Сиера Леоне

Сиера Леоне (англиски: Sierra Leone), или официјално Република Сиера Леоне (англиски: Republic of Sierra Leone) — држава во Западна Африка.

Сиера Леоне се граничи со Гвинеја на североисток, Либерија на југоисток, а на југозапад излегува на Атлантскиот Океан. Сиера Леоне е уставна република, каде на непосредни избори се избира ценстралната и локалната власт. Сиера Леоне има тропска клима со разновидни земјишни облици, од савани до прашуми. Државата има вкупна површина од 71.740 км2 со проценето население од околу 6 милиони (2011). Главен и најголем град во државата е Фритаун.

Република Сиера Леоне
Republic of Sierra Leone  (англиски)
Сиера Леоне Сиера Леоне
Знаме Грб
ГеслоUnity, Freedom, Justice  (англиски)
"Единство, Слобода, Правда"
Химна
  • High We Exalt Thee, Realm of the Free  (англиски)
  • „Те поздравуваме тебе, царство на слободните“

Местоположбата на  Сиера Леоне  (темносина) – во Африка  (светлосина и темносива) – во Африканска Унија  (светлосина)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Сиера Леоне  (темносина)

– во Африка  (светлосина и темносива)
– во Африканска Унија  (светлосина)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Сиера Леоне  (темносина)

– во Африка  (светлосина и темносива)
– во Африканска Унија  (светлосина)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Фритаун
08°30′N 12°06′W / 8.500° СГШ; 12.100° ЗГД / 8.500; -12.100
Службен јазик англиски
Национални јазици
  • темнејски
  • мендејски
  • крио
Народности (2008)
  • 35% Темнејци
  • 31% Мендејци
  • 8% Лимба
  • 5% Коно
  • 2% Локо
  • 19% други
Демоним Сиералеонец
Уредување претседателска уставна република
 •  Претседател Ернест Бај Корома
 •  Потпретседател Самуел Сам-Сумана
Законодавство Парламент
Независност од Обединетото Кралство 
 •  Доминион 27 април 1961 
 •  Објавување 19 април 1971 
Површина
 •  Вкупна 71.740 км2 (117.)
 •  Вода (%) 1.1
Население
 •  проценка за 2015 г. 8.059.155 (102.)
 •  Попис 2013 6.190.280 
 •  Густина 112 жит/км2 (114.)
БДП (ПКМ) проценка за 2018 г.
 •  Вкупен $12,177 млд. 
 •  По жител $1.608 
БДП (номинален) проценка за 2018 г.
 •  Вкупно $3,824 млд. (155.)
 •  По жител $505 
Џиниев коеф. (2018)35.7
среден
ИЧР (2019) 0.452
низок · 182.
Валута Леоне (SLL)
Часовен појас GMT (UTC+0)
Се вози на десноa
НДД .sl
Повик. бр. +232
а. од 1 март 1971.

Населението на Сиера Леоне е составено од 16 различни етнички групи. Сепак, најголеми и највлијателни етнички групи во државата се Темнејците и Мендејците. Темнејците живеат воглавно во северот, а Мендејците во југоистокот на државата.

Службен јазик во Сиера Леоне е англискиот. Англискиот се користи и во училиштата. Сепак, најзборуван е креолскиот јазик крио. Јазикот е мешавина на англискиот и староседелскиоте африкански јазици. Овој јазик е главен меѓуетнички јазик и го зборуваат околу 90% од населението на државата.

Потекло на поимот

Името на државата потекнува од времето на првите доселувања на Европејците во областа. Во 1462 година, Португалецот Педро де Синтра на областа околу главниот град Фритаун ја именувал како Serra de Leão (португалски за „лавовска планина“). Денешното име на државата е италијанска верзија на името.

Историја

Според археолошките ископувања и истражувања, територијата на денешната држава Сиера Леоне била населена уште пред 2.500 години, главно од различни номадски племиња по потекло од Централна Африка. Постојат и податоци според кои на овие територии во околу 9 век п.н.е. на овие простори бил обработуван металот како суровина. Во 1462 година португалскиот морепловец Педро де Синтра престигнал на бреговите на Сиера Леоне. Многу бргу биле основани поголем број на европски трговски бази односно станици. Во 1787 година од страна на британците бил основан Фритаун. Во текот на XVIII век, територијата била широко реколонизирана со афроамерикански калвинисти од Нова Шкотска, кои учествувале на страна на Велика Британија за време на војната за американската независност. Во 1790-тите се одржале избори, на кои право на глас имале и црнците, како и жените. Во 1808 година земјата станала британска колонија. Својата независност земјата ја добила на 27 април 1961 година. Во 1991 година започнал вооружен конфликт помеѓу владата на Револуционерниот обединет фронт кој пак се борил, со поддршка на Либија, за праведна распределба на приходите добиени од продажбата на дијаманти.

Географија и клима

Сиера Леоне 
Топографска карта на Сиера Леоне

Сиера Леоне е држава која се наоѓа во Западна Африка. На север и на североисток државата се граничи со Гвинеја, на југ и југоисток со Либерија и на запад излегува на Атлантскиот Океан. Главен град на Сиера Леоне е Фритаун, кој воедно е и најголем град. Втор најголем град е Бо.

Сиера Леоне има вкупна површина од 71.740 км2, од кои 120 киломери квадратни се вода. Државата има 4 различни географски региони. Источниот дел на Сиера Леоне е висорамнина, со присуство на високи планини. Највисока точка е Монт Бинтумани со 1948 метри надморска височина. Сливниот басен на реката Моа ги опфаќа јужните предели на овој регион.

