Како Ја Запознав Мајка Ви

Како ја запознав мајка ви е американска комична телевизиска серија која имаше премиера на телевизискиот канал CBS на 19 септември 2005 година, и е дело на Крег Томас и Картер Бејс, во режија на Памела Фрајмен.

Како ја запознав мајка ви
Жанрsitcom
comedy-drama
Создадена одCarter Bays
Craig Thomas
УлогиJosh Radnor
Jason Segel
Cobie Smulders
Neil Patrick Harris
Alyson Hannigan
РаскажувачBob Saget (uncredited)
Воведна тема"Hey, Beautiful" od The Solids
Земја на потеклоСАД
Првичен јазиканглиски јазик
Бр. на сезони9
Бр. на епизоди208 (список на епизоди)
Продукција
Извршен продуцент(и)Carter Bays
Pamela Fryman
Rob Greenberg
Craig Thomas
КамераMulti-camera
Времетраење21–22 minutes
Продукциска куќаBays & Thomas Productions
20th Century Fox Television
Прикажување
Првична мрежаCBS
Сликов формат1080i 16:9 (HDTV)
Звучен форматDolby Digital 5.1
Првично прикажувањесептември 19 2005 (2005-09-19) – present
Надворешни врски
Мрежна страницаcbs.com/primetime/how i met your mother
Како Ја Запознав Мајка Ви
Џош Раднор Тед Мозби

Дејствието се одвива во Менхетен, а Како ја запознав мајка ви ги следи социјалните и романтичните животи на Тед Мозби (Џош Раднор) и неговите пријатели Маршал Ериксен (Џејсон Сигел), Робин Шербатски (Коби Смолдерс), Лили Олдрин (Алисон Ханиган) и Барни Стинсон (Нил Патрик Харис). Како рамка на серијата, главниот лик, Тед, користејќи наративен коментар со гласот на Боб Сагет, во 2030 година на своите син и ќерка им ги раскажува настаните кои довеле до тоа како ја запознал нивната мајка.

Како ја запознав мајка ви е критично успешна серија и константно добива позитивни рецензии во текот на нејзиното прикажување. Серијата има освоено шест Еми награди, вклучувајќи ја и наградата за „Најдобра комична серија“ во 2009 година. Седмата сезона од серијата беше најавена во март 2011 година и ја имаше својата премиера на 19 септември 2011 година, со премиера од две последователни епизоди, заедно со потврда за осма сезона. Како ја запознав мајка ви ја освои наградата за најдобра Тв комедија на People's Choice Awards во 2012 година, а Нил Патрик Харис ја освои наградата за најдобар машки комичен глумец.

Продукција

Како ја запознав мајка ви е плод на идејата на Бејс и Томас да пишуваат во врска со нивните „пријатели и глупавите нешта кои ги правевме во Њујорк“. Двајцата црпеле инспирација од нивните пријателства при создавањето на ликовите. Ликот на Тед е отприлика заснован на Бејс а ликовите на Маршал и Лили се отприлика засновани врз Томас и неговата сопруга. Сопругата на Томас, Ребека, најпрвин се противела на идејата во врска со тоа некој лик да биде заснован врз нејзе но би се согласила доколку Алисон Ханиган би го глумел нејзиниот лик. Ханиган сакала да продолжи да работи на комедии, и била достапна.

Барот Мекларен, сместен во средината на Њујорк, каде се одвиват некои од сцените е заснован врз еден друг бар наречен Мекги. Во тој бар имало фреска која им се допаднала на Бејс и Томас и тие сакале да ја вметнат во нивното шоу. Името за барот е добиено според асистентот на Картер Бејс кој се вика Карл Мекларен; барменот во шоуто, исто така, се вика Карл. Секоја епизода вообичаено се снима во текот на три дена во Саундстејџ студио 22 (Soundstage Studio 22) и прикажува повеќе од 50 сцени со брзи транзиции и ретроспективи. Меѓутоа, првата епизода била снимана во студиото CBS Radford..Смеата во заднина е создадена подоцна со тоа што публиката се снима по прикажувањето на конечно монтираната епизода. Томас изјавува дека снимањето пред публика во живо би било невозможно поради структурата на шоуто и бројните ретроспективи во секоја епизода и бидејќи доколку тоа би се направило би „се заматила линијата помеѓу публика и заложничка ситуација“. Подоцнежните епизоди биле повремено снимани пред публика во живо кога се користеле помали сцени.

