Замбија

Замбија (англиски: Zambia) или официјално Република Замбија (Republic of Zambia) е независна држава во Јужна Африка.

Замбија се граничи со ДР Конго на север, со Танзанија на североисток, со Малави на исток, со Мозамбик, Зимбабве, Боцвана и Намибија на југ и со Ангола на запад. Главен град на Замбија е Лусака, кој се наоѓа во јужниот дел од земјата. Според пописот од 2000 година, Замбија имала население од 9,885,591 жител. Поголем број од населението е сконцентрирано во јужниот дел од земјата, во регионот на главниот град, како и во покраината Копербелт. Замбија има вкупна површина од 752,618 км2 и службен јазик во државата е англискиот.

Република Замбија
Republic of Zambia
Замбија Замбија
Знаме Грб
Гесло„Една Замбија, една нација“
ХимнаStand and Sing of Zambia, Proud and Free
Замбија
Местоположба на Замбија
Главен град
(и најголем)
Лусака
15°25′S 28°17′E / 15.417° ЈГШ; 28.283° ИГД / -15.417; 28.283
Службен јазик англиски
Признаени регионални јазици њанџа, бемба, лунда, тонга, нкојо, лози, лувале, каонде, и уште 65 јазици.
Демоним Замбијци

(Замбиец/Замбијка)

Уредување Република
 •  Претседател Мајкл Сата
 •  Заменик претседател Џорџ Кунда
Независност од Обединетото Кралство 
 •  Датум 24 октомври 1964 
Површина
 •  Вкупна 752,618 км2 (39-та)
 •  Вода (%) 1
Население
 •  проценка за јули 2008 г. 11,862,740 (71-ва)
 •  Попис 2000 9,885,591 
 •  Густина 16 жит/км2 (191-ва)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $17.423 милијарди 
 •  По жител $1,399 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $14.323 милијарди 
 •  По жител $1,150 
Џиниев коеф. (2002–03)42.1
среден
ИЧР (2013) 0.561
среден · 141ва
Валута Замбиска квача (ZMK)
Часовен појас CAT (UTC+2)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+2)
Се вози на лево
НДД .zm
Повик. бр. 260

Територијата на Замбија била првично населена од коисански народи. Во 13 век истиот тој регион бил населен од банту-народите. По првичните посети на европските експедиции во XVIII век, Замбија станала британска колонија позната како Северна Родезија. Северна Родезија прогласила независност од Британија на 24 октомври 1964 година, но, под новото денешно име.

Потекло на поимот

Територијата на Замбија од 1911 до 1964 година се нарекувала Северна Родезија, која била британска колонија. Името Родезија потекнува од името на Сесил Родс. По независноста на колонијата, официјално името било сменето во „Замбија“ и името потекнува од името на реката Замбези.

Историја

Населена уште пред милион години, територијата во претколонијалното време била користена за формирање на различни племенски заедници. Во 17 и XVIII век биле основани државните формации Бароце и Лунда. Од втората половина на XIX век земјата започнала да потпаѓа под британска колонијална власт, по 1911 година под името Северна Родезија.

Независност

Замбија 
Кенет Каунда, првиот претседател на Републиката, во државна посета на Романија во 1986.

Ослободителната борба, под водството на Кенет Каунда, била крунисана во 1964 година со прогласувањето на независна Република Замбија. Во новите услови, Замбија се определила за неврзаната политика, а во економски поглед воспоставила тесни врски со Кина. Национализацијата на странските рударски и петролејски компании (започната во 1969 година) предизвикала бранувања и во политичката сфера со големи притисоци од надворешниот фактор. Во 1970 Лусака била домаќин на Третата конференција на неврзаните земји. Големите долгови и нестабилните економски состојби довеле до изборен пораз на Каунда (1991). Земјата започнала да се ориентира кон имплементирање на повеќепартиски систем (процес почнат и порано) и кон приватизација во стопанството.

Географија

Замбија 
Поглед кон Викторините водопади на реката Замбези.
Замбија 
Карта на Замбија

Замбија е држава без излез на море и се наоѓа во Јужна Африка. Земјата има тропска клима и е воглавно составена од висорамнини и повисоки планини. Со 752.614 км2, Замбија е 39 најголема земја во светот, по Чиле.

На територијата на Замбија се наоѓаат речните басени Замбези и Конго. Реката Замбези се протега во централниот, западниот и јужниот дел од земјата, додека реката Конго се наоѓа во северниот дел од земјата. Мал дел во североисточниот дел на Замбија е дел од басенот на езерото Руква во Танзанија. Позната географска одлика на Замбија се Викторините водопади.

Хидрографија

Реки

Некои од поголемите реки во Замбија се:

Езера

Позначајни езера во Замбија се:

Клима

Замбија има претежно тропска клима, влажна со врнежи од ноември до април (околу 1.500 mm годишно). Средна годишна температура 15-27 °C.

Политика

Замбија е претседателска република. На чело на државата, а воедно и на владата е претседателот. Државата има повеќепартиски систем. Извршната власт во Замбија е во рацете на владата, додека законодавната власт е поделена меѓу владата и собранието. Моментален претседател на Замбија е Мајкл Чилуфја Сата.

