Клод Моне

Клод Моне (француски: Claude Monet), исто така познат како Оскар-Клод Моне или Клод Оскар Моне (14 ноември 1840 - 5 декември 1926) бил познат француски импресионистички сликар.

Поимот „импресионизам“ доаѓа од насловот на неговата слика „Импресија, изгрејсонце“ (1872), односно Клод Моне е еден од основачите на овој правец во уметноста.

Клод Моне
Фотопортрет на Моне. Надар, 1899
Клод Моне
Импресија, изгрејсонце“ (1872)

Моне на почетокот сликал фигурални слики (пејзажи со 2-3 фигури), а потоа и вистински пејзажи. Некои мотиви ги пресликувал повеќепати, како на пример фасадите на Руенската катедрала.

Импресија, изгрејсонце (француски: Impression, soleil levant) е слика од уметникот Клод Моне, по која е наречено и самото движење „импресионизам“.

Сликата е потпишана со година 1872, но веројатно е насликана во 1873. На неа е прикажано пристаништето во Хавр, Франција, по пат на мошне лабави потези кои го наведуваат наместо да го отцртуваат делото. Моне подоцна го објаснил насловот: „Ми беше побарано да ставам наслов за во каталогот; Не можев баш да го наречам ова погед на Хавр. Затоа реков: 'Стави Импресија.'“

Се изложувала до 1874 за време на првата независна изложба на импресионистите (кои тогаш не се нарекувале така). Критичарот Луј Лерој, под впечаток на името на сликата, напишал статија во весникот Ле Шаривари со наслов „Изложбата на импресионистите“, и така ненамерно му дал име на ова уметничко движење. Лерој таму напишал: Импресија — Сигурен бев. Баш си велев дека, штом бев импресиониран, делото мора да содржи некаква импресија … и каква слобода, каква леснотија на изработка! Тапет во ембрионска фаза е попотполн отколку овој морски пејзаж.

Сликата била украдена од музејот Мармотен-Моне во 1985 и повратена назад во 1990. Од 1991, па наваму таа е пак изложена. Дигитално одзаситена верзија на сликата—Сонцето и неговиот одблесок во водата тука се практично невидливи

Моне го насликал Сонцето со речиси идентична доза на блесок како и небото, околност која укажува на висока влажност како и атмосферско бледнеење на светлината. Овој детал се заснова на употребата на комплементарни бои и разна температура на боја, а не на промената на интензитетот на боите или контраст на вредности, за истакнување и разликување на Сонцето од неговото опкружување.

Поврзано

Наводи

Tags:

14 ноември184019265 декемвриИмпресионизамИмпресија, изгрејсонцеФранцијаФранцуски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Велија РамковскиКоцкаАрхангел МихаилВитамин Б6Список на најдолги рекиОпштина КумановоЖолчкаДишен системПанонски легендиБроеви во македонскиот јазикГлавна страницаЗмијаДемократска партија на Турците на МакедонијаИнтернетГрад СкопјеМакедонски претседателски избори (2019)БРИКСМакедонски парламентарни избори, 2008НепалТелефонЈаглерод моноксидМарс (планета)Македонски претседателски избори (1999)Светлана МојсовОпштина ДојранХристо ТатарчевДанте АлигиериДоситеј ОбрадовиќМакедонски народни носииМакедонски претседателски избори (2014)ГаличникКонопМалтаПроцентВиножитоВеличествениот султан (ТВ-серија)Македонски парламентарни избори (1990)ПечалбариЗагадување на водатаСкопски аквадуктСирма ВојводаУстав на МакедонијаРибиСрпска странка во МакедонијаСузана СпасовскаЈоаким КрчовскиКочо РацинОхридска пастрмкаГордана ДувњакДен на независноста на МакедонијаЛав Николаевич ТолстојСвети МетодијЛеонардо да ВинчиРак на панкреасотСтругаБалканска приказна (ТВ-серија)Билјана ВанковскаГраѓанска опција за МакедонијаЈордан КамчевЦар СамоилЃорѓија СајкоскиИзраелНикола ТеслаАлбанијаСтарословенска азбукаБеровоВагинален исцедокЦветнициФранческо ПетраркаВелигденМавровоХемоглобинРак (болест)Васил ИљоскиФранцијаКалендар1937АлкохолЉупчо Георгиевски🡆 More