Тематаската песна е дел од „Hey Beautiful“ од групата The Solids, чии членови се Бејс и Томас. Епизодите од првата сезона вообичаено започнувале со почетните кадри. Од втората сезона па натаму се користи таканаречено „ладно отворање“. Со тоа гледачите повремено ги гледаат децата на Тед седнати на кауч и го слушаат како им ја раскажува приказната за тоа како ја запознал нивната мајка. Како алтернатива, прикажани се сцени од претходните епизоди или кадри од Њјурок со тоа што Тед зборува во позадина. Томас експлицитно вели дека Тед од иднината не е веродостоен раскажувач бидејќи тој се обидува да раскаже приказна која се случила пред 20 години; во неколку епизоди токму овој елемент е главна точка на заплет како на пример во епизодите „Козата“, „Ох, Душо“, „Како ги запознав сите останати“ и „Теоријата за сирената“. Сепак, Томас обрнал многу внимание на одржувањето на јасен и постојан свет, како и обидувајќи се да избегне грешки во континуитетот, врз основа на неговите искуства како обожавател на други телевизиски шоуа. На почетокот на втората сезона била снимена сцена која е директно поврзна со идентитетот на мајката, сцена во која се вмешани децата на Тед и која била снимена за финалето на таа сезона..Причината за ова е тоа што глумците кои се тинејџери би биле возрасни во периодот на снимањето на последната сезона..

За време на Штрајкот на здружението на сценаристи на Америка, серијата Како ја запознав мајка ви престана да се снима; но кога штрајкот заврши, шоуто се врати во етер на 17 март 2008 година со девет нови епизоди. Била најавена и промена во временскиот период на прикажување во 8 и 30 часот според источната часовен појас менувајќи си ги местата со друга ТВ серија..Телевизиската мрежа CBS го обнови шоуто за четврта сезона на 14 мај 2008 година, со премиера на 22 септември 2008 година.

Во септември 2008 година, беше најавено дека телевизиската станица Лајфтајм ги откупила правата за прикажување на репризи од серијата со цена од 725 илјади американски долари од епизода..Четиригодишниот синдикатски договор прецизирал дека студиото мора да сними барем 110 епизоди кои траат по половина час до 2010 година, и да овозможи до 8 сезони од шоуто. На крајот од четвртата сезона само 88 епизоди биле продуцирани, а биле потребни уште 22 епизоди, и со тоа се гарантирало дека ќе има и петта сезона..На 19 мај 2009 година, беше најавена и петтата сезона од шоуто..На 20 мај 2009 година, CBS најавија дека Како ја запознав мајка ви повторно ќе се емитува во 20 часот, на местото на новата комична серија Случајно намерно. На 12 јануари 2010 година, шоуто ја емитуваше својата јубилејна 100-та епизода. Исто така, беше најавено дека серијата ќе продолжи и со шеста сезона на CBS..Во однос на синдикацијата, Томас изјавил, „Возбудени сме што шоуто ќе постои во други формати“, и тие биле горди од шоуто и тоа што имало големо барање за него. Меѓутоа, членовите на глумецската екипа изјавиле дека шоуто нема да има повеќе од осум сезони.

На 13 септември 2010 година, започнале да се прикажуваат репризи од серијата на локални американски ТВ станици и на суперстаницата WGN America во Чикаго. Во овие емитувања на CBS и Lifetime се прикажани претходно невидени логоа на продуцентите поради намалените воведни секвенци од страна на двете ТВ мрежи. Помеѓу завршните кадри, овие продуцентски логоа прикажувале делови од „Братскиот код“, кој е список на правила често спомеувани од страна на ликот на Харис, Барни Стинсон, за тоа како треба мажите да се однесувата еден со друг, со акцент на активностите каде се вклучени обидите за флертување со спротивниот пол. Најавната шпица за овие репризи е, исто така, малку монтирана, таа трае пократко и не ги користи сите слики кои се забележуваат во најаната шпица на ДВД-ата и оригиналните емитувања на CBS. Епизодите се, исто така, монтирани и изоставуваат неколку детали. Една од постојаните традиции на серијата е користењето на глумци-гости од различни продукции на Џос Видон, од кои многумина биле колеги со Ханиган од серијата Бафи убиецот на вампири. Бејс го препишува тоа што тој и Томас се огромни обожаватели на Видон и тие глумци претставуваат огромен дијапазон на талент.

