Пченка: вид на растение

Пченката (науч.

Пченка
Пченка: Потекло и историја, Употреба, Производство на пченка во Македонија
Ботаничка илустрација на пченката
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Семејство: Треви
Потсемејство: Проса
Род: Пченка
Вид: Пченка
Научен назив
Zea mays
Л.

Zea mays) ― значајна житна култура од родот пченка (Zea), семејство треви (Poceae). Потекнува од Америка, односно Новиот Свет, од каде се проширила во Европа и низ целиот свет.

Потекло и историја

Индијанците ги учеле колонистите како да одгледуваат пченка, вклучувајќи и неколку видови жолта пченка кои се' уште се популарни како храна, како и видови црвени, сини, розови и црни зрна често свиткани, со точки или пруги, кои денес се сметаат (користат) за украсни во Соединетите Држави и се нарекува индијанска пченка. Високото, едногодишно стебло и големи прави лисја со брановидни краеви. Пченката се користи како добиточна храна, храна за луѓето и како за индустриска обработка. Иако е главна храна во повеќе земји, инфериорна е во споредба со хранливата вредност на другите житарки.

Пченкарните лушпи имаат долга историја на користење во фолклорната уметност за предмети како амалии и кукли. Пченката е едно од најразнесуваните хранливи растеија во светот, по засаденоста е надмината само од пченицата и е најважна житна култура во Соединетите Држави.

Употреба

Пченката е значајна житна култура, која освен во исхраната на луѓето, се користи како суровина во индустријата и за исхранување на домашните животни. Деловите кои не се за јадење се користат во индустријата, стеблото за хартија и ѕидни плочи, лушпата за полнење, кочаните за гориво, за правење на дрвен јаглен и во подготовка на индустриски растворувачи. Пченката најдобро успева во низините и во котлините каде што има доволно влага и топлина. Најпознти области за одгледување на пченка се: Мисисипската, Панонската, Ломбардската, Блашката, Источно-Европската низина, Аргентина, Бразил, Мексико и други.

Најголеми извозници на пченка се Соединетите Држави, Франција и Бразил, а најголеми увозници се Јапонија и Германија.

Хранлива содржина на основните прехранбени култури
ПРЕХРАНБЕНА КУЛТУРА: Пченка[А] Ориз[Б] Пченица[В] Компир[Г] Маниока[Д] Соја[Ѓ] Сладок компир[Е] Сирак[Ж] Јам[Џ] Готварска банана[Ш]
Состојка (на 100 гр) Количина Количина Количина Количина Количина Количина Количина Количина Количина Количина
Вода (гр) 76 12 11 79 60 68 77 9 70 65
Енергија (кЏ) 360 1528 1419 322 670 615 360 1419 494 511
Белковини (гр) 3,2 7,1 13,7 2,0 1,4 13,0 1,6 11,3 1,5 1,3
Маст (гр) 1,18 0,66 2,47 0,09 0,28 6,8 0,05 3,3 0,17 0,37
Јаглехидрати (гр) 19 80 71 17 38 11 20 75 28 32
Влакна (гр) 2,7 1,3 10,7 2,2 1,8 4,2 3 6,3 4,1 2,3
Шеќер (гр) 3,22 0,12 0 0,78 1,7 0 4,18 0 0,5 15
Калциум (мг) 2 28 34 12 16 197 30 28 17 3
Железо (мг) 0,52 4,31 3,52 0,78 0,27 3,55 0,61 4,4 0,54 0,6
Магнезиум (мг) 37 25 144 23 21 65 25 0 21 37
Фосфор (мг) 89 115 508 57 27 194 47 287 55 34
Калиум (мг) 270 115 431 421 271 620 337 350 816 499
Натриум (мг) 15 5 2 6 14 15 55 6 9 4
Цинк (мг) 0,45 1,09 4,16 0,29 0,34 0,99 0,3 0 0,24 0,14
Бакар (мг) 0,05 0,22 0,55 0,11 0,10 0,13 0,15 - 0,18 0,08
Манган (мг) 0,16 1,09 3,01 0,15 0,38 0,55 0,26 - 0,40 -
Селен (µг) 0,6 15,1 89,4 0,3 0,7 1,5 0,6 0 0,7 1,5
Витамин Ц (мг) 6,8 0 0 19,7 20,6 29 2,4 0 17,1 18,4
Тиамин (мг) 0,20 0,58 0,42 0,08 0,09 0,44 0,08 0,24 0,11 0,05
Рибофлавин (мг) 0,06 0,05 0,12 0,03 0,05 0,18 0,06 0,14 0,03 0,05
Ниацин (мг) 1,70 4,19 6,74 1,05 0,85 1,65 0,56 2,93 0,55 0,69
Пантотенска киселина (мг) 0,76 1,01 0,94 0,30 0,11 0,15 0,80 - 0,31 0,26
Витамин Б6 (мг) 0,06 0,16 0,42 0,30 0,09 0,07 0,21 - 0,29 0,30
Фолат - вкуп. (µг) 46 231 43 16 27 165 11 0 23 22
Витамин А (МЕ) 208 0 0 2 13 180 14187 0 138 1127
Витамин Е, α-токоферол (мг) 0,07 0,11 0 0,01 0,19 0 0,26 0 0,39 0,14
Витамин К (µг) 0,3 0,1 0 1,9 1,9 0 1,8 0 2,6 0,7
β-каротин (µг) 52 0 0 1 8 0 8509 0 83 457
Лутеин+зеаксантин (µг) 764 0 0 8 0 0 0 0 0 30
Заситени масни киселини (гр) 0,18 0,18 0,45 0,03 0,07 0,79 0,02 0,46 0,04 0,14
Мононезаситени масни киселини (гр) 0,35 0,21 0,34 0,00 0,08 1,28 0,00 0,99 0,01 0,03
Полинезаситени масни киселини (гр) 0,56 0,18 0,98 0,04 0,05 3,20 0,01 1,37 0,08 0,07
А пченка, слатка, жолта, сирова Б ориз, бел, долгнавест, обичен, сиров
В пченица, тврда Г компир, со лупка, сиров
Д маниока, сирова Ѓ соини зрна, зелени, сирови
Е сладок компир, сиров Ж сирак, сиров
Џ јам, сиров Ш готварска банана, сирова

