Сомалија

Сомалија, офиц.

Сојузна Република Сомалија (сомалиски: Jamhuuriyadda Federaalka Soomaaliya, арапски: جمهورية الصومال الفيدرالية) — држава во Источна Африка. Се граничи со Кенија на југозапад, со Етиопија на запад, со Џибути на североисток. На север излегува на Аденскиот Залив, а на исток - на Индискиот Океан. Главен град е Могадишу.

Сојузна Република Сомалија
Jamhuuriyadda Federaalka Soomaaliya (сомалиски)
جمهورية الصومال الفيدرالية  (арапски)
Сомалија Сомалија
Знаме Грб
ХимнаQolobaa Calankeed

Областа контролирана од Сомалија прикажана со темно зелена боја; тврди, но неконтролиран Сомалиленд прикажан со светло зелена боја
Областа контролирана од Сомалија прикажана со темно зелена боја; тврди, но неконтролиран Сомалиленд прикажан со светло зелена боја
Областа контролирана од Сомалија прикажана со темно зелена боја; тврди, но неконтролиран Сомалиленд прикажан со светло зелена боја
Главен град
(и најголем)
Могадишу
2°2′N 45°21′E / 2.033° СГШ; 45.350° ИГД / 2.033; 45.350
Службен јазик
Демоним сомалијец
Уредување сојузна парламентарна република
 •  Претседател Мохамед Абдулахи Мохамед
 •  Премиер Мохамед Хусеин Робл
Законодавство Сојузно собрание
Основана
 •  Италијански Сомалиленд 1889 
 •  Независност и унија со Сомалиленд 1 јули 1960 
 •  Примен во ОН 20 септември 1960 
 •  Тековен устав 1 август 2012 
Површина
 •  Вкупна 637,657 км2 (43.)
Население
 •  проценка за 2020 г. 15,893,219 (72.)
 •  Попис 2017 11,031,386 
 •  Густина 19.31 жит/км2 (199.)
БДП (ПКМ) проценка за 2019 г.
 •  Вкупен 13 млд. долари 
 •  По жител 888 долари 
БДП (номинален) проценка за 2019 г.
 •  Вкупно 5 млд. долари (184.)
 •  По жител 348 долари (193.)
ИЧР (2019) 0.361
низок
Валута сомалиски шилинг (SOS)
Часовен појас EAT (UTC+3)
Датумски формат дд/мм/гггг
Се вози на десно
НДД .so
Повик. бр. +252

Потекло на поимот

Името на државата потекнува од името на народот, Сомалијци.

Историја

Cомалија за време на колонијализмот беше поделена помеѓу Велика Британија под чие власништво беше северниот дел на земјата, и Италија на која и припаѓаше остатокот од земјата. Северниот дел се осамостои на 26.јуни 1960, а на 1 јули 1960 се обединија двата дела на Сомалија. Првиот претседател на независна Сомалија бил Аден Абдулах Осман Дар, а Абдирашид Али Шермарке премиер. Во текот на 1967 Мохамед Ибрахим Егал станал премиер во владата на Аден Абдулахи Осман. Егал подоцна бил избран за претседател на самопрогласениот Сомалиленд.

При крајот на 1969 година воена влада ја презема власта по убиството на Шермарке, кој беше избран и служеше како претседател, од 1967 до 1969 година. Мохамед Сиад Баре стана претседател после пучот од 1969 година. револуционерните воени водачи кои ги предводеше Баре, организираа големи јавни работни програми. Тие исто така успешно ја зголемија писменоста во урбаните и руралните краеви од 5% на 55% до средината на ’80 години од минатиот век. Граѓанската војна трае во Сомалија со прекини од 1977 до 1991 година. Бунтовничките сили, кои ги предводеше Мохамед Фарах Аидид, водич на Обединетиот сомалиски конгрес, ја прогонија владата на Баре. Истата година северниот дел на земјата прогласува независност како Сомалиленд, кој е де факто независен и релативно стабилен во однос на бурниот југ, Сомалиленд не го признава ниедна странска влада.

Со почетокот на 1993, двогодишните напори од страна на Обединетите нации го намалија гладот во земјата. Обединетите нации се повлекоа во Операцијата Обединет штит, претрпувајќи големи губитоци.

Уште едно отцепување во Сомалија се одиграло во североисточниот регион. Самопрогласената држава го зела името Пунтленд.

Трето отцепување се случило во 1988 г. со прогласувањето на државата Јубаленд. Територијата на Јубаленд денес ја опкружува државата Југозападна Сомалија, и нејзиниот статус е нејасен.

Четвртиот самопрокламиран ентитет, предводен од Раханвејската армија на отпорот, е воспоставен во 1999.

Сомалија е една од многуте земји кои беа погодени од цунами, кој следеше после земјотресот во Индискиот Океан 2004 г.

Во текот на 2006. Унија на исламските судови, нова фракција во граѓанската војна, зазема голем дел од јужна Сомалија. Во декември истата година Етиопија покренува Војна во Сомалија која во рок од неколку недели ја ослободува територијата од Исламистите.