На 4 март 2011 година, CBS најави дека шоуто е обновено за уште две сезони, со тоа што седмата сезона ќе ја има својата премиера на 19 септември 2011 година со две последователни епизоди. На 27 јули 2011 година, беше најавено дека каналот FX го купил шоуто за синдикација. FX започнал со емитување на шоуто на 5 септември 2011 година.

Во главните улоги

Главни ликови

  • Џош Раднор како Тед Мозби
  • Џејсон Сигел како Маршал Ериксен
  • Коби Смолдерс како Робин Шербатски
  • Нил Патрик Харис како Барни Стинсон
  • Алисон Ханиган како Лили Алдрин
  • Боб Сагет (раскажувач) како Тед Мозби од иднината (камео улога)

Периодични ликови

  • Линдзи Фонеска како ќерката на Тед Мозби од иднината (2005-)
  • Дејвид Хенри како синот на Тед Мозби од иднината (2005-)
  • Маршал Манеш како Ранџит (2005-)
  • Џо Нивес како Карл барменот (2005-)
  • Шарлин Амоиа како Венди келнерката (2005-11)
  • Бил Фагербак како Марвин Ериксен постариот (2005–)
  • Даника Мекелар како Труди (2005-07)
  • Ешли Вилијамс како Викторија (2006, 2011-)
  • Дејвид Буртка како Скутер (2006-10)
  • Џо Мањанело како Бред (2006-09)
  • Брајан Кален како Билсон (2006-09)
  • Таран Килам како Блауман (2006)
  • Алексис Денисоф како Сенди Риверс (2006, 2011-)
  • Вејн Брејди како Џејмс Стинсон (2006-)
  • Брајан Кранстон како Хамонд Дратерс (2006-07)
  • Кристин Роуз како мајката на Тед, Вирџинија Мозби (2006-)
  • Енрике Иглесијас како Гаел (2007)
  • Сара Чок како Стела Зинман (2008-09)
  • Бритни Спирс како Аби (2008)
  • Боб Оденкирк како Артур Хобс (2008)
  • Крис Романо како Панчи (2008-)
  • Вил Форте како Ренди Вармпес (2008, 2010)
  • Френсис Конрој како Лорета Стинсон (2009-)
  • Бенџамин Колдајк како Дон Френк (2009-10)
  • Лора Препон како Карен (2009-10)
  • Крис Елиот како Мики Алдрин (2009, 2011, 2012-)
  • Рејчел Билсон како Синди (2010, 2011)
  • Бен Верин како Сем Гибс (2010-)
  • Џенифер Морисон како Зои Пирсон (2010-11)
  • Лора Бел Банди како Беки (2010)
  • Кајл Меклахлан како Џорџ „Капетанот“ ван Смут (2010-11)
  • Назанин Бниади како Нора (2011)
  • Кети Пери како Хани (2011)
  • Џон Литгоу како Џером „Џери“ Витакер (2011-)
  • Кал Пен како Кевин (2011-12)
  • Мартин Шорт како Герисон Кутс (2011-)
  • Беки Њутон како Квин Гарви (2012-)

