Уганда

Уганда (свахили: Uganda) или официјално Република Уганда (Jamhuri ya Uganda) е држава во Источна Африка без излез на море, но со излез на езерото Викторија.

Државата на исток граничи со Кенија, на север со Судан, на запад со Демократска Република Конго, на југозапад со Руанда и на југ со Танзанија. На југ се наоѓа езерото Викторија.

Република Уганда
Republic of Uganda  (англиски)
Jamhuri ya Uganda  (свахили)
Уганда Уганда
Знаме Грб
ГеслоFor God and My Country  (англиски)
"За Господ и мојата земја"
Химна"О Угандо, земјо убава"

Местоположбата на  Уганда  (темносина) во Африканската Унија  (светлосина)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Уганда  (темносина)

во Африканската Унија  (светлосина)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Уганда  (темносина)

во Африканската Унија  (светлосина)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Кампала
0°19′N 32°35′E / 0.317° СГШ; 32.583° ИГД / 0.317; 32.583
Службен јазик
Демоним уганѓанец
Уредување демократска република
 •  Претседател Јовери Мусевени
 •  Премиер Аполо Мсибамби
Законодавство Парламент
Независност од Обединето Кралство 
 •  Прогласување 9 октомври 1962 
 •  Тековен устав 8 октомври 1995 
Површина
 •  Вкупна 241,038 км2 (79.)
 •  Вода (%) 15.39
Население
 •  проценка за 2018 г. 42,729,036 (35.)
 •  Попис 2009 32.369.558 
 •  Густина 157.1 жит/км2 (75.)
БДП (ПКМ) проценка за 2019 г.
 •  Вкупен $102,659 мил. 
 •  По жител $2,566 
БДП (номинален) проценка за 2021 г.
 •  Вкупно $32,50 мил. (90.)
 •  По жител $956 
Џиниев коеф. (2016)42.0
среден
ИЧР (2019) 0.544
низок · 159.
Валута Уганѓански шилинг (UGX)
Часовен појас EAT (UTC+3)
Се вози на лево
НДД .ug
Повик. бр. +256

Името на Уганда потекнува од називот на кралството Буганда, чија територија била на јужниот дел од Уганда. Околу 76% од населението во Уганда е сиромашно со 1.00 американски долар на ден. Поради тоа, денес во Уганда се соочуваат со недостаток на храна.

Потекло на поимот

Името на Уганда на свахили е „Буганда“ и ова име било усвоено за употреба уште за времето на колонијалниот период кога Британците го дале името во 1894. Буганда било кралство на 52 клана на народот Буганда.

Историја

Географија и клима

Уганда 
Карта на Уганда.

Државата се наоѓа на источноафриканско плато, со просечна висина од 1.100 метри надморска височина. Територијата на Уганда скоро целосно се наоѓа во Нилскиот басен. Во државата има неколку поголеми езера кои се поврзани со реките и со тоа се добива добра хидрографска слика. Покрај Викторија, во Уганда се и езерата Кјога, Алберт и Туркана, дел од овие се поврзани со реката Викториски Нил.

Езерото Кјога е природна граница помеѓу банту црнците од една страна и нилските и суданските црнци од друга страна. Исто така, лингвистичката граница во државата е скоро паралелна со реката Нил.

Генерално гледано, климата во Уганда е екваторска, но истата зависи од регионите.

Политички систем

Претседателот на Уганда е шеф на државата и шеф на владата и моментален претседател е Јовери Кагута Мусавени. Претседателот го назначува премиерот на државата кој пак го формира кабинетот. Моментален премиер е Аполо Нсибамби. Собранието е еднодомно со капацитет од 332 пратенички места.

Административна поделба

Уганда 
Карта на окрузите во Уганда

Уганда административно е поделена на четири региони, кои пак се поделени на 111 окрузи. Окрузите се поделени на околии и подоколии. Највеќето окрузи се именувани по главниот центар на истиот.

