Гепард

Гепардот е претставник на големите мачки која го населува поголемиот дел од Африка и делови од Блискиот Исток.

Гепард
Гепард
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: `Рбетници
Класа: Цицачи
Ред: Месојадци
Семејство: Мачки
Род: Acinonyx
Вид: Гепард
Научен назив
Acinonyx jubatus
(Schreber, 1775)
Гепард
Распространетост на гепард

Тој е единствениот преживеан член на родот Acinonyx. Гепардот може да трча побрзо од било кое друго копнено животно – достигнува брзина од 93 до 104 км/ч во мали замави до 500 метри, и има способност да достигне брзина од 0 до преку 100 км/ч во пет секунди.

Опис

Гепард 
Череп
Гепард 
Шепи

Градите на гепардот се длабоки и неговата половина е тесна. Грубото, кратко крзно на гепардот е жолтеникаво-кафеаво со темни точки кои имаат пречник од 2 до 3 см, кои му нудат камуфлажа додека лови. Нема точки на неговиот бел стомак, но опашката има точки кои се спојуваат и на крајот од опашката има 4 до 6 темни кругови. Опашката обично завршува со бушаво бело топче. Очите на гепардот се поставени високо на неговата мала глава. Црните линии од аглите на неговите очи до неговата уста ги спречуваат сончевите зраци да навлезат во неговите очи и му помагаат во ловот и видот на големи далечини. Неговото тенко и кревко тело го прави совршен за кратки замави со голема брзина, но не и за трчање на голема далечина.

Возрасниот гепард тежи од 21 до 72 кг. Неговата целокупна должина (глава и тело) варира од 110 до 150 см, додека опашката може да биде од 60 до 84 см во должина. Гепардите се од 66 до 94 см високи кај рамената. Машките имаат тенденција да бидат малку поголеми од женските и нивните глави се поголеми, но не постои голема варијација во големината на гепардите и тешко е да се определи полот само од изгледот. Во споредба со слично градениот леопард, гепардот има помала должина на телото, но опашката му е подолга и е повисок и изгледа дека има поаеродинамична форма.

Некои гепарди имаат ретка мутација на крзното од поголеми, споени точки. Познати како “кралски гепарди”, некогаш се мислело дека се посебен подвид, но всушност се Африкански гепарди; нивното необично крзно е резултат на единствен рецесивен ген.

Гепард 
Споредбена илустрација на леопард(лево) и гепард(десно).

Шепите на гепардот имаат полувовлечливи канџи, кои му нудат поголема контрола во неговите замави со голема брзина. Структурата на лигаментите во неговите канџи е иста како и на другите мачки; единствено му недостига обвивката од кожа и крзно која е присутна во други видови и затоа канџите му се секогаш видливи.

Прилагодувања кои му помагаат на гепаргот да трча со голема брзина вклучуваат големи ноздри кои му овозможуваат зголемено примање кислород, и зголемено срце и бели дробови кои работат заедно на зголемувањето на циркулацијата на кислородот. За време на обичната потера, респираторната стапка се накачува од 60 до 150 вдишувања во минута. Додека трча, покрај тоа што има добра тракција како резилтат на неговите полу вовлечливи канџи, гепардот ја користи неговата опашка како кормило – како на пример управувач при наглите завртувања, неопходни за да го надитри својот плен кој често прави такви завртувања за да избега.

За разлика од вистинските големи мачки од потсемејството Pantherinae, гепардот ја има способноста да преди додека вдишува, но не може да рика. Спротивно на тоа, големите мачки можат да рикаат, но не можат да предат, освен кога издишуваат. Некои сè уште го сметаат гепардот за најмала од големите мачки. Додека често е помешуван со леопардот, гепардот има карактеристични белези, како гореспоменатите црни линии од аглите на очите до устата, и точки кои не се „розети”. Гепардот исто така има послабо тело од леопардот.

Документарно видео на кое се гледа движењето на гепардот.

Гепардот е чувствителна раса. Од сите големи мачки, тој има најмала способност на приспособување на нови средини. Отсекогаш било тешко да се одгледува во затворени простори, иако неодамна неколку зоолошки градини успеаја во ова. Една техника била да му се претстави куче како придружник и куче-чувар за да му се овозможи на гепардот да се чувствува помалку загрозено.

Порано ловен за неговото крзно, гепардот сега повеќе страда поради загубата на живеалиштето и пленот.

Порано, научниците сметале дека гепардот е особено примитивен помеѓу мачките и дека се развил пред приближно 18 милиони години. Меѓутоа, новите истражувања покажуваат дека последниот заеднички предок на сите 40 постоечки видови големи мачки живеел пред помалку од 11 милиони години. Истите истражувања укажуваат на тоа дека гепардот, додека е морфолошки високо изведен, не е од особено стара лоза, при што се раздвоил од своите најблиски живи роднини пред околу 5 милиони години.

Гепардот како мотив во уметноста и во популарната култура

  • „Гепардот на моето детство“ — краток расказ на македонската писателка Ленче Милошевска.

Наводи

Tags:

AcinonyxАфрикаБлискиот ИстокЖивотноМачки

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонија во Втората светска војнаРак на желудникАутизамСписок на политички партии во МакедонијаНародна Република КинаРак на усна празнинаСеверна МакедонијаСолунска ГлаваКолешински ВодопадБор (дрво)ИлијадаБојан (роман)Македонски парламентарни избори (2008)Поштенски броеви во МакедонијаЦар СамоилСпектрална бојаБелото ЦиганчеМонте КарлоБорис СарафовКорозијаРак на грлоСкендербегДискус хернијаВооружени сили на ИранДлабочелен смокБорба за МакедонијаЗемји членки на Европската УнијаЕндометриозаСписок на градови во Германија со повеќе од 100.000 жителиЖелезна куполаСтарецот и моретоГоран СтефановскиАвстралијаАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаСолунски атентатиПодѓаконАлгиЧавин де ХуантарЕстрогенАфионМакедонска радио-телевизијаРак на грло на маткаЦрешаЈонче ХристовскиТахикардијаЗвукСвета НеделаНадбубрежна жлездаТрапезПожарМијациШпанијаИмер СелманиПланински смокПолов односДимитар АпасиевСписок на држави и територии во ЕвропаЖабаФранцијаАрхангел МихаилСкратеници во македонскиот јазикМанастир ОстрогДве точкиИзборна единица 3Петре АрсовскиЗанаетчиство во Старата скопска чаршијаКрапЦрн ДримБиблијаРанковцеВодоча (езеро)Општина СопиштеЛеблебијаРисто Вртев🡆 More