Краток преглед на сезоните

Прва сезона

Во 2030 година, Тед Мозби (Боб Сагет го позајмува гласот) седи со својата ќерка и син за да им ја раскаже приказната за тоа како ја запознал мајка им. Серијата започнува во 2005 година кога Тед (Џош Раднор) како 27 годишен архитект кој не е во врска и живее со своите двајца најдбори пријатели од колеџ; Маршал Ериксен (Џејсон Сигел), студент по право, и Лили Алдрин (Алисон Ханиган), учителка во градинка и надежен уметник. Лили и Маршал се во врска скоро девет години во моментот кога Маршал конечно и предложува брак. Нивното верење го предизвикува Тед да размислува за брак и конечно пронаоѓање на својата сродна душа, на големо незадоволство на неговиот само-назначен најдобар пријател Барни Стинсон (Нил Патрик Харис), кого тој го запознал во тоалетот во еден бар четири години претходно. Барни е голем женкар кој користи сложени измами, вообичаено користејќи костими и лажни идентитети, создадени со цел да спие со жени, кои тој ги напушта веднаш по самиот чин. Тед ја започнува својата потрага по совршената сродна душа и ја запознава амбициозната млада новинарка од Канада, Робин Шербатски (Коби Смолдерс), во која тој брзо се заљубува. Меѓутоа, Робин одлучува дека не сака да брза и веднаш да влезе во врска па затоа таа останува само пријател со Тед. Тед од иднината открива дека Робин не е мајка на неговите деца и тој ја нарекува „вујна Робин“. Тед започнуба врска со пекар, Викторија (Ешли Вилијамс), која ја запознава на венчавката на еден негов пријател, и со тоа предизвикува љубомора кај Робин кога таа сфаќа дека всушност има чувства за Тед. Викторија, која добива понуда за стажирање за правење слатки, се сели во Германија; и таа и Тед се обидуваат со врска на далечина. Кога Тед дознава дека Робин има чувства за него, и кажува дека тој раскинал со Викторија, иако тоа не е вистина. Тие скоро имаат секс кога Викторија се јавува а Робин одговара на повикот бидејќи го помешала телефонот на Тед со нејзиниот. Тед и Викторија раскинуваат а гневната Робин се дистанцира од Тед, но на крајот тие се смируваат и одлучуваат да влезат во врска. Во меѓувреме, Лили започнува да се прашува дали пропуштила некои животни шанси поради нејзината врска со Маршал, и се одлучува да оди во Сан франциско како дел од нејзините уметнички студии, воедно прекинувајќи ја врската со Маршал. Првата сезона завршува со тоа што Тед се враќа назад во станот, следниот ден откако тој ја поминал вечерта кај Робин за првпат, само да го најде Маршал како седи на дождот држејќи го вереничкиот прстен на Лили, скршен од нивното ненадејно раскинување.

Втора сезона

Тед и Робин сега се двојка; во меѓувреме разочараниот Маршал се обидува да продолжи со својот живот без Лили. По неколкуте емоционални сломови, пријателите на Маршал се обидуваат да му помогнат, и Барни, користејќи итри фрази и трикови, се обидува да му најде девојка на Маршал. Подоцна, откако сфаќа дека не í е судено да биде уметник, Лили се враќа во Њујорк. Таа повторно се враќа во врска со Маршал, а нивната веридба е повторно обновена. Кога Робин одбива да оди во трговски центар и не сака да објасни зошто, нејзините пријатели се сомневаат дека таа е или мажена или глумела во филмови за возрасни. „Комисарот за шамари“ Лили ја надгледува потрагата по вистината. Се открива дека Барни има хомосексуален, црн брат наречен Џејмс (Вејн Брејди) и тој верува дека Боб Баркер е неговиот татко, несвесен дека неговата мајка го излажала, и Барни патува во Калифорнија за да биде натпреварувач на шоуто Цената е вистинска за да се запознае со неговиот „татко“. Во финалето од сезоната, Тед му открива на Барни дека тој и Робин се раскинато веќе некое време поради нивните различни ставови во врска со бракот и децата. Тие не кажале на никој со цел да избегнат вниманието да падне на нив наместо на венчавката на Лили и Маршал. Сезоната завршува со тоа што Барни кој е возбуден бидејќи Тед и тој немаат девојки и се слободни да се забавуваат, ја завршува сезоната со тоа што вели „Ова ќе биде леген - чекај...“

