Сусам

Сусам, поточно индиски сусам (науч. Sesamum indicum) — суптропско маслодајно растение растение од семејството на сусамите (Pedaliaceae).

Сусамот е висока едногодишна билка со мешункаст плод, чие семе се бере зрело, а потоа се суши.

Сусам
Сусам
Сусам
Сусамови растенија
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Усноцветовидни
Семејство: Сусами
Род: Сусам
Вид: Сусам
Научен назив
Sesamum indicum
L.
Синоними
  • Dysosmon amoenum Raf.
  • Sesamum africanum Tod.
  • Sesamum occidentalis Heer & Regel
  • Sesamum oleiferum Sm.
  • Sesamum orientale L.
  • Volkameria orientalis (L.) Kuntze

Производство

Сусамот најмногу се одгледува во Кина, Индија и Судан. Во Македонија, сусамот се одгледува на околу 1.000 хектари, а просечниот принос е 300-400 килограми од еден хектар, односно годишно се добива по 400 тони сусамово семе. Тиквешијата е главно подрачје за одгледување сусам.

Семето на сусамот содржи 45-60 % квалитетно масло, кое се користи во производството на масло за јадење, маргарин и путер и како додаток на пекарските производи.

Корисни својства

За лековитото дејство на сусамот против ќелавост, првут, забоболка, ишијас и нарушување на доењето знаеле уште старите Египќани, Асирците, Вавилонците, Индусите и Кинезите. Семето на сусамот содржи висока концентрација на фитостерол, хемиска материја слична на холестеролот и која има моќ да го регулира нивото на холестерол во крвта, да го подобри имунитетот и да го намали ризикот од појава на одредени видови карцином. Исто така, маслото од сусам помага против појавата на тромб, односно згрутчување на крвта, како и против долготраен запек. Оттука, тоа се препорачува за отстранување на цревните паразити, за чистење на цревата и за лекување на хемороидите. Во народната медицина, сусамот се користи во лекувањето на повреди, акни, чиреви, брадавици и изгореници.28

Сусамот е многу богат со железо, а во него се присутни и други минерали, како: калциум, манган, бакар, магнезиум и селен. Од витамините, во сусамот има најмногу витамин Е, кој е моќен антиоксиданс, но тој е одличен извор и на витамин Б1, фолна киселина, пиридоксин Б6, ниацин и рибофлавин. Понатаму, во него има сезамин кој е важен во заштитата на црниот дроб, како и лигнан кој ги намалува холестеролот и крвниот притисок, а го зголемува витаминот Е. Сусамот е делотворен против воспаленија и болки од ревматоиден артритис, како и при напади на астма. Најпосле, во азиските земји, сусамот се смета за силен афродизијак.

Наводи

Tags:

Биномна номенклатураРастениеСуптропски појас

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Никола ГруевскиИмер СелманиОбласти во КазахстанЛазарова саботаСвети Наум (манастир)Злата МегленскаПресметување на датумот на ВелигденМакедонски претседателски избори (2009)Лазар КолишевскиВасил ИљоскиМакедонска кујнаФјодор Михајлович ДостоевскиКирилицаТуберкулозаХристо ТатарчевМарс (планета)ТурцијаСтругаДаишоВлада на МакедонијаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаЈустинијан IЗагрозен видЧир на желудникотСиријаПаркинсонова болестНепалДиносаурусПрва влада на Никола ГруевскиСветско првенство во ракомет за мажи 2025СтомакМетилпреднизолонХерпесПростатаИдиопатска тромбоцитопенична пурпураТалат ЏафериСардинијаСолистДржавна изборна комисијаДемократска обнова на МакедонијаРак на грло на маткаСловенијаОпштини во МакедонијаСобрание на МакедонијаРада МанојловиќБели крвни зрнцаТрговско друштвоМинистер за култура на МакедонијаСветлана МојсовКвадарСузан АкбелгеБалетИнсектиБегалкаПовикувачки броеви во МакедонијаТешкотоБеровоОксидационо-редукциона реакцијаГалвански елементРак на белите дробовиСкопски аквадуктМобингРевматоиден артритисХамлетСписок на змии во МакедонијаДемократска партија на Србите во МакедонијаБерлинМакедонски претседателски избори (2019)Среден векЛумбагоЛимфен јазолВештачка интелигенцијаИстанбулЈоаким КрчовскиЦар СамоилДаме Груев🡆 More