Антропологија

Антропологија (од грчкиот збор άνθρωπος што значи човек) е наука што се занимава со изучување на човештвото (видете Homo (род)).

Антропологија е холистичка наука заради две причини: таа се занимава со човечкото битие само по себе во различните периоди од неговиот развој, како и со различните димензии на она што не прави луѓе сите нас. Во центарот на антрополошките изучувања се наоѓа концептот култура низ кој нашиот вид го развил универзалниот капацитет да го согледува светот низ симболи, да учи и предава такви симболи во рамките на едно општество, како и да го менува светот (и своето место во него) врз основа на тие симболи. Основна одлика што традиционално ја изделува антропологијата од другите хуманистички дисциплини е нејзиниот акцент на меѓукултурните споредби.

Антропологија
Антрополог со домороден американски народ

Поддисциплини

  • физичка антропологија, која го изучува однесувањето на приматите, човечката еволуција и популационата генетика; ова поле исто така се нарекува биолошка антропологија;
  • културна антропологија (наречена уште и социјална антропологија и социо-културна антропологија). За оваа научна дисциплина постојат уште два термина - “етнографија“ во источноевропските земји и терминот “етнологија“ во другите европски земји. Термините “културна антропологија, социо-културна антропологија“ што денес доминираат, потекнуваат изворно од англосаксонското подрачје, но во разни европски земји се користат термини кои се во согласност со нивната традицијата во областа на терминологијата. Ова поле покрива друштвени мрежи, дифузија, социјално однесување, шема на сродство, право, политика, идеологија, религија, верувања, шеми во производство и потрошувачка, размена, пол и други изрази на култура, со силен акцент на истражување на терен т.е. живеење меѓу општествените групи што се проучуваат на подолг временски период;
  • лингвистичка антропологија кој ги изучува варијациите во јазикот преку време и простор, општествената употреба на јазикот, и врска меѓу јазикот и културата; и
  • археологија, која ги изучува материјалните остатоци од општества. Самата археологија обично се смета како одделно (но поврзано) научно поле.

Антрополошките програми се почесто го делат полето во две групи, едната со акцент на хуманистичките науки и критичката теорија, другата со акцент на природните науки и емпириските набљудувања (претставувајќи лабава форма на логички позитивизам

Поврзано

Познати антрополози во светот

Луис Хенри Морган; Бронислав Малиновски; Јозеф Обрембски; Алфред Реџиналд Ретклиф Браун; Франц Боас; Едмунд Лич; Клод Леви-Строс; Маргарет Мид; Рут Бенедикт; Клифорд Гирц; Томас Хиланд Ериксен; Жорж Баландие; Тед Луелен; Марк Абелес...

Наводи

Tags:

Антропологија ПоддисциплиниАнтропологија ПоврзаноАнтропологија Познати антрополози во светотАнтропологија НаводиАнтропологијаHomo (род)КултураСимболЧовекЧовештво

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Петре М. АндреевскиЕвропаЗагрозен видМухамедDNKПсоријазаПанкреасЛиберална партија (Македонија)ДојранПрилепЗијадин СелаСкопско КалеЗоран МилановиќМанастир ОстрогМатерицаСпортска сала Билјанини ИзвориДржавни празници во БугаријаНационален парк ГаличицаАлберт АјнштајнСписок на државни знамињаСкржавецот (Плавт)Премиер на МакедонијаСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваСоветски СојузЈустинијан IДимитар КовачевскиДропкаАлергиски дерматозиЧовечко телоБујар ОсманиДимитар ТалевКонопВодноПовикувачки броеви во МакедонијаЕвропска УнијаЦрква „Св. Софија“ — ОхридПравоаголен триаголникРак на грлоОхридска архиепископија20 април (родени)Димитар Поп-Георгиев БеровскиВојо СтојановскиСкиентолошка цркваПајак (пејач)Свети Кирил и МетодијИсламВоена болницаФлебитисИвица БрчиоскиЕдинствена МакедонијаБелото ЦиганчеВесна БендевскаБременостОхридско ЕзероЌемане (македонско)Елиф ЕлмасПрво заседание на АСНОМКирилицаМеркур (планета)Бик (хороскопски знак)Кичевски манастирНаташа АндоноваСвети Наум Охридски ЧудотворецФудбалска репрезентација на МакедонијаТигрица (птица)СителВидое ПодгорецОпштина ЧашкаМарксизамХемиски елементЛегендиБојата на пурпуротМакедонски претседателски избори (2024)Нина Атанасова-ШкрињариќБиљал КасамиСузана СпасовскаМетодија Андонов-ЧентоЕлизабета ЃоргиевскаЛеблебија🡆 More