Трета сезона

Барни ја започнува сезоната со зборот „-дарно!“ Робин се враќа од својот пат во Аргентина со нејзиното ново момче, Гаел (Енрике Иглесијас), а Тед мора да се прилагоди на животот како само пријател на Робин, додека гледа како Робин и Гаел уживаат во својата врска. Маршал и Лили одлучуваат да се отселат, заљубувајќи се во стан кој не можат да си го дозволат. Робин дознава за лошата кредитна состојба на Лили поради нејзините компулсивни навики за купување на дизајнерски брендови, и ја принудува Лили да му каже на Маршал. И покрај тоа, тие конечно го купуваат нивниот стан од соништата, само за да дознаат дека тој е на лоша локација и лошо изграден (подот е искривен). Барни е удрен шлаканица за третпат на Денот на благодарноста, празник кој Маршал го нарекува „Денот на шлаканицата“. Тед им кажува на своите деца дека тој ја запознал нивната мајка со помош на еден жолт чадор. Тој го наоѓа жолтиот чадор во една дискотека и го носи дома по забавата за денот на Свети Патрик каде неговата идна сопруга била присутна, иако тие не се сретнале. Тед се обидува да ја импресионира Стела (Сара Чок), која е дерматолог што му помогнува на Тед да ја отстрани засрамувачката тетоважа на пеперутка. Сето тоа кулминира со незборавен „дво-минутен состанок“, каде има празни муабети, вечера, филм, кафе, две возења со такси, и бакнеж за добра ноќ, во рок од две минути. Робин спие со Барни откако тој ја теши бидејќи таа раскинала со една поранешна љубов од Канада; Тед е гневен и одлучува повеќе да не биде пријател со Барни. Во меѓувреме, една непозната жена се обидува да ги саботира напорите на Барни за да спие со други жени. Подоцна се открива дека неговиот саботер е всушност Аби (Бритни Спирс), рецепционерката на Стела, која му се одмаздува на Барни бидејќи тој не í се јавил откако имале секс. Во финалето од сезоната, откако Тед и Барни доживуваат сообраќајни несреќи и завршуваат во иста болница, тие го обновуваат нивното пријателство. На крај се открива дека Барни има вистински чувства за Робин, додека пак Тед и предложува брак на Стела во една флиперница.

Четврта сезона

Стела го прифаќа предлогот на Тед. Робин прифаќа нова работа во Јапонија, но брзо дава отказ и се враќа во Њујорк за да присуствува на венчавката на Тед, откако сфаќа колку и недостигаат нејзините пријатели. Стела го остава Тед на олтарот за да му се врати на нејзиниот бивш сорпуг и татко на нејзината ќерка-Тони (Џејсон Џоунс). Барни се бори со сопствените чувства за Робин во периодот кога неговата компанија го префрла во новиот менаџерски тим во новата банка Goliath National Bank (GNB). Маршал и Лили се селат во нивниот нов стан и дебатираат дали се подготвени да имаат деца. Робин станува цимерка со Тед и добива работа како презентерка на вестите во 4 часот по полноќ откако Барни го испраќа нејзиното видео резиме. Тед и Робин одлучуваат да спијат заедно со цел да не се караат порадите нивните лоши навики на живеење. Барни се обидува да ги спречи нивните караници, притоа откривајќи му на Тед дека тој ја сака Робин. Тед дознаа дека Лили ги саботирала сите негови врски со девојките кои таа не ги сакала и можно е таа индиректно да е одговорна за неговото раскинување со Робин. Робин и Тед разговараат на оваа тема, и нивното пријателство добива позитивен тон. Откако Барни конечно спие со неговата 200-та жена (и се фали со тоа пред неговиот силеџија од детството кој всушност го предизвикал Барни да спие со 200 жени), тој започнува да се сомнева во целта на неговиот живот, и тој станува уште посигурен дека има чувства за Робин. Тед, додека го носи жолтиот чадор, налетува на Стела и Тони. Подоцна Тони одлучува да го постеи Тед, бидејќи сочувствува со него поради тоа што Стела го оставила на олтарот. Тони му нуди работа како професор по архитектура, која отпрвин Тед ја одбива. Во финалето од сезоната Робин дознава дека Барни ја сака, и отпрвин одбива да се посвети на што било друго освен на сексуална врска; тие сепак завршуваат заедно. Тед одлучува дека тоа што е архитект не го води никаде, и конечно одлучува да стане професор на колеџ. Финалето од сезоната завршува со тоа што Тед се подготвува за неговиот прв час а Тед од иднината открива дека една од девојките во неговиот клас е всушност мајката на неговите деца.

