Швајцарија

Швајцарија, официјално Швајцарски Сојуз, е европска земја без излез на море.

Таа граничи со Германија на север, Франција на запад, Италија на југ, и Австрија и Лихтенштајн на исток. Швајцарија има вековна традиција на политичка и воена неутралност, но исто така и на меѓународна соработка. Таа е седиште на голем број на меѓународни организации.

Швајцарска Конфедерација
Швајцарија Швајцарија
Знаме Грб
Гесло(традиционален)
"Unus pro omnibus, omnes pro uno" (латински)
„Еден за сите, сите за еден“
ХимнаШвајцарски псалм

Местоположбата на  Швајцарија  (зелено) на Европскиот континент  (темносиво)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Швајцарија  (зелено)

на Европскиот континент  (темносиво)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Швајцарија  (зелено)

на Европскиот континент  (темносиво)  —  [Легенда]

Главен граднема (де јуре)
Берн (де факто)
46°57′N 7°27′E / 46.950° СГШ; 7.450° ИГД / 46.950; 7.450
Најголем град Цирих
Службен јазик
Демоним Швајцарец
Уредување Федерална режисерска република со елементи на директна демократија
 •  Федерален Совет
  • Ги Пармелин (Претседател)
  • Игнацио Касис (Потпретседател)
  • Алаин Берсет
  • Ули Маурер
  • Симонета Сомаруга
  • Виола Амхерд
  • Карин Келер-Сутер
 •  Федерален канцелар Валтер Турнхер
Законодавство Федерално собрание
 •  Горен дом Совет на кантони
 •  Долен дом Државен совет
Формирање
 •  Основање ок. 1300 
 •  де факто 22 септември 1499 
 •  де јуре 24 октомври 1648 
 •  Обновена 7 август 1815 
 •  Конфедерација 12 септември 1848 
Површина
 •  Вкупна 41.285 км2 (132.)
 •  Вода (%) 4.34
Население
 •  проценка за 2019 г. 8.014.000 (99.)
 •  Попис 2015 8.327.126 
 •  Густина 207 жит/км2 (48.)
БДП (ПКМ) проценка за 2020 г.
 •  Вкупен $584 млд. (38.)
 •  По жител $67,557 (9.)
БДП (номинален) проценка за 2020 г.
 •  Вкупно $749 млд. (20.)
 •  По жител $86,673 (2.)
Џиниев коеф. (2018)29.7
низок · 19.
ИЧР (2019) 0.955
многу висок · 2.
Валута Швајцарски франк (CHF)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Датумски формат дд.мм.гггг
Се вози на десно
НДД .ch
Повик. бр. +41
Светец заштитник Св. Никола Флуески

Confoederatio Helvetica (CH), латинската верзија на официјалното име, избегнува употреба на било кој од четирите службени јазици.

Историја

Стар Швајцарски Сојуз

Швајцарија 
Федералната повелба (Bundesbrief) од 1291

Швајцарија која е позната и како Хелветска конфедерација претставува еден од најдобрите примери за развојот на федeралните односи на територијата на Европа. Швајцарија во 1291 година била поделена на три подрачја: Швиц, Ури и Унтервалд. Овие кантони биле формално дел од Германското Царство уште од 1339 година, по Битката кај Лаупен. Договорот кој бил постигнат е познат како Bundesbrief, којво превод значи федерација. Од тогаш, овој сојуз се нарекува и Голем сојуз.

Овој сојуз во текот на 14 век имал огромни успеси, добивајчи независност од Хабсбуршката династија и Германското Царство. По победата над германскиот цар Максимилијан II во 1499 година, сојузот уживал во потполна независност, и главно се засновал на принципот на неутралноста. Веќе во почетокот на 16 век, сојузот се состоил од 13 кантони.

Наполеонова ера

Како таков систем на уредување, Швајцарија постоела сè до започнувањето на ерата на Наполеон Бонапарт. За време на реформацијата, Швајцарија го избегнала внатрешното разделување и немири, настани кои биле зафатени соседните европски држави. По Француската револуција во 1798 година, Швајцарија го добила својот прв Устав. Конфедералното уредување било укинато, а државата станала унитарна. Кантоните станале обични административни единици.

Во 1802 година, Уставот бил променет со нов, кој го ублажил унитарниот режим на власта. Во самата држава владееле недоразбирања помеѓу унитаристите и федералците. Наполеон се обидел да донесе т.н. посреднички акт кој го содржи федералното уредување со некои онфедерални елементи кои предвидувале поголеми права и власт на кантоните. Но, системот не се покажал ни во пракса, туку во 1815 година, во Виенскиот конгрес, Швајцарија била разделена на 22 кантони со конфедерално уредување.

