Андора

Андора или Кнежевство Андора (каталонски: Principat d'Andorra, француски: Andorre, шпански: Principado de Andorra) е парламентарно кнежевство во југозападна Европа.

Малата држава која што се наоѓа на источниот дел од Пиринеите, се граничи на север и на исток со Франција, а на запад и на југ со Шпанија. Со вкупна површина од само 468 км2, Андора е една од најмалите држави во светот. Главен град е Андора ла Веља.

Кнежевство Андора
Principat d'Andorra  (каталонски)
Андора Андора
Знаме Грб
Гесло
  • Virtus Unita Fortior  (латински)
  • „Обединетата доблест е посилна“
Химна

Местоположбата на  Андора  (центарот на зелениот круг) на Европскиот континент  (темносива)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Андора  (центарот на зелениот круг)

на Европскиот континент  (темносива)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Андора  (центарот на зелениот круг)

на Европскиот континент  (темносива)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Андора ла Веља
42°30′N 1°31′E / 42.500° СГШ; 1.517° ИГД / 42.500; 1.517
Службен јазик каталонскиа
Народности ({{{1}}}) 36,6% Андорци
33,0% Шпанци
16,3% Окситанци
6,3% Французи
7,8% останати
Демоним Андорци
Уредување унитарна парламентарна уставја дијархија
 •  Кнезови Жоан Енрик Вивес и Сисилија
Емануел Макрон
 •  Управници Жозеп Марија Маури
Силви Убак
 •  Премиер Антони Марти
Законодавство Генерален совет
Независност
 •  паријажа од Арагон
1278 
Површина
 •  Вкупна 467,63 км2 (191-ва)
 •  Вода (%) 0,26 (121,4 ха)б
Население
 •  проценка за 2011 г. 85.082 (199-та)
 •  Попис 2011 78.115 
 •  Густина 179,8 жит/км2 (71-ва)
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $4,510 милијарди (155-та)
 •  По жител $53,383 (9-та)
Џиниев коеф. (2003)27.21в
низок
ИЧР (2013) 0.830
многу висок · 37ма
Валута евро (€)г (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .ade
Повик. бр. +376
а. Устав на Андора, Член 2.1. Широкозастапени се и шпанскиот, францускиот и окситанскиот
б. Girard P & Gomez P (2009), Пиринејски езера: Андора (француски) „Андора во бројки 2007: Географска поставеност, Одделение за статистика“ (PDF). Посетено на 16 август 2012.
в. „Извештај за состојбата на сиромаштијата и нееднаквоста во Кнежевството Андора (2003)“ (PDF). Estadistica.ad. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-08-10. Посетено на 25 ноември 2012.
г. Пред 1999 г, француски франк и шпанска пезета; По 1982 г. се издадени и мали износи на андорски динери.
д. Also .cat, shared with Catalan-speaking territories.

Потекло на поимот

Историја

Андора 
Црква во Андора од XI век

Андора, како држава постои уште од доцниот 8 век. Наводно Карло Велики бил оној кој за првпат им загарантирал голем број на привилегии на андоранците, како возврат за помошта во војната против Маврите. Сепак, Андора долго време била предмет на конфликти помеѓу шпанскиот бискуп од Ургел и францускиот гроф од Кастелбон односно неговиот наследник од Фуа. Преку т.н. Пареаж договор (Paréage) во 1278, двете страни се согласиле за заедничка власт врз Андора. Дозволата за власт од грофот од Фуа, подоцна преминала на кралот Хајнрих IV и оттука на сите следни француски кралеви (во новото време на француските претседатели).

20 век

Во 1993 година, Франција и Шпанија ја признаваат Андора како независна држава, но сепак бискупот од Ургел и францускиот претседател остануваат како официјални претседатели на земјата. Со независноста, Андора станува членка на Европскиот совет и ООН. На парламентарните избори во 1997 година, Унијата на либералите (Unió Liberal) на премиерот Марк Форне Молне го освојува апсолутното мнозинство. Истото им успева и на изборите на 4 март 2001 година, овој пат под името Либерална партија на Андора (Partit Liberal d’Andorra). Денес, либералите имаат 15 од вкупно 28 пратенички места во парламентот на Андора.

Географија и клима

Андора 
Карта на Андора

Андора на север е комплетно заградена од Пиринеите. Во северозападниот дел се наоѓа врвот Кома Педроза (2.946 м), највисоката точка во замјата. Освен тој, има уште неколку врвови кои надминуваат 2900 метри надморска височина. Долината на реката Валира ја отвора кон југ природната врска кон Шпанија. Сепак, најголемиот дел на Андора се наоѓа во долината на реката Ебро, која продолжува во североисточна Шпанија. Годишните врнежи на метар квадратен изнесуваат околу 2.000 m. на повисоките места и околу 700 мм. во долините. Летата се обично кратки, но во долините е доста топло.