Покрај оваа административна поделба, во Уганда сè уште се чувствува поделбата на традиционалните банту-кралства. Кралствата се: Торо, Анколе, Бусога, Бунјоро, Буганда и Рвензуруру.

Стопанство

Уганда 
Пазар.

Со декади економијата на Уганда претрпела големи нестабилности и несигурности, што ја направило една од најсиромашните држави во светот. Уганда презела одредени чекори за стабилизирање на економијата. Во 2008 година, Уганда прогласила дека БНП се зголемил за 12%.

Уганда има ресурси на природни суровини, но и плодна почва, дождови како и кобалт и бакар. Исто така државата има залихи од нафта и природен гас. 56% од економијата на Уганда се заснова на земјоделството и кафето било главна суровина за извоз. Официјална валута во државата е уганѓански шилинг.

Население, јазик и религија

Уганда 
Етнографска карта на Уганда.
Религија на Уганда
религија процент
Католицизам
  
42 %
Протестантство
  
42 %
Ислам
  
12 %
други
  
4 %

Уганда е дом на многу различни етнички групи, од кои ниту една не е мнозинство во државата. Околу 40 различни јазици се зборуваат во Уганда, додека службени јазици се англискиот и свахили.

Најмногу зборуван јазик е луганда, кој се зборува претежно во урбаните центри и Кампала. Потоа следат јазиците руњанколе и лусога кои се зборуваат во југоисточниот и југозападниот дел од државата.

Свахили исто така доста се зборува во Уганда и во 2005 година станал втор службен јазик, иако ова е само политичка одлука. Често тој се смета за лингва франка и се користи од администрацијата. Уганда има население од околу 32,4 милиони жители со средна годишна старост на населението од 15 години. Најголема религија во Уганда е христијанството и најзините различни правци.

Култура

Кутурата во Уганда е богата како резултат на големиот број на етнички групи во државата. Од спортот, крикетот е најраспространет спорт и воедно најпопуларен.

Написменоста е честа појава помеѓу народот во Уганда. Владата потрошува околу 5.2% од БНП за образованието. Сепак во Уганда постојат и приватни и државни високообразовни институции.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Уганда Потекло на поимотУганда ИсторијаУганда Географија и климаУганда Политички системУганда Административна поделбаУганда СтопанствоУганда Население, јазик и религијаУганда КултураУганда НаводиУганда ПоврзаноУганда Надворешни врскиУгандаВикторија (езеро)Демократска Република КонгоИсточна АфрикаКенијаРуандаСвахилиСуданТанзанија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЃурѓовденКралство ЈугославијаМакедонско востаниеРамазанДишенова мускулна дистрофијаТрајно македонско радикално обединувањеКрпен животЕкологијаЕгипетски календарГевгелијаРечник на стари македонски зборовиКумановоМакедонија (регион)Општина Гази БабаЕфто ПупиновскиПитагорова теоремаЛумбагоКирил ПејчиновиќАнета МицевскаБегалкаТамбура (македонска)ПодметМексикоЈугославијаГ’зим ОстрениБисера Костадиновска-СтојчевскаПростатаВоен конфликт во Македонија, 2001Ристиќева палатаБубрежен каменЦрни и жолтиМиом на маткаСписок на македонски народни и староградски песниСтрептококен фарингитисПадежЃорѓи АбаџиевВелесЛазарова саботаПоделба на властаЦрнила (драма)КубаМобингМакедонска крвава свадбаСвети Климент ОхридскиЕнциклопедијаМакедонска алијансаХристо УзуновГлигор ПоповскиКавадарциЕгејска МакедонијаМакедонски ораЈосип Броз-ТитоЛионел МесиПаркинсонова болестТрансформаторЛибијаФК ИнтерРасказБлаже КонескиАлесандро Дел ПјероСтругаГликемијаДимитар МиладиновГалвански елементЛимфен јазолДемократска обнова на МакедонијаРибиГравКрушевска РепубликаЛеукемијаДемократска партија на Турците на МакедонијаДраги КостовскиИмер СелманиНеврологијаСтојан АндовСолистГордана Силјановска-Давкова🡆 More