Федерална држава

Приоѓањето на Швајцарија од конфедерација во федерација било проследено со граганската војна и промената на Уставот. Во 1847 година, католичките кантони формирале свој сопствен сојуз со намера да се одвојат од протестантските кантони, Така започнала и граѓанскатса војна која траела краток период со мал број на жртви, околу 100. Така, во 1848 година бил донесен нов Устав според кој било забрането какво било делење односно формирање на сојузите.

Географија и клима

Швајцарија е земја која се наоѓа во Средна Европа. Земјата граничи со со Германија на север, Франција на запад, Италија на југ, и Австрија и Лихтенштајн на исток. Швајцарија е земја која нема излез на море. Климата е умерено-континентална, на планините планинска, претежно алпска. Околу 30% од нејзината територија е покриеа со планини. Во умерените реони околу Алпи, температурите се многу ниски поради висините. На поголемите висини на планините, снегот останува преку целото лето. На падините се создаваат микроклиматски услови, а по долините дуваат ветрови. Летата во Швајцарија се топли и влажни со повремени дождови, а наспроти тоа зимите се студени со големи врнежи од снег.

Хидрографијата во Швајцарија

Швајцарија претставува земја која во поголем дел е со планински масиви во кои преовладуваат водени површини меѓу кои најзастапени се езерата,реките и водопадите.Најголемиот дел од овие води протекуваат на сливот на реката Рајна со 68% и водат во Северното Море,28% од водите преку реките Рона,Тацино и Адиџе во Средоземното Море и само 4% преку реката Ин,односно Дунав одат во Црното Море.Најголеми реки во Швајцарија се Рајна(1.320км), Рона(812км), Ин(525км), и Аре(295км).Од езерата како најголеми и најзначајни се Женевското или Леманското Езеро,Боденското,Нешателското,Вирвалдешкото,Циришкото и други.Како најкарактеристично е Боденското езеро кое се протега на дури четири држави односно Швајцарија,Австрија,Германија и Лихтенштајн.Водите од ова езеро се користат за пиење на околните населби.Сите езера се наоѓаат во градот Митленд и се со ледничко потекло.Додека пак водопадите на реката Рајна се меѓу најголемите во Европа, со широчина од 150 m и височина од 23 m. Овие водопади се најмногу посетувани во Швајцарија, а пристапноста до нив е доста лесна. Можат да се видат на неколку начини, од високи платформи за набљудување, со помош на брод, како и од кулите што се изградени во нивна непосредна близина. Временските услови влијаат многу на тоа како ќе ги доживеете овие водопади, но како и да е, чувството е неверојатно. Особено спектакуларно е кога ќе има посилен тек на водата, тогаш може да почувствувате капки вода како паѓаат на вас дури и да сте многу оддалечени од нив.

Швајцарија 
Швајцарија

Административна поделба

Стопанство

Швајцарското стопанство најмногу се заснова на услужните дејности,од кои најмногу се застапени банкарството,туризмот и трговијата,а во помал дел и индустријата.Се одсликува со висок степен на производство како и со стабилна валута,каде што швајцарскиот франк има исклучително висока вредност на сите светски берзи на пари и стоки.Со оглед на скромните призводи,Швајцарија е главно ориентирана на увоз на најразлични суровини од една и на извоз на голем број индустриски производи од друга страна.Трговијата е најмногу ориентирана кон соседните држави,членки на Европската Унија.

Население, јазик и религија

Население -Германци 63,7 % -Французи 20,4 % -Италијанци 6 % -Има и помал број на Македонци, Босанци, Срби и други народи.

 
Најголеми towns во Швајцарија
Swiss Federal Statistical Office (FSO), Neuchâtel, 2011
Бр. Кантон Нас. Бр. Кантон Нас.
Швајцарија 
Цирих
Швајцарија 
Женева
1 Цирих Цирих 379.915 11 Тун Берн 42.764 Швајцарија 
Базел
Швајцарија 
Лозана
2 Женева Женева 194.245 12 Кениц Берн 38.936
3 Базел Базел-град 172.091 13 Ла Шо де Фон Нешател 37.843
4 Лозана Во 129.383 14 Фрибур Фрибур 35.680
5 Берн Берн 125.681 15 Шафхаузен Шафхаузен 35.121
6 Винтертур Цирих 104.366 16 Верние Женева 34.471
7 Луцерн Луцерн 78.093 17 Хур Граубинден 33.984
8 Санкт Гален Санкт Гален 74.101 18 Сион Вале 31.676
9 Лугано Тичино 60.815 19 Устер Цирих 32.710
10 Бил/Бјен Берн 51.635 20 Нешател Нешател 33.412

Култура во Швајцарија

Швајцарија лежи на крстосницата на неколку големи европски култури. Германскиот, францускиот и италијанскиот, се национални јазици на Швајцарија, затоа, швајцарската култура се одликува со разновидност, и поголема творечка разнообразност и уметничка продукција.

