Создадена е од Кевин Систром и Мајк Кригер и е пуштена во употреба во октомври 2010 година. Со преку 100 милиони активни корисници, сервисот брзо ја зголемува својата популарност во септември 2012 година. Инстаграм е достапен преку App Store и преку Google Play. Првично, Инстаграм беше достапен само заiPhone, iPad, и iPod Touch но, во април 2012 година сервисот стана достапен и за Android телефоните со камера кои работат на 2.2 Froyo.

Facebook, во својата најголема понуда за стекнување досега, понуди да го купи Инстаграм (заедно со 13-те вработени) за околу 1 милијарда долари во готовина и акции, во април 2012 година со план за негово независно управување. На 14 август 2012 година, Британската Канцеларија за фер тргување ја одобри зделката, а на 22 август Федералната комисија за трговија во САД ја затвори својата истрага со што дозволи зделката да продолжи. На 6 септември 2012 година зделката официјално заврши.

На 17 декември 2012 година, Инстаграм ги промени своите Услови за користење, со што тие можат, по 16 јануари 2013 година, да ги продадат фотографиите на корисниците на трети лица без никакво известување. Критиките од поборниците за приватност, корисниците, National Geographic дури и Ким Кардашијан која ја затвори својата корисничка сметка на Инстаграм, ги натера Инстаграм да објават изјава со која ги повлекуваат контроверзните услови. Овие услови предизвикаа многу од корисниците да се префрлат на други сервиси слични на Инстаграм како што е Flickr. Инстаграм сега работи на развивање нов јазик за да ги заменат проблематичните услови за користење.

Историја

Развивањето на Инстаграм започна во Сан Франциско кога Кевин Систром и бразилецот Michel "Mike" Krieger ќе решат да ја фокусираат нивната повеќе наменска HTML5 апликација за пријавување Burbn во мобилна фотографија.

На 5 март 2010 година, додека работи на Burbn, Систром ја затвора рундата почетно финансирање од $500 000 од Baseline Ventures и од Andreessen Horowitz. Џош Ридел се придружува на компанијата како менаџер за управување со маркетиншки канали Шејн Свини се приклучува во ноември 2010 година како инженер и Џесика Золман, во август 2011 година, како Community Evangelist.

Во јануари 2011 година, Инстаграм додаде хаштагови за да им помогне на корисниците полесно да откриваат фотографии и други корисници. Инстаграм ги охрабрува корисниците да одбираат тагови кои се специфични и соодветни наместо зборови како „photo“ со цел фотографите да се истакнат и да привлечат инстаграмери со слични интереси. Во септември, во App Store (iOS)излезе верзијата 2.0 која вклучуваше нови филтри кои можат да се менуваат и пред да се фотографира, tilt shift, фотографии со висока резолуција, додатни рамки,ротирање со еден клик и подобрена икона.

На 2 февруари 2011 година беше објавено дека Инстаграм собрал $7 милиони од Series A финансирањето од повеќе инвеститори вклучувајќи ги и Benchmark Capital, Jack Dorsey, Chris Sacca, и Adam D'Angelo. Со зделката Инстаграм беше проценет дека вреди околу $25 милиони.

На 3 април 2012 година излезе Инстаграм за Android. и, за помалку од еден ден апликацијата беше симната повеќе од еден милион пати. Истата недела Инстаграм собра $50 милиони од вложувачите во иновативни проекти за дел од акциите на компанијата. . Овој процес го направи Инстаграм вреден $500 милиони. Во наредните три месеци Инстаграм го оцениле повеќе од еден милион корисници на Google Play и со тоа стана петатта апликација која достигнала еден милион оцени на Google Play.

Засега нема планови апликацијата да стане достапна и за оперативниот систем на BlackBerry. (Current alternatives for BlackBerry 7 devices include InstaPhoto, LensBoost, and Photo Studio, two of which are available with various pricing.)

На 12 април 2012 година, Facebook го презеде Инстаграм за околу $1 милјарда во готовина и акции. Договорот беше постигнат кратко пред Facebook да излезе на берза и го чинише четвртина од парите кои ги имаа на крајот од 2011 година. Договорот беше за компанија за која се вели дека нема никаков бизнис модел и дека цената која Facebook ја плати за Инстаграм се споредува со цената која Yahoo!ја плати за Flickr во 2005 година, мрежно место кое оттогаш се искачи меѓу 50 најпопуларни во светот. a website which has since become among the 50 most popular in the world. Марк Зукерберг вели дека Facebook се залага Инстаграм да се развива самостојно. спротивно од нивната вообичаена практика да, како што велат CNNMoney.com„купат интересни нови бизниси, да ги прекинат нивните проекти и да ги прераспределат нивните вработени на други проекти.“ Според повеќе извештаи, зделката го направи извршниот директор на Инстаграм, Кевин Систром вреден $400 милиони врз основа на неговиот сопственички удел во бизнисот.

