Телефон

Телефон (од грчки: „теле“ (τηλέ) што значи „оддалечен“ и „фон“ (φωνος) што значи „звук“) е уред за комуникација на далеку, којшто се користи така што прима и пренесува звук (главно, човечки говор) од едно место на друго и обратно.

Телефон
Обичен фиксен телефонски апарат

Вовед

Постојат три основни начини за поврзување на корисник на телефонската мрежа: традиционален (фиксен телефон), кој е поврзан со кабли на една одредена физичка локација; безжичен и радио телефон, коишто користат или аналогни или дигитални сигнали; сателитски телефон, кој користи телекомуникациски сателити; и VoIP врски (од англиското „Voice over IP“ што значи Говор преку Интернет протокол) што се користи при Интернет врска. Врската помеѓу крајните корисници, може да се врши преку оптичко влакно, микробранови, сателитска врска или со комбинација на овие. До скоро, кога би се рекло телефон, главно се мислело на фиксен телефон. Безжичните и мобилните телефони се сега распространети ширум светот, при што се очекува мобилниот телефон на крајот потполно да ги замени „традиционалните“, фиксни телефони. За разлика од мобилните телефони, безжичните се сметаат за „фиксни“ телефони, зашто обично имаат домет од 150 до 300 метри и се поврзуваат на базна станица којашто е поврзана со кабeл на мрежата на фиксната телефонија.

Делови на телефонот

Телефон 
Телефон од 1896 од Шведска

Деловите на телефонот се:

Историја

Останува неразрешено кој го измислил првиот телефон, зашто Антонио Меучо, Јохан Филип Рајс, Александар Бел и други - сите се кандидати за оваа титула. Важно е да се запамети дека не постои „единствен пронаоѓач на телефонот“. Состојбата на телефонијата каква што е денес е резултат на работа на многу раце, од кои секоја помош била доста вредна.

Телефон 
Безжичен телефон

Безжични телефони

Безжичните телефони прв ги измислил Тери Пол, во 1965 година. Тие се составени од базна станица којашто преку кабел е споена со мрежата на фиксната телефонија, и слушалка којашто со радиобранови е споена со оваа базна станица. Тоа на корисниците им дозволува да ја носат слушалката без базна станица, во досегот на базната станица. На базните станици им е потребен напон за да комуницираат со преносната слушалка, така што безжичниот телефон во принцип не функционира доколку нема струја. Безжичните телефони во почетокот ја користеле честотата од 1,7 MHz за комуникација помеѓу базата и слушалката. За да се подобри квалитетот и за да се надминат проблемите со ограниченоста на досегот, ова подоцна се променило така што се користи FM на повисоки честоти (49 MHz, 900 MHz, 1,8 GHz, 2,4 GHz, и 5,8 GHz). Телефоните кои работат на честота од 2,4 GHz често се мешаат со одредени безжични мрежни протоколи (802,11 b/g) затоа што ја користат истата честота. Денес, досегот на безжичните телефони обично е 150-500 метри.

Телефонот како тема во уметноста и во популарната култура

Телефонот како мотив во книжевноста

  • „Телефонски басни“ - поетска збирка на словенечкиот писател Густав Крклец.
  • „Најдобриот другар на Лука“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.
  • „Јаков и телефонот“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.
  • „Љубов преку жица“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.
  • „Сакав само да телефонирам“ — расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес
  • „Телефонски разговор“ — расказ на македонската писателка Цветанка Трпкова.
  • „Смртта на бројот 180“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.
  • „Телефон“ — песна на полскиот поет Збигњев Херберт.
  • „Слушалка“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.

Телефонот како мотив во популарната музика

  • „Телефонски повик од Истанбул“ (англиски: Telephone Call From Istanbul) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1987 година.
  • „Лоша врска“ (англиски: Bad Connection) — песна на англиската електро-поп група Јазу (Yazoo) од 1982 година.
  • „Телефон“ (англиски: Telephone) - песна на американскиот рок-музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1980 година.
  • „Меѓуградски телефонски повик“ (англиски: Long Distance Call) — песна на американскиот блуз-музичар Мади Вотерс (Muddy Waters).
  • „Телефонски повик“ (англиски: The Telephone call) - песна на германската електро-поп група Крафтверк (Kratfwerk) од 1986 година.
  • „Црвениот телефон“ (англиски: The Red Telephone) — песна на американската рок-група Лав (Love) од 1967 година.
  • „Висејќи на телефон“ (англиски: Hanging on the telephone) - песна на американскиот музичар Џек Ли (Jack Lee).
  • „Телефон“ - песна на македонската група ПМГ Колектив од 2012 година.
  • „Телефонски повик“ (англиски: The phone call) - песна на британската рок-група Притендерс (Pretenders) од 1979 година.
  • „Њујоршки телефонски разговор“ (англиски: New York Telephone Conversation) — песна на американскиот рок-музичар Лу Рид (Lou Reed) од 1972 година.
  • „Телефонска секретарка“ (англиски: Answering Machine) - песна на американската рок-група Риплејсментс (Replacements) од 1984 година.
  • „Телефон“ - песна на југословенската рок-група Фит.
  • „634-5789“ — песна на американскиот соул-музичар Еди Флојд (Eddie Floyd).
  • „Телефонско нешто“ (англиски: Telephone Thing) — песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1990 година.
  • „Телефон“ (англиски: Telephone) — песна на американската рок-група Флипер (Flipper) од 1993 година.
  • „Девојка на телефон“ (англиски: Girl On The Phone) — песна на англиската рок-група Џем (The Jam) од 1980 година.

Телефонот како мотив во филмот

Наводи

Tags:

Телефон ВоведТелефон Делови на телефонотТелефон ИсторијаТелефон Безжични телефониТелефон от како тема во уметноста и во популарната култураТелефон НаводиТелефонГрчкиЗвукКомуникација

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ИзраелАрмија на МакедонијаМузеј на Град СкопјеМасакр во СребреницаМоравска мисијаTrackBackДиво месо (драма)Хајди (роман)Сложена реченица2BonaМинистерство за животна средина и просторно планирањеБитолаРисто НиковскиСписок на држави во светотАјкулаЈугославијаОстеопорозаГраѓанска опција за МакедонијаЖолчкаСимболи на МакедонијаАна ФранкВлекачиДропкаЗемја (планета)Трето полувреме (филм)ПодметБилирубинЗНАМЦар СамоилМакедонски народни приказни (ТВ-серија)ТуризамМексикоОптичка мамкаДимитар МиладиновЃурѓовденТуберкулозаМакедонска народна музикаЗбогум, Румелија (ТВ-серија)СРЦ Билјанини ИзвориМакедонска граматикаНаум МиладиновАтанас БадевЛегенда за ПреспаБиполарно растројствоЕлектрична струјаГлаголЖаркариБукурешки договор (1913)Заменки во македонскиот јазикПравопис и правоговор на македонскиот јазикИзвршна властСиријаШеќерна болестТестостеронБудимпештаКрпен животПоскокНикола ТеслаВодаМитЗаштита на потрошувачитеСДСМНикола КаревШтипПеколот (Божествена комедија)АбортусБубрежен каменЦрвени крвни зрнцаРимаЦветнициОбновливи извори на енергијаСкопски земјотрес (1963)Струјно колоНасилствоПирамида (геометрија)ПаралелограмВелесСолунски атентати🡆 More