Средишниот дел на земјата е низини, каде има прашуми, но и обработлива земја. Овој предел опфаќа околу 43% територијата на земјата. Северниот дел од овој предел понекогаш се смета за дел од екорегионот Гвинејски шумско-савански мозаик. Во западните делови на Сиера Леоне се наоѓа брегот на државата и тој е долг околу 400 километри. Брегот овозможува трговија на ресурси и потенцијал за туризам. Главниот град се наоѓа на крајбрежјето.

Климата во државата е тропска, каде има два циклусаː дождлива сезона (од мај до ноември) и сува сезона (од декември до мај). За време на сушните периоди има појава на силни ветришта од Сахара и ноќните температури може да достигнат до 16 степени. Просечната температура во земјата е 26 степени целзиусови.

Политички систем

Административна поделба

Сиера Леоне 
Покраините во Сиера Леоне.

Сиера Леоне е составена од 4 покраини: Северна Покраина, Северозападна Покраина, Јужна Покраина, Источна Покраина и една Западна Област. Првите три се поделени на 12 окрузи, а тие се поделени на 149 поглаварства (chiefdoms). Локалната власт е избрана на директни избори. Западната Област има 13 окружни совети, а тие пак секој по 12 окрузи и 6 општини: Фритаун, Бо, Бонте, Кенема, Коиду и Макени.

Округ Седиште Површина
(км2)
Население
(2015)
Покраина
Бо Бо 5.219 575.478 Јужна
Бомбали Макени 7.895 606.544 Северна
Бонте Бонте 3.468 200.781 Јужна
Западна Градска Фритаун 13 1.055.964 Западна
Западна Селска Ватерлу 544 444.270 Западна
Кајлахун Кајлахун 3.859 526.379 Источна
Камбија Камбија 3.108 345.474 Северозападна
Карене Камакви 285.546 Северозападна
Кенема Кенема 6.053 609.891 Источна
Којнадугу Кабала 12.121 409.372 Северна
Коно Којду 5.641 506.100 Источна
Мојамба Мојамба 6.902 318.588 Јужна
Порт Локо Порт Локо 5.719 615.376 Северозападна
Пуџехун Пуџехун 4.105 346.461 Јужна
Тонколили Магбурака 7.003 531.435 Северна
Фалаба Бендугу 205.353 Северна

Стопанство

Демографија

Според податоци од 2006 година, населението на Сиера Леоне изнесува 6,294,774 луѓе. Во земјата живеат неколку етнички групи, но најголемиот дел од нив се црнци, со околу 90%. Останатите 10% припаѓаат на креолите. Службен јазик во земјата е англискиот.

Религија

Извори:[1][2][3]
Религија во Сиера Леоне
религија %
Ислам
  
70 %
Христијанство
  
25 %
Традиционална африканска религија
  
5 %

Најголема религија во државата е Исламот, а Христијанството е значајна малцинска религија. Според Истражувачкиот центар Пју, околу 71,3% од вкупното население на државата се Муслимани (4,059,000). Според американскиот Стејт Департмент, околу 60% од населението се Муслимани, додека од 20 до 30% од населението се Христијани, и од 5 до 10% се анимисти.

Според „Извештајот за меѓународната верска слобода во Сиера Леоне“ од 2007 од УНХЦР околу 60% се Муслимани, 20 до 30% Христијани и 5 до 10% други религии. Се проценува дека голем број на луѓе ги измешале Исламот и Христијанството со локалните религии. Најголемиот број од Христијаните во Сиера Леоне се Протестанти

Сиера Леоне е една од најтолерантните држави во поглед на верата во Африка и светот. Муслиманите и Христијаните заедно живеат. Така на пример, претседателот на државата е Христијанин. Религиското насилство е многу ретко во државата. Државата гарантира верска слобода. Државата е секуларна и нема официјална религија.

Култура

Наводи

Литература

Поврзано

Надворешни врски

    Влада
    Општо
    Медија
    Туризам

Tags:

Сиера Леоне Потекло на поимотСиера Леоне ИсторијаСиера Леоне Географија и климаСиера Леоне Политички системСиера Леоне Административна поделбаСиера Леоне СтопанствоСиера Леоне ДемографијаСиера Леоне КултураСиера Леоне НаводиСиера Леоне ЛитератураСиера Леоне ПоврзаноСиера Леоне Надворешни врскиСиера ЛеонеАнглиски јазикАтлантскиот ОкеанГвинејаЗападна АфрикаЛиберијаСаванаТропска климаУставна републикаФритаун

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Атрибут во македонскиот јазикГлаголицаПустина (роман)Изборна единица 2Тоше ПроескиДојранБигорски манастирКрсте Петков МисирковХомо (филм од 2020)ШтипРак на дојкаРамазанКрвПрограмски јазикЛудвиг ван БетовенПенис (човек)Македонска опера и балетЕдипМакедонски парламентарни избори (2006)ПапратМакедонски народни носииГлобусГерманијаПредлози во македонскиот јазикБугариАрмија на МакедонијаКорабИзборна единица 6ХемоглобинУкраинаЛасерВизантијаФолклорМали сипанициОпштина СарајМакедонски денарЕ-владаТинитусИзвори на енергијаЈаглехидратПингвинКронова болестСписок на македонски народни поговоркиЖивотна срединаРак (болест)СилициумДијана (принцеза од Велс)Калеш АнѓаТокиоДржаваВидеоиграСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Лазар ЛиченоскиРомиИзборна единица 4Список на држави по населениеДувачки инструментКумановоСписок на главни градови во светотСолиСамоилово ЦарствоЖичени инструментиСловенијаЈохан ТарчуловскиЕмре БејБолоњски универзитетЖабаСтале Попов’Рбетна мускулна атрофијаГеометријаФранцијаСкопјеМитологијаГеографска ширинаСоцијализамНАТО-во бомбардирање на СР ЈугославијаМалиот принц🡆 More