Индекс На Човековиот Развој

Индексот на човековиот развој (ИЧР) е показател кој се пресметува преку нормализирани вредности на очекуваниот животен век, писменоста, образованието и БДП по глава на жител за населението во една земја.

Тоа е стандарден начин за пресметување на човековиот развој во една земја, концепт кој според Програмата за развој на Обединетите нации треба да ги прошири опциите на луѓето и да им даде поголеми можности за образование, здравствена заштита, приходи, вработување, итн. Основен начин на употреба на ИЧР е да ги рангира земјите според тоа дали се развиени, во развој или неразвиени.

Индекс На Човековиот Развој
Светска карта за индексот (заснован на податоци од 2019 г., објавен во 2020 г.).
  0.800–1.000 (многу висок)
  0.700–0.799 (висок)
  0.550–0.699 (среден)
  0.350–0.549 (низок)
  нема податоци

ИЧР бил развиен во 1990 од пакистанскиот економист Махбуб ул Хак и Ричард Џоли од универзитетот Јејл од САД, со помош на Густав Ранис и Мегнад Десаи. Од 1990 се употребува од Обединетите Нации во нивниот годишен извештај за човеков развој.

ИЧР комбинира три фактори:

  • Очекуван животен век при раѓањето, како показател на здравјето и долговечноста на популацијата,
  • Знаење и образование, мерено преку писменоста на возрасните (како 2/3 од тежината) и вкупното запишување во примарно, секундарно и терцијарно образование (како 1/3 од тежината),
  • Животниот стандард, изразен преку природен логаритам од бруто-домашниот производ (БДП) по глава на жител во УСД.

Вредноста на ИЧР може да се движи од 0 до 1. Вредности под 0,5 се смета дека претставуваат низок степен на развој на земјата. Сите земји со ИЧР под 0,5 се во Африка. ИЧР од 0,8 и повеќе се сметаат за развиени. Ова ги вклучува сите развиени земји од Северна Америка, Западна Европа, Источна Азија, како и некои земји во развој од Источна Европа. Седум земји, меѓу кои и Македонија, од 2007. година преминале во оваа група.

Со Извештајот за човековиот развој од 2010 година е воведен Индекс на човековиот развој прилагоден за нееднаквоста (ИЧРН). Иако основниот ИЧР останува корисен, беше посочено дека „ИЧРН е фактичкото ниво на човеков развој (земајќи ја предвид нееднаквоста), додека ИЧР може да се смета за индекс на 'потенцијалниот' човеков развој (или на максималниот ИЧРН) што би можел да се постигне ако нема нееднаквост.“

Список на земјите според ИЧР

Во продолжение се дадени првите 30 земји во светот како што се рангираат според ИЧР во извештајот на ОН за 2007/2008:

  1. Индекс На Човековиот Развој  Исланд 0,968 ()
  2. Индекс На Човековиот Развој  Норвешка 0,968 ()
  3. Индекс На Човековиот Развој  Австралија 0,962 ()
  4. Индекс На Човековиот Развој  Канада 0,961 ( 2)
  5. Индекс На Човековиот Развој  Ирска 0,959 ( 1)
  6. Индекс На Човековиот Развој  Шведска 0,956 ( 1)
  7. Индекс На Човековиот Развој  Швајцарија 0,955 ( 2)
  8. Индекс На Човековиот Развој  Јапонија 0,953 ( 1)
  9. Индекс На Човековиот Развој  Холандија 0,953 ( 1)
  10. Индекс На Човековиот Развој  Франција 0,952 ( 6)

  1. Индекс На Човековиот Развој  Финска 0,952 ()
  2. Индекс На Човековиот Развој  САД 0,951 ( 4)
  3. Индекс На Човековиот Развој  Шпанија 0,949 ( 6)
  4. Индекс На Човековиот Развој  Данска 0,949 ( 1)
  5. Индекс На Човековиот Развој  Австрија 0,948 ( 1)
  6. Индекс На Човековиот Развој  Белгија 0,946 ( 4)
  7. Индекс На Човековиот Развој  Обединето Кралство 0,946 ( 1)
  8. Индекс На Човековиот Развој  Луксембург 0,944 ( 6)
  9. Индекс На Човековиот Развој  Нов Зеланд 0,943 ( 1)
  10. Индекс На Човековиот Развој  Италија 0,941 ( 3)

  1. Индекс На Човековиот Развој  Хонгконг 0,937 ( 1)
  2. Индекс На Човековиот Развој  Германија 0,935 ( 1)
  3. Индекс На Човековиот Развој  Израел 0,932 ()
  4. Индекс На Човековиот Развој  Грција 0,926 ()
  5. Индекс На Човековиот Развој  Сингапур 0,922 ()
  6. Индекс На Човековиот Развој  Јужна Кореја 0,921 ()
  7. Индекс На Човековиот Развој  Словенија 0,917 ()
  8. Индекс На Човековиот Развој  Кипар 0,903 ( 1)
  9. Индекс На Човековиот Развој  Португалија 0,897 ( 1)
  10. Индекс На Човековиот Развој  Брунеј 0,894 ( 4)

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Индекс На Човековиот Развој Список на земјите според ИЧРИндекс На Човековиот Развој ПоврзаноИндекс На Човековиот Развој НаводиИндекс На Човековиот Развој Надворешни врскиИндекс На Човековиот РазвојБДПУНДП

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МастурбацијаВодоземциГеографија на МакедонијаАртритисАнглиски јазикПочваПреспански договорСтефан ДушанАнална фисураКоцкаПелистерПроливБудимпештаГолеми и мали (роман)Зборник на МиладиновциМовПустина (роман)Срцев ударКамен мост (Скопје)Римска култураМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Ден на востанието на МакедонијаСвети Наум (манастир)Македонија (регион)Мајка ТерезаВолфганг Амадеус МоцартРеферендум во Македонија (1991)ДрамаОрелКолераПоскокРепродуктивен системОсумаголникФигура (стилистика)Партија за целосна еманципација на РомитеОфицерски дом (Скопје)ХиндуизамРак на панкреасотСписок на македонски народни поговоркиСребреницаПирамида (геометрија)Список на змии во МакедонијаИндијаВодолија (хороскопски знак)ГостиварОпштина КумановоЧовекЌемане (македонско)Бојан (роман)ГлаголЦицачиДржавни празници во МакедонијаМасакр во СребреницаКрстоносни војниОбласти во КазахстанСписок на македонски народни и староградски песниСува ГораИзвршна властОпштина ДолнениНасилствоСлавко ЈаневскиТартифТеодосиј ГологановОпштина Кисела ВодаЦрвени крвни зрнцаКамено времеПанонски легендиБилјана ВанковскаНационален парк ГаличицаПревезаГорјан ПетревскиМесопотамијаГригор ПрличевВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Општина КавадарциПсоријаза🡆 More