Точната цена на купување е $300 милиони во готовина и 23 милиони во акции.

Популарност

Корисници

Инстаграм 
Basic image and elaboration through Instagram

Во декември 2010 година, Инстаграм имаше 1 милион регистрирани корисници. Во јуни 2011 година Инстаграм објави дека има 5 милиони корисници а во септември истата година бројката се искачи на 10 милиони. Во април 2012 година, беше објавено дека на Инстаграм се регистрирани на 30 милиони кориснички сметки.

Инстаграм објави дека до јули 2011 година на нивниот сервис се прикачени 100 милиони фотографии а до август истата година -150 милиони..

Инстаграм неодамна се појави на насловните страници со своите напори да го одржи позитивен простор на „инста-универумот“ и забрани употреба на хаштагови кои промовираат самоповредување.

Постојат основни Услови за Користење tкои корисниците на Инстаграм треба да ги почитуваат. Овде спаѓаат: минимална годишна возраст од 13 години, забрани за објавување голотија, делумна голотија или сексуално сугестивни фотографии, одговорност за својата корисничка сметка и активноста поврзана со неа.

Исто така постојат сопственички права за содржината на Инстаграм. Инстаграм не е сопственик на текстовите, податотеките, сликите, фотографиите, видеата, звуците, музичките дела, авторските дела, апликации или други материјали кои корисниците ги објавуваат на или преку Инстаграм сервисот.

Заклучно со мај 2012 година, на секоја секунда се прикачуваа по 58 фотографии и се регистрираше по еден нов член. Вкупнот број на прикачени фоторафии надмина една милјарда.

На 9 август 2012 година, англиската музичарка Ели Гулдинг излезе со ново музичко видео за нејзината песна "Anything Could Happen". Видеото содржи фотографии прикачени од нејзините обожаватели со различни филтри кои претставуваат збор или ред од текстот на песната.

Трендови

Богати деца на Инстаrрам Богатите деца на Инстаграм е блог на Tumblr на кој има фотографии на кои се прикажани различни форми на претерано трошење. Примери за фотографии поставени на овој блог се фискални сметки од над $100 000 долари, деца на приватни авиони или јахти, скапи обувки, часовници, накит и др.

Викенд хаштаг проект Овој проект е серија се состои од одредени теми и хаштагови кои се одбрани од тимот на Инстаграм. Корисниците го дознаваат проектот секој петок и секој проект ги охрабрува учесниците да објавуваат креативни фотографии во согласност со определената тема секој викенд.

Критики и тужби

Услови за користење

На 17 декември 2012 година, Инстаграм објави измена во условите за користење која предизвика широка осуда од своите корисници. Контроверзните промени во политиката се направени за да им се овозможи на бизнисите или други субјекти да му плаќаат на Инстаграм да прикажува фотографии и други детали на корисниците кои се побрзани со спонзорираната содржина или промоциите, без никаква компензација или известување на корисникот кој ја прикачил таа фотографија. Нема никаква можност за избегнување на изменетите услови за користење.

Ова предизвика сериозни критики од поборниците за приватност како и од потрошувачите. После еден ден, Инстаграм се извини изјавувајќи дека ќе ги отстрани контроверзните делови од условите за користење. . Кевин Систром,соосновачот на Инстаграм ја разјасни политиката на компанијата изјавувајќи го следното:

„Нашата намера со ажурирање на условите беше да дадеме до знаење дека би сакале да експериментираме со иновативен маркетинг кој би бил соодветен за на Инстаграм. Наместо тоа, многумина сфатија дека ќе ги продаваме вашите слики на трети лица без никаква компензација. Ова не е вистина и наша грешка е што овие делови се збунувачки. Да биде јасно, нашата намера не е да ги продаваме вашите слики. Работиме на измените на овие делови за да се осигуриме дека ова е разјаснето.“ .

Фото филтри

  • Normal - без промени
  • X-Pro II - топол, заситен ефект. Нагласени жолти тонови
  • Earlybird - избледен, заматен, со жолти и беж тонови
  • Lo-fi - малку заматен, со жолти и зелени нијанси
  • Sutro - Сепиа ефект. Нагласени жолти и виолетови тонови . целата фотографија се затемнува
  • Toaster - зголемена експозиција, малку заматено
  • Brannan - доминација на темни тонови со неколку светли тонови. Нагласени сиви и зелени нијанси
  • Willow - Црно-бело со низок контраст
  • Valencia - голем контраст со нијанси на сиво и кафеаво
  • Inkwell - црно-бел филтер со голем контраст
  • Walden - избледена боја со светлосини тонови
  • Hefe - класична боја со златни и жолти тонови
  • Nashville - Авиолетово-сина нагласеност со рамка. Еден од најпопуларните филтри на Инстаграм
  • 1977 - розовкасти тонови
  • Kelvin - презаситена, ретро слика со изгребена рамка. Претходно именуван како "Lord Kelvin"
  • Amaro - послаб контраст со бледи тонови

Сите ефекти се од 2 мај 1 верзијата на iOS.