Производство на пченка во Македонија

Според Заводот за статистика, производството на пченка во Македонија од 2000 до 2019 година, во тони, е следното:

Производство на пченка во Македонија од 2000 до 2019 г.
Година 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009
Тони 125.383 117.070 140.694 136.492 141.875 148.234 147.494 118.378 127.125 154.237
Година 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Тони 129.045 126.096 115.928 131.043 136.930 133.771 143.823 120.156 187.676 145.278

Галерија

Наводи

Tags:

Пченка Потекло и историјаПченка УпотребаПченка Производство на пченка во МакедонијаПченка ГалеријаПченка НаводиПченкаАмерикаЕвропаЖитна култураНауч.Род (биологија)Семејство (биологија)Треви

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ХематокритСловенска митологијаАлбуминЛавМакедонски парламентарни избори (2024)ГеноцидПоштенски броеви во МакедонијаВикипедија на македонски јазикБилјана ВанковскаМакедонски парламентарни избори (2020)17 априлСвети Ѓорѓи КратовскиАндреј ПленковиќУнгаријаРадмила ШекеринскаКружење на водатаОрце СтевковскиЕгејска МакедонијаПравоаголникДен на независноста на МакедонијаКонстантин МиладиновСимболи на МакедонијаХороскопски знациТангентен четириаголникАртрозаИзборна единица 1Општини во МакедонијаЈужна Америка’РбетнициГлигор ПоповскиКонтинентЦрвени крвни зрнцаЗаконодавна властWhat the HellСкриеносеменициБојаМоравска мисијаМонархијаДебело цревоЃорѓија ПулевскиВодолија (хороскопски знак)ИндустријаВелигденГраматички категории на именките во македонскиот јазикКамен мост (Скопје)Солунски атентатиАна ФранкСкопски земјотрес (1963)Народна Република КинаСистем за варењеЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеИзборна единица 6ЖолтицаАтрибут во македонскиот јазикСолиИзборна единица 5Правоаголен триаголникАрхимедМакедонски ВласиУбиство на Јане СанданскиРак на желудникТри сестриГлуварчеОпштина КичевоФранческо ПетраркаКурбан бајрамХемофилијаКитовиОхридска пастрмкаПрирокЦистична фиброзаСовет на ЕвропаКочо РацинПовикувачки броеви во МакедонијаДарко КаевскиЗевсОпштествоИсус Христос🡆 More