Петта сезона

Тед започнува со својата работа како професор по архитектура, стоејќи во средината на училницата - иако мајката е присутна, сепак се дознава дека тоа всушност е предавање по економија а Тед е во погрешната училница. Барни и Робин имаат сексуална врска во текот на летото а Лили ги заклучува во соба, принудувајќи ги да ја дефинираат нивната врска. Но по еден тежок период тие одлучуваат да ја прекинат нивната врска. Робин го опишува тоа како „двајца пријатели кои се сретнале пак“. Барни веднаш се враќа на неговите стари начини, користејќи ја книгата со тактики која му помогнува да спие со жени. Во текот на сезоната Барни и Робин покажуваат знаци на каење поради нивното раскинување. Тед започнува врска со студентка која се вика Синди (Рејчел Билсон) и подоцна се открива дека таа всушност е цимерка на неговата идна сопруга. Робин го сретнува Дон, нејзиниот нов колега од шоуто. Иако најпрвин таа воопшто не го сака, тие двајца започнуваат врска и таа се вселува во неговиот стан. На крајот од сезоната тие раскинуваат кога Дон прифаќа работа во Чикаго - работа која Робин ја одбила за да може да остане во Њујорк со Дон. Маршал ја користи својата четврта шлаканица и го удира Барни, исто така, на Денот на благодарноста. Тед купува куќа, на која очајно и требаат поправки, но потоа се открива дека тоа е идниот дома на Тед и неговите деца. Лили и Маршал сè уште не се сигурни дали треба да имаат деца. Откако ги виделе четирите двојници на нивната група (лезбејката Робин, мустаќлијата Маршал, стритизерката Лили и мексиканскиот борач Тед) тие одлучуваат да ја остават нивната одлука на „бескрајната мудрост“ на универзумот и се обидуваат да имаат дете кога ќе го забележат двојникот на Барни. Во финалето од сезоната, Барни се маскира со цел да има секс со секоја девојка од светот, а Лили и Маршал мислат дека тој всушност е последниот двојник. Кога Маршал дознава, тој одлучува да не и каже на Лили, стравувајќи дека таа ќе сака уште подолго да чека за да имаат деца. Лили на крајот дознава и одлучува да чека. Во финалето од сезоната, Лили мисли дека го гледа двојникот на Барни кој е продавач на хот-догови, но всушност таа го гледа тоа што сака да го види и групата се согласува со нејзе. На крајот Барни се согласува дека бебињата не се глупава идеја кога Лили и Маршал одлучуваат да продолжат со своите планови. Сезоната завршува со тоа што Лили го замолува Маршал „да ѝ направи бебе“.

Надворешни врски

Како Ја Запознав Мајка Ви 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Tags:

Како Ја Запознав Мајка Ви ПродукцијаКако Ја Запознав Мајка Ви Во главните улогиКако Ја Запознав Мајка Ви Краток преглед на сезонитеКако Ја Запознав Мајка Ви Надворешни врскиКако Ја Запознав Мајка Ви

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Овчи сипанициМакедонски народни носииОпштина ПрилепПроизвод (математика)РибиБоксКумановоПопис на населението во Македонија (2021)Анална фисураКиселинаКристијано РоналдоЗатемнување на МесечинатаРециклирањеЉубе БошкоскиМозочен ударИсламска ДржаваРак на грло на маткаХрватскаРелигијаРеченицаВикипедијаСкопско КалеМојот звукМинато определено свршено време во македонскиот јазикКамен мост (Скопје)Список на македонски писателиХоландијаФабула26 мартХорПетре М. АндреевскиСмокваПустина (роман)ВиолинаЦар СамоилСписок на држави во светотАтопичен дерматитАрбен ТаравариХрватски месециМитологијаАвантурите на ПинокиоМакедонија во Втората светска војнаТалат ЏафериМатерицаСеск ФабрегасСистем за варењеСпоменка (книга)Јарец (хороскопски знак)Демократска унија за интеграцијаСахараАбортусЗНАМРамноденицаАнтарктикМагнетМарко ЦепенковЛуково (Струшко)Дишен системБубрегБор (град)Список на главни градови во светотПингвинАцо ШоповГрад СкопјеЛокална самоуправа во МакедонијаГлавна страницаДувачки инструментСмрекаЕфто ПупиновскиРомео и ЈулијаУбивањето на светиот еленКанадаПрилепско КралствоПустинаЕлектрична струјаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаОпштина ВрапчиштеСтрумица🡆 More