Јужна Осетија

Јужна Осетија, официјално: Република Јужна Осетија (осетски: Республикӕ Хуссар Ирыстон; руски: Республика Южная Осетия) или Држава Аланија (осетски: Паддзахад Алани; руски: Государство Алания) - реион во Грузија и самопрогласена република.

Нејзината независност е призната само од Русија, Венецуела, Никарагва, Науру и Сирија.

Република Јужна Осетија

Држава Аланија

Республикӕ Хуссар Иристон (осетски)

Паддзахад Алани (осетски)

Республика Южная Осетия (руски)

Государство Алания (руски)

Јужна Осетија Јужна Осетија
Знаме Амблем
ХимнаДржавна химна на Република Јужна Осетија

Јужна Осетија (црвена) во рамките на Грузија (жолта)
Јужна Осетија (црвена) во рамките на Грузија (жолта)
Јужна Осетија (црвена) во рамките на Грузија (жолта)
Главен градЦхинвали
Најголем град Главниот град
Службен јазик осетски, руски ¹
Уредување унитарна полупретседателска република
 •  Премиер Константин Џусоев ²
 •  Претседател Алан Гаглоев ²
 •  Шеф Тамаз Бестаев 3
Независност
 •  Како Советска Демократска Република Јужна Осетија 1990 год. 
 •  Како Република Јужна Осетија 1991 год. 
Површина
 •  Вкупна 3,900 км2 
Население
 •  проценка за 2022 г. 56.520 
Валута руска рубља (RUB)
Се вози на десно
Повик. бр. +995 34
1. Според уставот на Грузија, осетски и грузиски
2. Управа донесена од страна на самопрогласената Република Јужна Осетија
3. Управа на признатите грузиски органи

Име

Грузија на секаков начин се противи да ја признае автономијата на овој регион и да го вметне во официјалните документи називот "Јужна Осетија". Грузиските власти го користат називот "Самачабло" (по фамилијата на кнез Мачабели, кој го управувал тој регион во Средновековието), воведено во употреба од Звијад Гамсахурдија. Во последно време грузиските власти Јужна Осетија ја нарекуваат "Цхинвалски регион" (по името на главниот град Цхинвали). Во административната употреба на поштата цела Јужна Осетија формално влегува во составот на грузиската област Внатрешна Картли.

Историја

На 10 ноември 1989 г. Советот на народните пратеници на Јужно-Осетиската автономна област на Грузиската ССР донесува решение за прогласување на автономна република.

Врховниот Совет на Грузиската ССР признава, дека тоа решение е противуставно, поради што грузиските националисти го обиколуваат Цхинвали и со блокади, кои траат четири месеци. Вооружени престрелки нема.

На 20 септември 1990 г. парламентот на Јужна Осетија прогласува Република Јужна Осетија.

На 10 декември 1990 г. Врховниот Совет на Грузиската ССР спрема решение за прекинување на осетиската автономија.

На 11 декември 1990 г. во Цхинвали во меѓуетничи судири загинуваат 3 цивили. Грузија воведува вонредна состојаба во Цхинвали и Џавскиот регион на Јужна Осетија.

Ноќта помеѓу 5 јануари и 6 јануари 1991 г. во Цхинвали се нанесени тешки порази на милицијата и националната гарда на Грузија.

Низ целата 1991 г. продолжуваат периодични вооружени судири. Започнува бегалска криза во која бегалците се упатуваат кон Северна Осетија-Аланија на руска територија. Во Цхинвали започнуваат да се борат доброволци од Северна Осетија и козаци.

Грузиските сили ги контролираат стратегиските височини околу Цхинвали и воведуваат обрач околу градот, нанесени се многу разорувања и жртви. Тоа и така и не помага на Грузијците да воспостават контрола над административниот центар на Јужна Осетија. Осетијците, кои имаат остар недостиг на оружје и муниција, дејствуваат во мали диверзионистички групи.

За време на распадот на СССР Грузија ја користи својата расположлива воена опрема и вооружување од Закавказскиот воен округ, со која им задава воен пораз на осетските бунтовници.

Воените дејства се прекинати со потпишаните Дагомиски согласности помеѓу Русија и Грузија. на 14 јули 1992 г во зоната на конфликтот се воспоставени миротворски сили кои се состоени од три баталјони (руски, грузиски и осетски).

Дагомиските согласности предвидуваат прекратување на огнот и создавање на орган за регулирање на конфликтот — ‘‘‘Смесена контролна комисия (СКК)’’’, во која влегуваат грузиската и јужноосетиската страна, Русија и Северна Осетија.

Обшто за периодот декември 1990 до јули 1992 како резултат на конфликтот во Јужна Осетија се убиени од 2 до 4 илјади души.

На 12 ноември 2006 се воведува референдум за независност од Грузија паралелно со избори за претседател. На референдумот за независност гласаат 99% од 55-илјадниот електорат, а за претседателот Едуард Кокоити 95%. Референдумот станува широко популарен во Јужна Осетија, но меѓународните набљудувачи се безнадежни. На 13 ноември, Тери Дејвис, генералниот секретар на Советот на Европа го карактеризира референдумот, како „излишен, бесполезен и неправилен“, затоа што „на етничките Грузијци не им било дадено правото да гласаат“.

Административна поделба

Јужна Осетија се дели на 4 реони:

  • Цхинвалиски реон, центар Цхинвал;
  • Ѕауски реон, центар Ѕау;
  • Знаурски реон, центар Знаур;
  • Ленингорски реон. центар Ленингор.

Население, јазик и религија

Религија

Верници во Јужна Осетија
Православни
  
100 %



Галерија

Надворешни врски

Tags:

Јужна Осетија ИмеЈужна Осетија ИсторијаЈужна Осетија Административна поделбаЈужна Осетија Население, јазик и религијаЈужна Осетија ГалеријаЈужна Осетија Надворешни врскиЈужна ОсетијаВенецуелаГрузијаНауруНикарагваОсетски јазикРепубликаРусијаРуски јазикСирија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на главни градови во светотПанко Брашнаров23 априлПсоријазаОпштина КичевоЕјакулацијаСписок на градови во МакедонијаВатиканОсновни SI-единициСписок на планини во МакедонијаГлигор ПоповскиПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаДемир ХисарВојдан ЧернодринскиВоен конфликт во Македонија, 2001Масакр кај КарпалакТрансформаторПетар ПанЕвропска УнијаФазли ВелиуСашо МијалковАзијаПавел ШатевАлесандро Дел ПјероИзборни единици во МакедонијаЦветнициТешкотоЛиберално-демократска партијаКонопиштеАрбен ТаравариОпштина АеродромЕвропаДубаиПрва влада на Зоран ЗаевАбиотички факториБиблијаБојан ЈовановскиКисел дождАвстријаФК МиланРенесансаДоктор ОфболиКрушевоИндијаИстанбулРепублика КосовоКам маркетБања БанскоРак на белите дробовиГрад СкопјеМаричка биткаРециклирањеМинистер за здравство на МакедонијаАнета МицевскаСолистКонстантин МиладиновДеменцијаГеографија на МакедонијаАсирски календарУкраинаМарокоКорално МореЃорѓи АбаџиевВМРО-ДПМНЕХерпесДен на востанието на МакедонијаЈапонијаОхридКомунизамСписок на архаични зборови во македонскиот јазикАлжирМакедонски парламентарни избори (2011)Административна поделба на МакедонијаКлиматските промени и сиромаштијатаДневникот на Ана ФранкБајрамПролетЛегендиРак (болест)🡆 More