Административна поделба

Замбија 
Карта на покраините во Замбија

Замбија е поделена на 10 покраини Секоја од нив се дели на окрузи, вкупно 72. Покраините се:

  • Западна
  • Источна
  • Јужна
  • Копербелт
  • Луапула
  • Лусака
  • Мучинга
  • Северна
  • Северозападна
  • Централна

Стопанство

Земјоделска и индустриска земја со значајно рудно богатство (бакар, камен јаглен, олово, цинк, кобалт) и гранки развиени и засновани врз домашните ресурси. Во земјоделството доминираат пченката, оризот, кикиритките, сончогледот и памукот, а во сточарството говедата, козите и свињите. Извонредно значење за стопанскиот развој имаат нафтоводот и железничката линија Тан-Зам (Танзанија – Замбија) кои водат од танзаниското океанско пристаниште Дар ес Салам до Ндола, односно до Лусака. Железницата беше финансирана и изградена од Кина. Постојат три големи (Лусака, Ндола и Марамба) и околу 130 локални аеродроми. Патната мрежа се состои од над 39.000 км патишта (околу 6.000 км асфалтирани).

Демографија

Замбија 
Музеј Ливингстон во Лусака.
Замбија 
Замбијско рурално население.
    Население

Замбија е една од најурбанизираните држави во суп-сахарска Африка. 44% од населението се наоѓа во неколкуте урбани центри, додека руралните средини се слабо населени. Невработеноста во урбаните средини е голем проблем за државата, но руралното население воглавно се занимава со земјоделство и сточарство. Во државата живеат околу 72 различни народи, од кои најмногу се припадниците на Банту-народите. Според пописот од 2000 година, во државата живеат 9,885,591 жител.

90% од населениет се припадници на една од деветте етно-лингвистички групи: Чеванци, Бембајци, Тонганци (народ во Замбија и Зимбабве)Тонганци, Тумбукуанци, Балунѓани, Баловалејци, Каондејци, Нкојанци и Лозијци. Во Лусака, главниот град на државата, има и бело население, кое воглавно е од британско или јужноафриканско потекло. Според податоците од 1964 година, во Замбија имало 70.000 Европејци. Во државата има и мало азиско население, кои повеќето се Индијци или Кинези. Денес се проценува дека во државата има околу 80.000 Кинези Во скоро време, во државата се доселиле и Зимбабвејци кои работаат како фармери.

    Јазик

Службен јазик во Замбија е англискиот, кој се користи во трговијата и образованието. Главен домашен јазик е Њанџа, кој се зборува особено во Лусака. Покрај Њанџа, во државата има поголем број на говорници и на јазикот бемба. Вкупно во државата се зборуваат 73 јазици.

    Религија

Официјално Замбија е христијанста нација според уставот од 1996 година. Сепак, во државата сè уште се практикуваат локалните ритуали и истите се вметнати во христијанските традиции. Околу 87% од насеелнието се Христијани.

Верници во Замбија
Христијани
  
97,60 %
Муслимани
  
0,50 %
Без Религија
  
0,50 %
Хиндуисти
  
0,10 %
Народна Религија
  
0,30 %
Други
  
0,90 %

Култура

Иако недоволно проучени, за културните и за уметнички дејности со векови наназад сведочат зачуваните предмети од уметничките занаети и традиционалните танци. Врз основа на тие корени, независна Замбија првите чекори на тоа поле ги направила со формирање на танцови групи, подоцна и на театар со забележлива музичка и танцова димензија. Во 1964 година била формирана и литературната асоцијација Група на нови писатели, а биле направени и првите обиди за филмско производство. Првиот замбиски универзитет бил исто така отворен во 1964 година во Лусака.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Замбија Потекло на поимотЗамбија ИсторијаЗамбија ГеографијаЗамбија ПолитикаЗамбија Административна поделбаЗамбија СтопанствоЗамбија ДемографијаЗамбија КултураЗамбија НаводиЗамбија ПоврзаноЗамбија Надворешни врскиЗамбијаЈужна Африка (регион)АнглискиАнголаБоцванаДР КонгоЗимбабвеЛусакаМалавиМозамбикНамибијаТанзанија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Демир КапијаСредна АмерикаУкраинаКитовиГенералот на мртвата војскаАрбен ТаравариБалкански рисМовБиблијаЛимфоцитЗабМечкин лукПетар ПанКиселинаЗајдисонцеМеѓународен ден на РомитеСузан АкбелгеИракЕвропска УнијаКочаниШаркаКиро ГлигоровОхридМакедонски ораПравилен многуаголникРак на дојкаЖељко СамарџиќРајко ЖинзифовПролетЈадранско МореСписок на главни градови во светотМис Елен СтонРак на грло на маткаБиполарно растројствоДржавна химнаШизофренијаСкендербегСмоковиКамено времеТитаникСтар векКортизолМакедонски народни носииОхридски топчест сунѓерПарите се отепувачкаВиножитоВалцерГрузијаЛеонардо да ВинчиЧир на желудникотСпецијална антитерористичка единица „Тигар“ЦветПреспански договорРастенијаСолунски атентатиКожлеШтипБрадикардијаСребреницаСистем за варењеМакедонски јазикАтрибут во македонскиот јазик’РбетнициГостиварКорозијаПертусисШиизамСписок на државни знамињаКамилаСписок на фобииДен на востанието на МакедонијаГраѓанско учествоСтојанче АнгеловЛегенда за ПреспаРадовишРевизор (комедија)Среден век🡆 More