Ања Андерсен

Ања Андерсен (родена во 1969 година) е позната поранешна данска ракометарка.

Ања Андерсен
Ања Андерсен
Лични податоци
Роден(а) 15 февруари 1969(1969-02-15)(55 г.)
Оденсе, Данска
Националност Данска Данска
Спорт Ања Андерсен Ракомет
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција бек
Клупски податоци
Сениорски клубови
1986-1987
1987-1988
1989
1989-1993
1993-1996
1996-1999
Олборг Олборг
Хернинг-Икаст Хернинг-Икаст
Виборг Виборг
Бекелагет Бекелагет
Вердер Бремен Вердер Бремен
Бекелагет Бекелагет
Репрезентација
1989–1998 Данска Данска 133 (725)

Биографија и кариера

Во својата кариера Андерсен играла за Олборг, Икаст, Виборг, Бекелагет (во два наврати) и Вердер Бремен.

Андерсен била моторот на данската женска ракометна репрезентација во 1990-тите. За данската репрезентација одиграла 133 натпревари во периодот меѓу 1989 и 1999 година, при што, постигнала 725 голови. Во моментов е трет стрелец на данската репрезентација на сите времиња. Со репрезентацијата на Данска, таа освоила повеќе медали, како што се:

  • сребрен медал на Светското ракометно првенство во Норвешка, во 1993 година,
  • златен медал на Европското ракометно првенство во Германија, во 1994 година,
  • бронзен медал на Светското ракометно првенство во Австрија и Унгарија, во 1995 година,
  • златен медал на Европското ракометно првенство во Данска, во 1996 година,
  • златен медал на Олимписките игри во Атланта, во 1996 година, и
  • златен медал на Светското ракометно првенство во Германија, во 1997 година.

Ања Андерсен се смета за најдобрата данска ракометарка, а според многумина, и најдобрата светска ракометарка на сите времиња. Во 1997 година, од страна на "Меѓународната ракометна федерација" (IHF) била прогласена за ракометарка на годината, како единствена Данкиња која има добиено такво признание.

Поради проблеми со срцето, Андерсен ја прекинала кариерата во 1999 година, но веднаш продолжила да работи како тренер на клубот "Слагелсе", кој успеала да го внесе во првата лига на Данска. Под нејзиното водство, "Слагелсе" трипати станал шампион на Данска, а во 2004, 2005 и 2007 година победил и во ракометната Лига на шампионите. Подоцна, кратко време, Андерсен била тренер на клубовите "Копенхаген" и "Валча" и селектор на репрезентацијата на Србија, со кои не постигнала никаков посериозен успех. Потоа, Андерсен работела како коментатор за телевизијата "ТВ2".

Наводи

Tags:

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ШтипЛазарова саботаМакедонија (регион)Список на држави и територии во ЕвропаИзборни единици во МакедонијаСува ГораОче нашРак на грло на маткаИсус ХристосЗнаме на МакедонијаДоксициклинПреспански договорПетар Поп АрсовМозокСмоларски ВодопадЛила СтојановскаСтефан ДушанСмесаЃурѓовденБујар ОсманиДимитар КовачевскиСпомен-куќа на Мајка ТерезаИстанбулАдаптација (биологија)ОсумаголникГевгелијаМакедонски претседателски избори (2009)ЕкосистемКочо РацинПере ТошевИнтернетГрад СкопјеЈустинијан I‘Рбетен столбОпштина Кисела ВодаАтрибут во македонскиот јазикДеца-бегалциГоран СтефановскиОхридско ЕзероИсламски календарПоплаваМакедонски месециБилјана ВанковскаМакедонска револуционерна организацијаАмерикаИзвршна властСвети НиколеМонакоХронична опструктивна белодробна болестПолскаХепатитСтомакБитолаДимитар МиладиновГеографија на МакедонијаСкриеносеменициЈосип Броз-ТитоЕлектрична енергијаЕстрогенКортизолБедија БеговскаДобромир ХрсФранческо ПетраркаОпштина КумановоМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаСветлана Ражнатовиќ-ЦецаКружење на водатаХолокаустТурска кујнаЕвропаЗападна ЕвропаПустинаВремеплов (роман)ГлаголСловенијаПертусисДекамеронСопранКирилица🡆 More