Масло: вискозна течност

Масло — вискозна течна хемиска супстанца, нерастворлива во вода, но растворлива во алкохол и етер.

Содржи големо количество на јаглерод и водород, а според физичките особини е запаливо и лизгаво. По потекло маслото може да биде животинско, растително или минерално. Постојат испарливи или неиспарливи масла.

Масло: Видови масла, Примена, Поврзано
Општ хемиски состав на мастите и маслата

Видови масла

Органски масла

Масло: Видови масла, Примена, Поврзано 
Шише сончогледово масло

Органските масла се добиваат од најразлични видови растенија, животни и други организми што се лачат со природните метаболични процеси. Научниот поим „липид“ се однесува на масните киселини, стероиди и слични хемиски супстанции што се содржат во маслата и мастите на живите организми, а маслото е поим за општата мешавина од супстанции. Освен липиди, органските масла може да содржат други состојки како белковини, восок и алкалоиди.

Липидите можат да се поделат според начинот на кој се создаваат во организмот, нивната хемиска структура и ограниченоста на растворливостта споредени со масла. Содржат многу јаглерод и водород, со значаен недостаток на кислород во споредба со органските соединенија и минералите.

Минерални масла

Минералните масла се добиваат со рафинирање на сирова нафта и играат значајна улога во современото стопанство. Самата нафта доаѓа од фосилизирани органски материи, како зоопланктони и алги, кои со текот на долг временски период се претвораат во нафта по геохемиски пат. Овие масла не се буквално минерални — нафтата не се добива од минерали, туку се нарекува така бидејќи органските материи се помешани со и сместени помеѓу минерали во земјата.

Примена

Масло: Видови масла, Примена, Поврзано 
Моторно масло

Исхрана

Маслото за јадење (зејтин) се добива од животни (во облик на путер, животинска маст и сл.) или растенија (сончогледово, маслиново, пченкарно, маргарин и многу други).

Козметика

Во козметиката, маслото се нанесува како омекнувач кожата и косата, поттикнувајќи го нејзиниот раст.

Религија

Маслото има видно место во религијата, во обредот миропомазание и како гориво за кандила.

Сликарство

Сликарските пигменти се мешаат со масла за да добивање на трајна боја во масленото сликарство. Најстарите постоечки слики во маслена техника датират од 650 г.

Разладување

Маслата се користат како разладувачи во електрични строеви како што се трансформаторите.

Подмачкување

Во индустријата и механиката, маслото има важна улога како мазиво (подмачкувач) за намалување на триењето на деловите. Ова се претежно минерални масла (машинско мазиво, моторно масло и др.), но има и механизми што се подмачкуваат со растителни масла како што е лененото.

Органските масла се користат во еколошката хемија („зелена хемија“).

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Масло Видови маслаМасло ПрименаМасло ПоврзаноМасло НаводиМасло Надворешни врскиМаслоЈаглеродАлкохолВискозностВодородЕтерРастворливостСупстанцаТечност

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Лазар КолишевскиИнсектиКитовиЕвгениј ОнегинЛига на шампиони во фудбалРуса треваИсус ХристосКандидУстав на МакедонијаГерманска граматикаЃомлезеБаза (хемија)ЕвропаПортугалијаГликемијаРадикаВодаХристијанствоПолскаЗагадување на воздухотЕлизабета ЃоргиевскаНикола ГруевскиЗалив на КоскитеЗаздравување на ранаСписок на македонски народни и староградски песниМакедонски хумористични народни приказни (книга)Срцева слабостЧешкаАрбен ТаравариТартифКочаниРадовишСоцијалистичка партија на МакедонијаМарија КириВиножитоСписок на градоначалници во МакедонијаРоднински односиБиполарно растројствоЧир на желудникотГаличникЃокица ЛукаревскиАнтибиотикЕврејски календарЧовечки папиломен вирусДојранМасакр кај ВејцеЕлектрична струјаСписок на македонски филмовиТомас Алва ЕдисонИранКирилицаЦар СамоилПравопис и правоговор на македонскиот јазикСтале ПоповГордана Силјановска-ДавковаЛесновски манастирКорупцијаСрбијаЗлосторство и казнаНационален парк Шар ПланинаЖолчкаСкопски земјотрес (1963)ТрапезМагнетКанцониеротМетодија Андонов-ЧентоКипарПустина (роман)Список на религииАлкалоид (претпријатие)Македонски народни инструментиЃорѓија СајкоскиЕлектролитРак на белите дробовиСДСММакедонски комитет🡆 More