Хиена

Хиените — членови на цицачи од семејството Hyaenidae и од редот Carnivora.

Хиени
Период: Ран Миоцен - денес
Хиена
Дамчеста хиена
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Carnivora
Подред: Feliformia
Семејство: Hyaenidae
Греј, 1821
Рецентни родови
  • Crocuta
  • Hyaena
  • Proteles
Синоними
  • Protelidae Флауер, 1869

Видовите од ова семејство се среќаваат во Африка и Азија, а тие се пругавата гиена и кафеавата хиена (од родот Hyaena) и дамчестата хиена (род Crocuta) и хиените од родот Proteles. Мршојадец е, што значи дека се храни со пцовисани животни, но е многу успешен ловец. Таа е дури и еден од врвните грабливци во своето живеалиште. Живее во групи - кланови, кои бројат и до 80 членови. Во клановите, женките се подоминантни од мажјаците и тие остануваат во истиот клан целиот свој живот, додека мажјаците заминуваат кога ќе пораснат. За лов, клановите се разделуваат на помали групи, од 3-5 членови, додека поголем плен, како зебри, ловат во поголеми групи.Освен во савани, живеат и во полупустини, честаци, па дури и во планински шуми. Женките котат најчесто две млади, иако може да ги има до четири и ги дојат уште 14-18 месеци. Хиените се познати по нивните гласови, кои наликуваат на кикотење. Меѓутоа дамчестата хиена произведува низа од различни гласови, кои се користат за меѓусебна комуникација.

Хиена
Череп на Hyaena eximia
Хиена
Черепен фосил на Crocuta macrodonta

Хиената како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Како петелот ја победил хиената“ — приказна на африканското племе Акамба.
  • „Хиена“ (англиски: Hyena) — песна на американската рок-група Р.Е.М. (R.E.M.) од 1986 година.
  • „Хиена“ (англиски: Hyena) — италијански музички продуцент, изведувач, аудио-инженер и дизајнер на звукот.
  • „Хиена“ (англиски: Hyena) — шпанска рок-група.
  • „Хиена“ (англиски: Hyena) — музички албум на американската рок-музичарка Џохана Вент (Johanna Went) од 1982 година.
  • „Хиена“ (англиски: Hyena) — музички албум на британската џез-група Red Snapper од 2014 година.
  • „Хиена“ (англиски: Hyena) — музички албум на германската блек-метал група Serpent Eater од 2014 година.
  • „Хиена“ (англиски: Hyena) — музички албум на шпанската рок-група Хиена од 2017 година.

Надворешни врски

Наводи

Tags:

ЅверовиАзијаАфрикаЗебраСавана

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Балкански војниЈордан МитевГордана СилјановскаЛегијатаПростатаЛихтенштајнИзет МеџитиАлшарАвтоимуна болестМакедонски народни носииВојдан ЧернодринскиСтојне НиколоваСловенска митологијаРистиќева палатаБилирубинГордана Силјановска-ДавковаЦветнициЦрнила (драма)Македонски парламентарни избори, 2006Национален парк ПелистерСедум светски чуда на античкиот светХристо УзуновЧовечки папиломен вирусКрвБели мугриАцо ШоповГаличицаСрцев ударБојаБилјана ВанковскаСузан АкбелгеПеколот (Божествена комедија)Александар III МакедонскиМакедонски претседателски избори, 1999Мизар (музичка група)РамазанСаша БогдановиќВикипедија на македонски јазикГрупа МаестроМали сипанициГодинаЧикагоМакедонски парламентарни избори (2024)ВардарБразилСрпска странка во МакедонијаХераклеја ЛинкестисРимско ЦарствоАмброзија (растение)Движење БесаЗагадување на водатаВелесОпштина КавадарциМакедонциКосовска војнаРоднински односиАнархизамСеверна КорејаГемиџииФашизамИзборна единица 4Киро ГлигоровКлинт ИствудБрадикардијаМакедонски парламентарни избори (1994)Марс (планета)Кронова болестАзијаИлија ФилипчеЕстонијаИсландМакедонски претседателски избори (1994)Список на соработници со државна безбедностСписок на македонски писателиОпштина БрвеницаФК ЧелсиАрбен Таравари🡆 More