Лисици: род од семејството кучиња

Лисица (латински: Vulpes) — род составен од 27 видови животни од семејството кучиња Canidae.

Опис

Лисицата е висока од 40 до 50 см, а должината и изнесува околу 110 см, додека само опашката е околу 40 см. Таа обично тежи од 8 до 10 кг. Што се однесува до староста на лисицата, тие можат да доживеат до 15 години, но во просек нивниот животен век изнесува околу 12 години. Нејзината трага може да се помеша со трагата на помало куче, но се разликува по тоа што нејзината трага е потесна од онаа на кучето. Територијата која ја покрива лисицата обично изнесува околу 4 квадратни километри, а живее во јами што се во главно концентрирани на работ на шумата. Лисиците живеат главно сами, а само за време на парењето доаѓа до зближување на мажјакот и женката. Лисицата го носи младенчето од 50 до 56 дена. Кога ќе се роди, младенчето во просек има маса околу 80 грама, а на врвот на опашката и на градите има бели праменчиња.

Лисици: Опис, Изумрени видови, Лисиците како тема во уметноста и во популарната култура 
Машка индиска лисица

Изумрени видови

  • Vulpes alopecoides — (Major, 1873, крајот плиоцен, Европа)
  • Vulpes angustidens — (Thenius, 1954, почетокот плеистоцен, Европа)
  • Vulpes chikushanensis — (Young, 1930, крајот плиоцен, Европа)
  • Vulpes galaticus — (Ginsburg, 1998, плиоцен, Европа)
  • Vulpes praecorsac — (Kormos, 1932, просечната плеистоцен, Европа)
  • Vulpes praeglacialis — (Kormos, 1932, почетокот-просечната плеистоцен, Европа)
  • Vulpes riffautae — (Bonis et al., 2007, крајот миоцен Африка)
  • Vulpes stenognathus — (Savage, 1942, крајот миоцен, Северна Америка)

Лисиците како тема во уметноста и во популарната култура

Лисиците како тема во книжевноста

  • „Лисицата лекар“ - кавкаска народна приказна.
  • „Како лисицата го оженила сиромавиот“ - кавкаска народна приказна.
  • „Лисицата и волкот“ - унгарска народна приказна.
  • „Лисицата, мечката и сиромавиот“ - унгарска народна приказна.
  • „Лисицата и волкот“ - македонска народна приказна.
  • „Лисицата му се одмаздила на волкот“ (српски: Лисица се осветила вуку) - српска народна приказна.
  • „Мечката, свињата и лисицата“ (српски: Међед, свиња и лисица) - српска народна приказна.
  • Волкот и лисицата“– сказна на браќата Грим.
  • „Лисицата и коњот“ – сказна на браќата Грим.
  • „Лисицата и мачката“ – сказна на браќата Грим.
  • „Лисицата и крокодилот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.
  • „Лавицата и лисицата“ - басна на Езоп.
  • „Лавот, магарето и лисицата“ - басна на Езоп.
  • „Лавот, волкот и лисицата“ - басна на Езоп.
  • „Петелот, кучето и лисицата“ - басна на Езоп.
  • „Лисицата и гавранот“ - басна на Езоп.
  • „Лакомата лисица“ - басна на Езоп.
  • „Лисицата и јарецот“ - басна на Езоп.
  • „Лавот и лисицата“ - басна на Езоп.
  • „Лисицата и дрварот“ - басна на Езоп.
  • „Рисот и лисицата“ - басна на Езоп.
  • „Орелот и лисицата“ - басна на Езоп.
  • „Лисицата и капината“ - басна на Езоп.
  • „Лавот, глушецот и лисицата“ - басна на Езоп.
  • „Лисицата и дрвената глава“ - басна на Езоп.
  • „Дивиот вепар и лисицата“ - басна на Езоп.
  • „Лисици“ - басна на Езоп.
  • „Зајаците и лисиците“ - басна на Езоп.
  • „Лисицата и мајмунот“ - басна на Езоп.
  • „Лисицата и грозјето“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.
  • „Лисицата и штркот“ — басна на Лафонтен.
  • „Гавранот и лисицата“ — басна на Лафонтен.
  • „Крзното од лисица на мајка ми“ — краток расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска.
  • „Лисицата воспитачка“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.

Лисиците како тема во филмот

Литература

  • Ronald M. Nowak Walker's carnivores of the world – JHU Press, 2005
  • Xiaoming Wang, Richard H. Tedford, Mauricio Anton Dogs: Their Fossil Relatives and Evolutionary History — Columbia University Press, 2010

Наводи

Tags:

Лисици ОписЛисици Изумрени видовиЛисици те како тема во уметноста и во популарната култураЛисици ЛитератураЛисици НаводиЛисициCanidaeЖивотниКучињаЛатински

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МачкаВикипедијаРак (болест)Парадоксот на ДиогенМеѓународен ден на трудотИлија ФилипчеМаксим ДимитриевскиГрб на МакедонијаБудимпештаБелото ЦиганчеСписок на македонски народни поговоркиБедија БеговскаСиријаИлинденско востаниеПасхаЕкосистемМакедонски јазикПетар Поп АрсовГихтЗемја (планета)Човечко телоХороскопски знациКалендар на Велигденски датумиПиреј (роман)Јаглерод моноксидНационален парк Шар ПланинаЗлата МегленскаМакедонска азбукаВртоглавицаТоме АрсовскиЈугославијаБилјана ВанковскаKлиндамицинИзборна единица 5Христијан Тодоровски-КарпошАлександар КирацовскиСлезинаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаДемократијаМакедонски претседателски избори (2009)Адолф ХитлерИранЈугоисточно македонско наречјеВилијам ШекспирЕјакулацијаВесна БендевскаÈ (кирилица)Ајфелова кулаЧир на желудникотМакедонски претседателски избори, 2019Македонски парламентарни избори (2014)Ден на сесловенските просветителиОслободителна војска на КосовоДанела АрсовскаДУИЕкологијаКанцониеротПрагаДвижење БесаОхридМакедонски парламентарни избори (1990)Кристијано РоналдоБубрежен каменОвчи сипанициЈаглехидратМраморно МореАли АхметиМасакр во СребреницаЗлосторство и казнаМасакр кај КарпалакАна ФранкСписок на градови во МакедонијаАцо ШоповАнтон ПановХоландијаПортугалија🡆 More