Архитектура

Швајцарија 
Опатијата Еинсиеделн

Во Швајцарија постои богата архитектонска традиција. Почетокот на истакнат архитектонски израз, забележлив е во доменот на романичкиот стил со првите споменици од 12 век, како што се катедралите во Базел, Сион, Чур, Женева и Лозана. Овој стил, со изразито декорирање, исто така бил применуван и во изградбата на многуте замоци и тврдини низ целата земја, од кои многу се зачувани во добра состојба. Потоа, во Швајцарија исто така, успешно бил применет и готскиот стил: Катедралите на Шафхаузен, Цуг и Цирих а барокниот стил се забележува во црквите на Ајнзиделн и Св. Гален . Голем број швајцарски градители и архитекти од времето на ренесансата и барокот оставиле бројни архитектонски дела во Италија, истакнувајќи се како одлични мајстори и архитекти. Нивните дела особено биле подигани во Северна Италија, а особено во Венеција.Додека пак архитектот Доменико Трецини изградил многу објекти во Санкт Петербург по наредба на Петар Велики, всушност, тој бил еден од поважните архитекти кои го подигнале градот Санк Петербург]]. Во дваесеттиот век, благодарение на Ле Корбизје еден од нај важните архитекти на ова столетието, Швајцарија ќе ја изиграла клучната улога во развојот на светската модерна архитектура. Во оваа плејада истакнати архитекти со меѓународна слава и придонес спаѓаат и: Марио Бота Жак Херцог , Пјер де Мерон, Петар Зумтор.

Швајцарија 
Стари дрвени куќи во Зинал

Ликовна уметност

Швајцарија 
Алберто Џакомети на 31° Венецијанското биенале во 1962, фотографија на Паоло Монти (Фондација Паоло Монти, БЕИЦ)

Швајцарската уметност, не била директно под влијаније на италијанската и француската, низ сите стилски епохи : ренесансата, барокот па дури и класицизмот. Тоа било најмногу затоа што швајцарската средина била постојано, во континуитет, со протестанско верување, кое ја оддалечувало од уметничките импулси и влијанија на соседните земји. Од овој период по познат е сликарот Самуел Хиеронимус Грим. Швајцарската уметност, својата вистинска афирмација ја доживеала од почетокот на дваесеттиот век, во времето на модерното творештво и естетика. Тоа е најмногу заради појавата на бројните ликовни творци со изразит индивидуализам и посебност. Меѓу поистакнатите автори се: Алберто Џакомети чие дело се одликува со исклучителен снажен израз особено во издолжените човечки фигури и фигурите на кучињата, доловувајќи ја човековата осаменост и изгубеност. Жан Тангиј изработил еден вид на конструктивистичка и кинетичка уметност, целосно доловена со подвижни скулптури. Додека пак Пол Кле не само што бил најзначајниот и за најоригинален сликар во Швајцарија, туку неговиот ликовен опус ќе биде многу важен во развојот на современата европска уметност.

Швајцарија е татковината на едено од суштествените уметнички движења во Европа, тоа е дадаизмот, кое потекнува од Кабаре Волтер во Цирих, каде што се собирале авангардните, анархистички уметници.

Швајцарија е позната и како еден од центрите на колекционерството на современата уметност, особено собрана и изложена во бројните музеи на современата уметност во: Цирих, Базел и Женева, но и во помалите градови како што се Шафхаузен, Мартињи и Винтертур.

Графичкита уметност и дизајн, денес се водечки во швајцарската применета уметност, особено применети во печатарството, ликовното обликување на книги, плакати и друго.

Книжевност

Швајцарија 
Херман Хесе,1946 година

Во областа на литературата, во Швајцарија создавале голем број многу добро познати писатели. Жан-Жак Русо потекнувал од Женева. Критичарот и историчар Јакоб Буркхард бил од Базел. Домот на Жермен де Стал во Копет бил центар на европскиот книжевен живот во текот на 18 век.

Значајни се и современите писатели : Готфрид Келер, Конрад Фердинанд Мејер, Јеремија Готхелф и Шарл Фердинанд Рами. Херман Хесе и Карл Спитлер биле добитници на Нобелова награда за литература.

Во 20 век драмите на Фридрих Диренмат и Макс Фриш ги импресионирале читателите надвор од границите на Швајцарија.

Музика

Швајцарија 
Артур Хонегер во 1928 година

Швајцарија не се смета за водечка музичка нација. Меѓутоа,од 20 век започнал период во кој работеле голем број значајни композитори, како што се: Артур Хонегер, Отмар Шек и Френк Мартин, сите со меѓународна слава. Во Луцерн и Вербје се формираат престижни интернационални фестивали на класична музика.