Население, јазик и религија

Верници во Андора
Римокатолици
  
100 %

Андора има 70.549 жители (јуни 2005), а густината на населението изнесува 151 жител на км2. Околу 92 проценти од населението живее во град. Андора ла Веља со околу 25.000 жители е најголемиот град во земјата. Домородното население е по културата и јазикот од каталонско потекло. Тие денес изнесуваат 29% од вкупното население на Андора. Остатокот главно го сочинуваат француски и шпански доселеници, кои добиваат дозвола за престој според еден строг систем (ограничување на број на доселеници на годишно ниво). Службен јазик е каталонскиот, кој се зборува од страна на 30% од вкупното население. Мнозинството зборува шпански, а околу 7%, француски. Поради фактот што речиси сите жители во Андора се католици, доста внимателно се негува верата во културниот и социјалниот живот. Како пример за тоа се разводите, кои во Андора се забранети со закон.

Политика

Како претседатели на Андора се водат Бискупот од Ургел во Шпанија и Претседателот на Франција како ковојвода. Ова останало како дел од државното уредување и по признавањето на Андора од страна на Франција и Шпанија како независна држава во 1993 година. Главен законодавен орган е парламентот, кој го сочинуваат 28 пратеници со четиригодишен мандат и кои го избираат премиерот на Андора. Преку референдумот на 14 март 1993 година, жителите на Андора се решија за нов устав, кој ја дефинира земјата како независна и демократска република. Војводата на Андора, согласно со уставот има ингеренции да го регулира изборот на судии во земјата како и надворешната политика. Од 1993 година, Андора е член на Организацијата на Обединетите Нации.

Ковојводата, се води како еден од претседателите на државата, но всушност поседува само право на вето кон евентуални измени во законот за граници на Андора. Франција и Шпанија сѐ уште се задолжени за одбраната на Андора. Во декември 1993 година се одржани првите парламентарни избори во независна Андора.

Административна поделба

Андора 
Карта на жупите во Андора

Андора е поделена на 7 жупи (или парохии). Тие се:

Бр.* Жупа Површина
км2
Население
1990 2000 2007
1 Андора  Каниљу 121 1.290 2.706 5.422
2 Андора  Анкам 74 7.119 10.595 14.029
3 Андора  Урдину 89 1.289 2.283 3.685
4 Андора  Ла Масана 65 3.868 6.276 9.357
5 Андора Андора ла Веља* 12 19.022 21.189 24.574
6 Андора  Сан Жулија да Лорија 60 6.012 7.623 9.595
7 Андора  Аскалдес-Ангурдањ 47 12.235 15.299 16.475
  Андора  Андора 468 50.835 65.971 83.137

* Главен град на Андора

Стопанство

Главен адут на економијата во Андора е туризмот, кој по педесеттите години е во постојан раст. Според процените, денес Андора ја посетуваат околу 12 милиони туристи годишно. Туристичките „магнети“ се: зимскиот спорт, алпската клима и неоданочените производи. Андора има фабрики за преработување на тутун и дрво, а има и доста развиено сточарство (пред се: овци, говеда и коњи). И покрај тоа што располага со наоѓалишта на железо, челик и мермер, економијата на Андора е во голема мера зависна од увозот. Најголемиот дел од прехранбените производи исто така се увезуваат, бидејќи само 4 проценти од земјата е обработлива.

Поради ниските даночни стапки и законот за тајност во банкарството, Андора е седиште на многубројни домашни и странски банки. Од 1 јануари 2002 година, еврото ги замени францускиот франк и шпанската пезета како национална валута во Андора. Во 1997 година 78% од вработените имале дејност во јавните услуги, 21% во индустријата и 1% во земјоделството. Андора нема ниту железница ниту пак аеродром, но затоа поседува доста развиена патна мрежа.

Култура

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Андора Потекло на поимотАндора ИсторијаАндора Географија и климаАндора Население, јазик и религијаАндора ПолитикаАндора Административна поделбаАндора СтопанствоАндора КултураАндора НаводиАндора ПоврзаноАндора Надворешни врскиАндораАндора ла ВељаЕвропаКаталонски јазикПиринеиФранцијаФранцуски јазикШпанијаШпански јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Горјан ПетревскиЦрна ГораОрел (род)Партија за движење на Турците во МакедонијаХарфаПсихологија на личностаЏијан ЕминЕмпатијаСписок на реки во МакедонијаПрагаМакедонски претседателски избори, 2004Македонски парламентарни избори, 2016Преспански договорМозочен ударОбласти во КазахстанРециклирањеАмфетаминиНародна Република КинаХепатитПовикувачки броеви во МакедонијаОпштина ТетовоЈордан МитевИракВелигденПрво заседание на АСНОММечкин лукСтрумицаПанкреасПартија за демократски просперитет на РомитеБитолаДемократијаОсличКонопРужица Милошеска БрчиоскаМагнетна резонанцијаМакедонијаДемократска унија за интеграцијаБогомилаТалат ЏафериСедум смртни гревовиДостоинство (политичка партија)ФуросемидАна БекутаСвети ТрифунГоран СтефановскиСтобиОхридска архиепископијаДропкаСрбијаШтитна жлездаМакедонски претседателски избори (1999)СителМакедонски парламентарни избори (2002)ТапанМикеланџело БуонаротиСписок на македонски народни и староградски песниЉупчо ГеоргиевскиНадбубрежна жлездаЦирозаСДСМФашизамЈелена РозгаСузана СпасовскаБалкански рисКилаОтоманско ЦарствоДоксициклинФранцијаХрватски месециАреаПајак (пејач)КрвМали сипанициКомунизамПравославие🡆 More