Пабло Ескобар

Пабло Емилио Ескобар Гавирија (шпански: Pablo Emilio Escobar Gaviria; 1 декември 1949 — 2 декември 1993) — колумбиски нарко-дилер и нарко-терорист.

Неговиот картел произвел околу 80% од целото производство на кокаин шверцуван на САД во времетраењето на неговата кариера, со обрт на 21,9 милијарди долари годишно во личен доход. Често бил нарекуван „Крал на кокаинот“ поради тоа што претставувал најбогат криминалец во историјата, со проценета нето вредност на меѓу 25 и 30 милијарди долари од почетокот на 1990-тите (еквивалентно на помеѓу околу 48,5 и 56 милијарди во 2017 г.), што го прави еден од најбогатите луѓе во светот во неговиот ранг.

Пабло Ескобар
Пабло Ескобар
Роден 1 декември 1949
Меделин, денес Рионегро
Починал 2 декември 1993(1993-12-02) (возр. 44)
Меделин, Колумбија
Занимање нарко-дилер

Животопис

Ескобар е роден во Рионегро, Колумбија, израснал во близина Меделин. Тој студирал кратко на Универсидад Аутонома Латиноамерикана во Меделин, но се откажал без диплома; и почнал да се вклучува во криминални активности како продажба на шверцувани цигари и лажни ливчиња за лотарија, а учествувал и во кражби на моторни возила. Во 1970-тите, тој почнал да работи за различни шверцери, при што често киднапирал луѓе за откуп, потоа почна да пренесува и самиот кокаин. Притоа ги заосновал првите шверцерски рути за дрога на територијата на САД.Неговото влијание на пазарот на дрогата во САД се проширило експоненцијално како резултат на зголемувањето на побарувачката на кокаин; и, од 1980-тите, проценето е дека 70 до 80 тони кокаин биле испратени од Колумбија до САД месечно. Неговата дрога мрежа беше попозната како Medellín Картел, која често се натпреварувала со соперничките картелите во земјата и во странство, што резултирало во масакри и убиства на полицајци, судии, локално цивилно население, и истакнати политичари од тоа време.

Во 1982 година, Ескобар бил избран како алтернативен член на Комората на Претставници на Колумбија , како дел од движењето Либерална Алтернатива. Преку тоа, тој е одговорен за изградба на куќи и фудбалски терени во области од западна Колумбија, при што се здобил со огромна популарност меѓу месното население на градовите кои ги посетуваат. Сепак, Колумбија станала водач во однос на убиства во светот, при што Ескобар бил наведен како главен виновник од страна на колумбиската и американската влада. Во 1993 година, Ескобар бил застрелан и убиен во својот роден град од колумбиската национална полиција, еден ден по неговиот 44. роденден.

Почетокот на животот

Пабло Ескобар 
Градот Меделин, каде Ескобар израснал и ја започнал својата криминална кариера.

Пабло Емилио Ескобар Гавириа е роден на 1 декември 1949 година, во Рионегро, во областа Антиокија на Колумбија. Тој бил трет по возраст од седумте деца на земјоделецот Авел Дари Ескобар Ечевери (1910-2001), со неговата сопруга Хемилда де лос Долорес Гавириа Берио, наставничка во основно училиште. Израснат во близина на градот Medellín, Escobar со умисла да ја почнува својата криминална кариера како тинејџер, преку крадење надгробни плочи и препродажба на локалните шверцерите. Неговиот брат, Роберто Ескобар, го негира ова, тврдејќи дека плочите доаѓале од гробните места чии сопствениците престанале да плаќаат за одржување.. Синот на Ескобар, Себастиан Марокин, тврди дека неговиот татко ја започнал својата успешната криминална кариера преку продажба на фалсификувани средношколски дипломи.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Пабло Ескобар ЖивотописПабло Ескобар НаводиПабло Ескобар Надворешни врскиПабло Ескобар1 декември194919932 декемвриКолумбијаСоединети Американски ДржавиШпански јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Главна страницаМесопотамијаАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанЗоран ЗаевМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаЕндометриозаДропкаСтарогрчка митологијаВикипедија на македонски јазикКамилаМакедонски народни инструментиДекарБаза (хемија)Наталиева рамондаДимитар КовачевскиРеченицаСиријаШизофренијаКиро ГлигоровИсламСкопјеМакедонска револуционерна организацијаБразилРударствоАпениниКрушевоВласиГрб на МакедонијаОтоманско ЦарствоСолунски атентатиАнтарктикМали сипаници20000 милји под моретоЧевларствоПрилепСписок на архаични зборови во македонскиот јазикDNKСписок на фобииСинонимРадикаМавровоХемороидМакедонска граматикаМакедонски претседателски избори (2014)БугојноКумановоМонте КарлоУНЕСКОАзијаТрета македонска фудбалска лигаАмонијакЛеб и сол (музичка група)Катастарски општини во МакедонијаМакедонски ВласиКалиопиЛегендиПустинаСвети ГеоргиФранцијаАлпиАлександар ШехтанскиПриштинаДебарСоцијалистичка Република МакедонијаКрстоносни војниГлас од МакедонијаСкопски земјотрес (1963)Ана ФранкКрива ПаланкаЦрвена лисицаПридавки во македонскиот јазикЈорданСветлана Ражнатовиќ-ЦецаСписок на државни знамињаСмрекаПравоаголникАнтичка Македонија🡆 More