Бизниси

Фирма за графички дизајн од Италија неодамна разви прототип за дигитален фотоапарат наречен Socialmatic со надворешност дизајнирана да изгледа како иконата на Инстаграм. Фотоапаратот е дизајниран со 16GB простор за складирање, безжичен интернет и Bluetooth, можност за поврзување со Инстаграм апликацијата и можност за изработување фотографии. Проектот (очигледно ниту е поврзан, ниту е одобрен од Инстаграм) бара помош и финансирање од луѓето преку Indiegogo, со цел да стане достапен како производ. Инстаграм се покажува како успешен пазар за услуги.

Додатоци

  • Instamap е апликација достапна за iPad која им овозможува на корисниците да наоѓаат фотографии според нивната локација или хаштаг. Резултатите можат да се прикажат како галерија или да се прикажат на мапа.
  • 100 Cameras in 1 е апликација достапна за iPhone корисници која овозможува дополнителни ефекти за фотографии прикачени на Инстаграм.
  • Carousel за Mac, овозможува прикажување на Инстаграм фотографии во живо на Mac компјутерите.
  • Statigr.am е бесплатна апликација која дава лична статистика поврзана со Инстаграм, вклучувајќи и број на следбеници, допаѓања и коментари заедно со статистика за користење.
  • Instagram & Printing - Instaprint нуди уред кој може да се изнајми за општествени собирање и им овозможува на корисниците да печатат фотографии од Инстаграм Printsgramим овозможува на корисниците колекцијата од фотографии од Инстаграм да им се испечати како постоер или налепници.
  • Printic го нуди еден од најлесните начини за печатење и споделување Инстаграм фотографии од iPhone. Фотографиите доаѓаат во старомоден 3x4” формат со портокалов плик и порака за примателот.

Awards

Во јануари 2011 година, Инстаграм беше учесник во трката за „Најдобра мобилна апликација“ во изборот Crunchies од 2010 година на TechCrunch

  • Во мај 2011 година Fast CompanyCompany го наведе извршниот директор Кевин Систром како 66 во листатата на „100те најкреативни луѓе во бизнис во 2011 година“.
  • Во јуни 2011 година, Inc. ги вклучи соосновачите Систром и Кригер во нивната листа „30 под 30“ за 2011 година.
  • Во септември 2011 година, Инстаграм ја доби наградата “Најдобра локално направена апликација“ на SF Weekly Интернет наградите.
  • Весникот 7x7Magazine во своето септемвриско издание ги стави Систром и Кригер на насловната страница на нивното издание „Најзгодните 20 за 2011 година“
  • Во декември 2011 година Apple Inc. ја прогласи Инстаграм за „Апликација на годината“ за 2011 година.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Инстаграм ИсторијаИнстаграм ПопуларностИнстаграм Критики и тужбиИнстаграм Фото филтриИнстаграм БизнисиИнстаграм ДодатоциИнстаграм AwardsИнстаграм НаводиИнстаграм Надворешни врскиИнстаграмАнглиски јазикДруштвено вмрежување

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Среден векЕндометриозаЛавВештачка интелигенцијаСтале ПоповБајрамСврзникЕвреиВселенска тркаЈулијански календарСписок на планини во МакедонијаКисел дождСоединети Американски ДржавиСписок на птици во МакедонијаБелото ЦиганчеНационален парк ПелистерЛимонска киселинаСписок на религииИнсектиНационализамБујар ОсманиЏорџ Гордон БајронБагремДончо ШтипјанчетоГригор ПрличевЈадранско МореЈоаким КрчовскиИзборна единица 4Скратеници во македонскиот јазикГабаОпштина КичевоПневмонијаПреспаРак на грлоРамазанЕтнаСтево ПендаровскиЗемјоделство во МакедонијаЈосип Броз-ТитоТахикардијаОблекаЛеукемијаКатастарски општини во МакедонијаПравилен многуаголникСемејствоКорупцијаПредмет (граматика)Убиства кај СмилковциПрва помошАмерикаПравославиеПролетКанцониеротСписок на острови во Средоземното МореТелефонРомбСтевчо ЈакимовскиМарихуанаЕмпатијаИзраелОпштина ЧаирГрузијаГерманијаСписок на држави во светотЗаменки во македонскиот јазикХристово РождествоЗоки ПокиОвен (хороскопски знак)Изборни единици во МакедонијаДенес над МакедонијаОпштина ВелесМагнетна резонанцијаПофално словоВакцина против тетанусСтрептококен фарингитисМакедонски Албанци🡆 More