Глувци

DeomyinaeGerbillinaeLophiomyinaeLeimacomyinaeMurinae

Глувци
Период: Ран миоцен - денес
Глувци
Acomys cahirinus.
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Rodentia
Натсемејство: Muroidea
Семејство: Muridae
Illiger, 1811
Потсемејства

Глувци (науч. Muridae) — група на цицачи од редот на глодачи. Телесната должина се движи од 5 см (оризарски глушец, Micromys minutus) до 48 см (стаорецот Phloeomys cumingi). Распространети се секаде на Земјата (убиквитарни), а повеќето видови се наоѓаат во шумите од тропските и суптропските предели. Интродуцирани се во Јужна Америка и на многу острови.

Општи одлики

Тие се големи сештојади. Глувците се активни навечер и ноќе. Повеќето водат полунадземен начин на живот, хранејќи се со семиња, а некои со животинска храна. Некои се синантропни животни (домашен глушец, некои стаорци). Се размножуваат во топлиот период од годината, а во домовите на луѓето во текот на целата година. Стануваат полово зрели на 1,5-3 месеци.

Значење за човекот

Глувците се природни носители на голем број паразити и причинители на многу зарази кај човекот и домашните животни, меѓу кои и опасни инфекции. Нанесуваат штети на земјоделските култури и шумарството, уништувајќи ги производите и храната. Најголема штета нанесуваат глувците од родот Mus (како на пример домашниот глушец Mus musculus) и Microtus (Microtus arvalis). Мерките за контрола вклучуваат спречување на пристапот до храната, заплашување (создавачи на ултразвук: глувците го слушаат ултразвукот до 40 kHz) и регулација на бројноста со помош на стапици (познати некаде како ,,факови‘‘) и отрови.

Глувците дале огромен придонес во развитокот на науката. На овие животни се правени биолошки експерименти, се произвлеле противотрови и вакцини, се вршела проверка на дејството на лекарствата и други супстанци. Од 1990 година се создадени трансгенетски глувци. Со нив подобро се објаснува функционирањето на некој ген кој се испитува, или пак полесно се картира неговата активност.

Глушецот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Како мајката глувчица му барала невеста на својот син“ - кавкаска народна приказна.
  • „Глувци“ - расказ на италијанскиот писател Дино Буцати.
  • „Стјуарт Литл“ - роман за деца на американскиот писател Елвин Б. Вајт од 1945 година.
  • „Се карале глувците“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.
  • „Глувче“ — песна за деца на Григор Витез.
  • „Лавот, глушецот и лисицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.
  • „Лавот и глушецот“ - басна на Езоп.
  • „Лавот и глушецот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.
  • „Лавот и глушецот (2)“ - басна на Емброуз Бирс.
  • „За глушецот“ (српски: О мишу) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.
  • „Итрото глувче“ — басна на Киро Донев.
  • „Тагата и жалоста на еден глушец“ (српски: Туга и жалост једнога миша) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.
  • „Марсовци и глувци“ - книга за деца на Славко Јаневски од 1959 година.
  • „Итрото глувче“ — басна на Бошко Смаќоски.
  • Глувци и луѓе“ - роман на американскиот писател Џон Стајнбек.
  • „Семинар за глувци“ - расказ на бразилската писателка Лижија Фагундес Телес.
  • „Семинар за глувци“ - збирка раскази на бразилската писателка Лижија Фагундес Телес од 1977 година.
  • „Глушец и жена“ - расказ на американскиот писател Дилен Томас.
  • „Глувците на семоќниот бог“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.
  • „Три слепи глувчиња“ (англиски: Three blind mice) - песна на американската рок-група Бич Бојс (Beach Boys) од 1967 година.
  • „Глушец во твојата дланка“ (англиски: Mouse In Your Hand) — песна на британската рок-група Disciplin A Kitschme од 1998 година.

Наводи

Tags:

Глувци Општи одликиГлувци Значење за човекотГлувци Глушецот како тема во уметноста и во популарната култураГлувци НаводиГлувци

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ВодаЈапонијаЛеб и сол (музичка група)ПустинаСписок на фобииСлуз-цедење во грлотоЕндометриозаБаснаСобрание на МакедонијаОбознаЕрменијаФлебитисПреспавКлимаЃурѓовденПиринеиСкендербегСенкаЗијадин СелаСписок на држави по населениеХијатална килаContent WarningБелградУд (македонски)ЦигараПирамида (геометрија)Општина Кисела ВодаСветлана Ражнатовиќ-ЦецаКуранМирка ГиноваНационален парк МавровоПланински смокРепродуктивен системВодно растениеЦрна ГораВладимир ТодоровиќЛокални избори во Македонија (2017)ШестаголникСписок на птици во МакедонијаОпштина АеродромСредоземно МореМакедонски парламентарни избори, 2011ТромбоцитопенијаБалкански ПолуостровЉупчо ГеоргиевскиБаза (хемија)Календар на Велигденски датумиКомунизамИтар ПејоИранКанон (музички инструмент)СмоковиИндијаЦирозаПрва светска војнаМартиницаГариМРП вакцинаКрапСоцијалистичка партија на МакедонијаЛила СтојановскаАлиса во земјата на чудатаТајландЈулијански календарАгностицизамСписок на државни знамињаОхридска пастрмкаБујар ОсманиКрвна групаОпштина Шуто ОризариДлабочелен смокКоле НеделковскиСтојна КостовскаКирилицаИнсектиГрупа МаестроБугарија🡆 More