Географија

Сомалискиот брег е долг 2700 km. Северниот дел на Сомалија е ридест со надморска височина од 1000 до 2000 m, а средишните и јужните делови се рамни. Реките Јуба и Шебели извираат во Етиопија и се влеваат во Индискиот Океан

Климата е одбележана со високи температури во текот на целата година. Максимална средна дневна температура е од 30 до 40 °C, освен на висините и долж источниот брег, средната дневна максимална температура се движи од 15 и 30 °C.

Административна поделба

Сомалија 
Регионите во Сомалија: 1. Долна Џуба, 2. Средна Џуба, 3. Гедо, 4. Беј, 5. Бакул, 6. Долно Шабеле, 7. Банадир, 8. Средно Шабеле, 9. Хиран, 10. Галгудуд, 11. Мудуг, 12. Нугал, 13. Бари, 14. Сул, 15. Санаг, 16. Тогдер, 17. Вокуји Галбид, 18. Авдал

Сомалија е официјално поделена на 18 административни региони („гоболи“) кои потоа се делат на окрузи.

Фактичката ситуација е поинаква од правната. Северот на Сомалија денес е поделен помеѓу автономните региони Пунтленд (себеси се смета за автономна сојузна држава) и Сомалиленд (самопрогласена, но непризнаена суверена држава). Во средна Сомалија, јужно од Пунтлент е сместена и регионалната целина Галмудуг. (погл. Сојузни држави и региони во Сомалија)

Список на региони

  • Авдал
  • Бакул
  • Бари
  • Беј
  • Банадир
  • Вокуји Галбид
  • Галгудуд
  • Гедо
  • Долна Џуба
  • Долно Шабеле
  • Мудуг
  • Нугал
  • Санаг
  • Средна Џуба
  • Средно Шабеле
  • Сул
  • Тогдер
  • Хиран

Демографија

За африканска земја Сомалија е невообичаено етнички еднообразна; скоро 85% од населението го чинат етнички Сомалијци кои се, поделени во многу кланови. 85% од населението на земјата се Сомалијци, а останатите се арапи, белуџи итн. Граѓанската војна во земјата во 90-тите довело до зголемување на сомалијската дијаспора во Европа, Африка и Блискиот Исток..

Службен јазик во земјата е сомалискиот .

Со многу мали исклучоци, Сомалијциte се скоро сите муслимани од кои мнозинството се пропадници на сунитскиот ислам. Уставот на Сомалија го дефинира исламот како религија на целата република, а исламскиот шеријат како основен извор на националното законодавство. Христијанството претставува малцинска религија во земјата, со околу 1.000 верници. Во земјата постои само една епархија, која се наоѓа во престолнината Могадишу. Според еден податок, во земјата постојат околу 100 католички епарси

Стопанство

Поради недостатокот на државна контрола сомалиското стопанство е едно од најлибералните на светот; сепак, Сомалија е една од најсиромашните светски земаји: социјалниот, здравствениот и образовниот систем готово и да не постојат. Мнозинството од населението се занимава со номадско сточарство. Занимливо е дека Сомалија поради немањето државна регулатива има еден од најпропулзивните телекомуникациони сектори во регијата. Од валутите, највеќе се користи американскиот долар. Нема средишна национална банка па некои фирми и властодршци штампаат сопствени пари.

БДП за 2004 г. е проценет на 600 долари по жител (мерено по ППП).

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Сомалија Потекло на поимотСомалија ИсторијаСомалија ГеографијаСомалија Административна поделбаСомалија Список на региониСомалија ДемографијаСомалија СтопанствоСомалија ПоврзаноСомалија НаводиСомалија Надворешни врскиСомалијаЏибутиАденски ЗаливАрапски јазикГлавен градЕтиопијаИндиски ОкеанИсточна АфрикаКенијаМогадишуСомалиски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Стар заветАвтоимуна болестБубрежен каменРобинзон КрусоЗакон за запазување на масатаПеколот (Божествена комедија)Коле НеделковскиТаџикистанЈужна АмерикаГарванот (поема)ДржаваРак на панкреасотЛимфомДимитар ДимитровДемократски сојузСојуз на комунистите на МакедонијаГоран СтефановскиМодернизамОпштина АеродромЦрноризец ХрабарМетафораСписок на држави и територии во ЕвропаХомерСвети Кирил и МетодијСоветски СојузБубрежна инфекцијаХомо (филм од 2020)КавалМакедонска опера и балетВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоВакцина против тетанусЕлена ЗагорскајаАвантурите на Том СоерАрнолд ШварценегерОдземањеКрпен животВолшебното самарчеВасил ИљоскиЃулистана МарковскаХамлетОксидДаут-пашин амамЦелулитРамноденицаМултипла склерозаСвети Наум Охридски ЧудотворецВелесПофално словоШтрковиКумановоБалканска приказна (ТВ-серија)Претседател на МакедонијаАвтоматикаЗаменки во македонскиот јазикЊутнови закониСолиСилаКонтинентРоманијаСмртКрвен притисокНестероиден антиинфламаторен лекЦрни и жолтиФиброаденомКонцертСпоменка (книга)Локални избори во Македонија (2021)Полип на маткатаЖолчкаГрад СкопјеСтрумицаАстмаЛазар КолишевскиЕнди ВорхолГликемијаКиселинаТалат ЏафериКактуси🡆 More