Швајцарскиот композитор и музичар Андреас Фоленвајдер се здоби со светска слава за своето музичко творештво ја добил наградата Греми. Издал над 17 инструментални албуми.

Филм

Филмот започна релативно доцна во Швајцарија. Денес во Швајцарија нема вистинска филмска индустрија, туку државна филмска субвенција од филмската секција на Сојузната канцеларија за култура. Филмаџиите обично зависат и од приватната подкрепа. Неколку швајцарски филмови се познати низ целиот свет, а повеќето швајцарски кина прикажуваат најмногу филмови од американската продукција. Најпознатиот швајцарски филмски режисери: Жан-Лик Годар, Клод Горета, Мишел Сорета, Алан Танер, Ролф Лиси, Фреди М. Мјурер, Даниел Шмид и Мајкл Штајнер.

Филмот „Патувањето на надежта“ од Ксавиер Колер освоил Оскар во 1991 година за најдобар странски филм. Во 2005 година бил снимен филмот „Моето име е Евгениј“, кои исто така забележал светско признание, работен според романот на Клаус Шаделин.

Најуспешниот Швајцарец во меѓународниот филмски бизнис денес е веројатно продуцентот Артур Кон, кој освоил неколку Оскари и бројни други награди со неговите филмови што ги продуцирал. Германскиот швајцарски режисер Марк Форстер исто така беше успешен во Холивуд веќе неколку години.

Секоја година во август се одржува Меѓународниот филмски фестивал Локарно, еден од најважните меѓународни филмски фестивали ширум светот. Најновиот фестивал е и Филмскиот фестивал во Цирих, кој се одржува од 2005 година.

Театар

Сите поголеми градови во Швајцарија имаат градски театар. Најпознат е Шауспиелхаус во Цирих, еден од најважните театри од германско јазично подрачје.. По познати се глумците Валтер Родерер, Вало Луенд, Зарли Кариџет, Шаги Стрели и Јерг Шнајдер. Швајцарија има долга традиција на аматерскиот театар, со над 600 театарски клубови.

Религија

Христијанството е доминантна религија во Швајцарија, поделено помеѓу Римокатоличката црква (46% од населението спред податоци од 2008) и Швајцарската реформска црква (40%). Имиграцијата го донела исламот во изминатиот век и денеска бројот на муслиманите е околу 4,26%. Истото се однесува и за православието, чијшто процент е околу 1,8%. Други помали религиозни зеадници се различни протестантски вероисповеди (во висина од 1,94%), Нова апостолска црква (0,45%), хиндуизам (0,38%), будизам (0,29%), јудаизам (0,25%), Јеховините сведоци (0,23%) и Старокатоличка црква (0,18%). 11,11% од Швајцарците се атеисти според податоци од 2000 година, други 4,33% одбиле да се изјаснат.

Верници во Швајцарија
Католици
  
48 %
Православни
  
8 %
Муслимани
  
4 %

Наводи

Tags:

Швајцарија ИсторијаШвајцарија Географија и климаШвајцарија Административна поделбаШвајцарија СтопанствоШвајцарија Население, јазик и религијаШвајцарија Култура во Швајцарија РелигијаШвајцарија НаводиШвајцаријаАвстријаГерманијаЕвропаИталијаЛихтенштајнФранција

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Браќа МиладиновциДемократска унија за интеграцијаЕнтерококиВМРО-ДПМНЕПросветителствоДиво месо (драма)ПоникваАдаптација (биологија)Њутнови закониСложена реченицаДвижење БесаАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанЕгејско МореРечник на стари македонски зборовиЈане СанданскиМовСиријаКоле НеделковскиПриродаСребреницаГенералот на мртвата војскаРак на грлоСемејствоОбединето КралствоTrackBackЗнаме на МакедонијаСтевчо ЈакимовскиВилијам ШекспирГаличицаОпштина КумановоТеодосиј СинаитскиОвен (хороскопски знак)Граѓанска опција за МакедонијаТурска кујнаНационален парк ГаличицаЧарлс ДарвинСопранПтициДунавВодаДоситеј ОбрадовиќГрб на МакедонијаЗајакЖивотниСолунски атентатиУстав на МакедонијаПоетЕлизабета ЃоргиевскаСобирање на дропкиКрпен животАдолф ХитлерЗагадување на водатаБелоушкаИсторија на христијанствотоКанон (музички инструмент)НационализамМавровоМагнетАфрикаСтар векГрад СкопјеЛимфен јазолЕвропска УнијаКиселинаМали сипанициКиро ГлигоровЗлосторство и казнаОпштина КарпошЦар Едип (драма од Софокле)ПланетаЛевица (политичка партија)Автоимуна болестЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридЦетиризинРимСрцеЅвезда од Кутлеш🡆 More